Османи – Зорчич: Реафирмирани одличните билатерални односи на релација Скопје -Љубљана

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во рамките на официјалната посета на Словенија, оствари средба и со претседателот на словенечкиот Парламент, Игор Зорчич.

На средбата биле реафирмирани одличните билатерални односи меѓу двете земји кои се резултат на долгорочното и традиционално пријателство.

Како што соопшти МНР, на средбата беа разменети мислења и за можностите и потенцијалите за дополнително развивање на меѓусебните односи, посебно во насока на интензивирање на економската соработка, заедничките активности во рамките на партнерството во НАТО, како и за континуираната поддршка од Словенија во процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ.

– Имавме искрен и отворен разговор. Ме радува најавата дека проширувањето на ЕУ со земјите од нашиот регион ќе биде високо на агендата на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година, што впрочем беше случај и за време на првото словенечко претседавање, како земја членка на ЕУ, во 2009-та година. Од близок сосед на Западниот Балкан и докажан пријател, тоа и го очекуваме, истакна Османи, пренесувајќи ја притоа благодарноста до Зорчич за големата и безрезервна поддршка што Словенија и ја пружа на земјава во процесот за нашето пристапување во ЕУ.

На средбата се разговараше, се додава во соопштението, и за сојузништвото во НАТО, при што беа разменети мислења за актуелните домашни, регионални и меѓународни теми, како и за ангажманите и заложбите за иднината на нашиот регион. Во тој контекст, беа поздравени впечатливите активности на Македонија на планот на унапредувањето на добрососедските односи.

Османи е во официјална посета на Словенија на покана на министерот за надворешни работи, Анже Логар. Покрај средбите на високо ниво, за време на престојот во Љубљана, министерот Османи даде и неколку интервјуа за словенечките медиуми, меѓу кои и Националната телевизија на Словенија – „ТВ Сло", како и за високотиражниот дневен лист „Дело", се додава во соопштението на МНР.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Се зголемува „Европскиот фронт“ на ДУИ

Се зголемнува Европскиот фронт на Ахмети.  Денес интергративците портпишаа договор за заеднички настап на изборите и со Движење на Турците за правда и демократија. 

Уште една турска партија се приклучи на Европскиот фронт на Ахмети. Отако потпишаа договор за предизборно коалицирање со Демократска партија на Турците, денеска интегративците ја официјализираа и соработаката со Движењето на турците за правда и деморкатија, чиј лидер Сулејман Баки ќе ја предводи пратеничката листа на ДУИ во ИЕ3. Од ДУИ се надеват дека со неговото номинирање за првпат ќе добијат пратеник во оваа изборна едница.

Откако вчера кон фронтот на Ахмети се приклучи и крилото на Села од Алијанса за албанците, кој порача дека очекува најмалку пет пратенички места на листите, Ахемти денеска потврди и дека токму Села ќе биде носител на листата во ИЕ5, а соработката ќе ја официјализират утревечер во Гостивар.

Вчера кон Европскиот фронт се приклучи и Унијата на Ромите на Курто Дудуш, а досега кон европскиот фронт на Ахмети се приклучија и ДПА на Мендух Тачи, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи Зејд.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

притисни ентер