Османи во Стокхолм ќе учествува на министерскиот совет на ОБСЕ

По завршувањето на денешниот Совет на Северноатлантската Aлијанса, министерот за надворешни работи Бујар Османи директно отпатува за Стокхолм, Шведска, каде од утре ќе учествува на состанокот на министерскиот совет на ОБСЕ .

За време на престојот во Стокхолм, како што информираат од МНР, Османи ќе има обраќање на пленарната сесија на советот, како и ќе учествува на настани/состаноци поврзани со главните теми на организацијата. На маргините на состанокот ќе оствари и бројни средби со свои хомолози од земјите учеснички на ОБСЕ, но и со претставници на Секретаријатот на организацијата.

-Северна Македонија веќе од идната година влегува во ОБСЕ Триото (OSCE Troika) заедно со Шведска, годинешниот и Полска, претседавачот во 2022 година. Следната година Македонија веќе ќе претседава и со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, како добра можност да се остави белег во пошироки меѓународни рамки, преку залагањето и промоцијата на соработката како двигател на меѓународните односи, наведуваат од МНР.

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓокович купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.

Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

притисни ентер