Османи во посета на најстарата Мисија на ОБСЕ, Мисијата во Скопје

​Претседавачот со ОБСЕ, Министерот Бујар Османи денес ја оствари својата прва теренска мисија во својство на Претседавач со посета на мисијата на ОБСЕ во Скопје каде се сретна со шефот на мисијата, амбасадорот Килиан Вал.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, претставува најстарата теренска мисија на оваа организација која беше воспоставена пред 30 години, а посетата Османи ја искористи да направи увид во активностите кои мисијата ги спроведува за поддршка на Македонија, а се значајни како за граѓаните, така и за институциите.

„Проектите кои мисијата на ОБСЕ ги имплементира се од голема корист за државата и претставуваат директна придобивка за граѓаните на земјата. Програмите на ОБСЕ се во согласност со приоритетните цели на Владата и претставуваат израз на партнерство, што е од голема вредност за сите страни“, истакна Османи.

За време на посетата Османи имаше можност да го посети полицискиот центар во Ѓорче Петров, каде во присуство и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, имаше можност за средба со жени припаднички на полициските единици кои се корисници на обука во рамките на програми на Мисијата на ОБСЕ, како и да присуствува на показна вежба на припадници на Специјалната антитерористичка единица -Тигар и Единицата К9 при МВР.

„Зголемувањето на вклученоста на жените во сите области на општественото живеење, а посебно во доменот на безбедноста, е една од главните заложби и приоритети во претседавањето со ОБСЕ во 2023. За поздравување е што низ вакви и други проекти Мисијата на ОБСЕ дава поддршка и вложува напори да помогне во процесите на подобрување и на професионалноста во јавната администрација“, потенцираше Османи.

Османи исто така ги поздрави и напорите кои ги прави Мисијата на ОБСЕ во однос на контролата на малото и лесно оружје и на безбедноста на границите.

„Објектот и условите кои ги нуди, како и направената показна вежба се потврда за подобрувањето на оперативните капацитети на специјалната полициска единица на МВР. Проектот видливо ќе помогне да се подобрат мерките за контрола на малото и лесно оружје во Македонија, а со тоа и безбедноста на граѓаните на земјата“, рече Османи.

Османи својата посета ја комплетираше и со посета на теренската канцеларија на ОБСЕ во Тетово, каде имаше можност да разговара со младите од земјава кои се дел од успешни програми во повеќе-јазичното образование.

„Би ја потенцирал континуираната работа на Мисијата за поддршка на младите во Македонија, која има за цел интеракција меѓу етничките заедници и со тоа постигнување на уште поголема социјална кохезија“, истакна Османи.

Тој исто така се сретна и со ученици кои се дел од проектот на Мисијата на ОБСЕ за борба против говорот на омраза, која се одвива во тесна соработка со локалната полиција, со фокус на прашањето за борба против оваа појава од аспект на етничката припадност и родовата еднаквост.

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Османи истакна дека работата на ОБСЕ во Македонија опфаќа бројни активности од широк спектар на области како: владеење на правото, градење цврсти демократска институции, независно судство, почитување на човековите права, слобода на медиумите, обезбедување помош и поддршка за реформите во изборниот систем, подобрување на социо-економските фактори и инклузивните политички процеси со целосно учество на граѓанското општество.

„Во тој контекст, би сакал да го поздравам пристапот и работата на шефот на Мисијата, амбасадорот Килиан Вал и на целиот негов тим во изработка на проекти и програми кои се дизајнирани за реформските зафати на Владата на Македонија и во насока на зголемување на отпорноста на општеството во соочување со новите предизвиците“, истакна Османи.

Претседавачот на ОБСЕ Oсмани најави и интензивирање на интеракцијата со теренските мисии, како и воспоставување синергија меѓу приоритетите на претседавањето и оние на теренските мисии за да се поддржат и охрабрат луѓето на кои им треба помош.

Тој посочи дека ќе реализира посети и во други земји каде ОБСЕ има свои мисии и теренско присуство, нагласувајќи дека овие теренски мисии директно влијаат на подобрување на квалитетот на живеење на луѓето, кои се во фокусот на претседателството на Македонија со ОБСЕ.

Го фатила сопругот со швалерка па направила хаос, такво дивеење не е видено (ВИДЕО)

Жителите на Нижни Новгород во Русија биле сведоци на луда сцена која љубоморна жена ја приредила на паркингот пред нивната зграда.

Како што вчера информираа од полицијата, пијана 38-годишна жена со „шевролет“ на 31 јануари намерно налетала на 39-годишен маж, по што неколку пати со клоци ја удрила жртвата. Покрај тоа, удрила уште еден маж и со својот автомобил оштетила седум паркирани автомобили.

На снимката објавена на Телеграм се гледа како вознемирена жена удира во паркирана Тојота, го скинува предниот браник, ги крши ретровизорите, а потоа се качува на покривот и скока на автомобилот. Заминала викајќи нешто, а потоа влегла во својот автомобил и почнала да удира во Тојотата и другите автомобили.

На едно видео се гледаат другите учесници во конфликтот: поголем маж удира помал маж и две жени кои се обидуваат да ги разделат, а бесната 38-годишна жена исто така е прикажана како вози во рикверц, прегазувајќи ги нозете на еден од мажите, соборувајќи го другиот и тој паѓа на земја, губејќи свест.

Во обид уште еднаш да го прегази, била сопрена од девојка во лесна облека. Жртвата била одвлечена поблиску до автомобил паркиран во близина, а пијаниот возач продолжил да ја уништува Тојотата. После тоа, таа излегла од автомобилот и неколку пати го удрила мажот кој се уште лежел на тротоарот.

Според првичните податоци од Истражната комисија, на 39-годишната жртва ѝ бил скршен скочниот зглоб, додека другиот не е повреден. Против жената возач е поведена кривична постапка за убиство во обид како и за возење во пијана состојба.

Причината за нејзината агресија била наводно љубомора. Имено, се тврди дека претепаниот маж е нејзиниот сопруг кого го пронашла во автомобилот со љубовницата.

Мадона танцува на песната „Wednesday dance“, фановите шокирани: Знаеш ли што правиш? (ВИДЕО)

Кралицата на поп музиката, Мадона на својот профил на TikTok објави видео на кое се обидува да танцува, во свој стил, се разбира, популарниот танц од серијата Нетфликс, но нејзините обожаватели и следбеници не се многу ентузијасти.

Како прво, на многумина не им беше јасно зошто Мадона танцува на песната на Лејди Гага, Bloody Mary, кога е општо познато дека тие двете долги години не се во добри односи. Некои од нејзините следбеници едноставно беа разочарани од нејзиниот настап. Ќе истакнеме дел од нивните коментари.

@madonna ♬ original sound - heyy

„Кој би помислил дека Мадона ќе заигра на песната на Гага“, „Знае ли чија е песната“, „Ајде да го избришеме тоа“, „Кралица на cringe“, „Игра на крек“, „Ова е најблиску до соработка помеѓу Мадона и Гага“, „О Боже, Мадона танцува на Гага“, „Таа танцува на песната на Гага, сега можам да умрам во мир“, „Не верувам што гледам“, се само некои од коментарите од социјалните мрежи.

Да потсетиме дека Гага на почетокот на кариерата ја споредуваа со Мадона, а таа тоа го сфати многу лошо и нејзиниот коментар ја навреди Мадона. „Само затоа што јас сум првата жена уметник во последните 25 години што успеала да ги достигне првите 40 на радио, не значи дека сум нејзина копија, тоа значи дека сум е**но паметна личност“, ги коментираше Гага споредбите меѓу себе и Мадона пред десет години.

Мадона не ѝ остана должна и јавно кажа дека Гага ја копира во многу сегменти, особено во музиката и имиџот. Како што е познато, тие двете никогаш не се помириле.

Десет мигранти се удавија во близина на островот Лампедуза, меѓу нив три жени и бебе

Десет мигранти, меѓу кои едно бебе и три жени, ги загубија животите обидувајќи се да преминат од Тунис во Италија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража која успеала да спаси 42 лица.

Преживеаните тврдат дека четиримесечното бебе ѝ се лизнало од прегратките на мајката која била уморна и паднало во морето пред почетокот на спасувачката акција. Еден маж скокнал во морето за да го извлече детето, но се удавил. Двете тела се уште не се пронајдени.

Брод со мигранти испловил од Тунис минатиот викенд, но набрзо се појавија тешкотии. Се верува дека жртвите починале од хипотермија. Во текот на ноќта италијанските власти спроведоа уште три брода со 156 мигранти до Лампедуза.

Италија повторно се соочува со прилив на мигранти од Северна Африка. Годинава преку Средоземното Море во Италија пристигнале околу 5.000 мигранти, наспроти 3.035 лани и 1.039 мигранти во 2021 година, покажуваат податоците на МВР.

Според ОН, 1.400 мигранти ги загубиле животите минатата година обидувајќи се да го преминат Средоземното Море.

притисни ентер