Османи во Елисејската палата на средба со советниците на Макрон, Думон и Адам

Министерот Бујар Османи,реализираше одвоени средби во Елисејската палата со советниците во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, Изабел Думон, надлежна за континентална Европа и Турција, и со советникот за Европа, Александар Адам.

На заедничката средба Османи ја потенцираше важноста од имплементација на одлуката на советот на ЕУ од март минатата година,како важен услов за задржување на европскиот кредибилитетот во регионот, особено кредибилитетот на процесот на проширување. Во оваа насока беше разгледана и стратегијата за Западен Балкан на францускиот претседател, Емануел Макрон, за која беше констатирано дека претставува интерес на двете земји.

„Ние ги разбираме грижите на ЕУ и ја сфативме потребата за трансформирање на Унијата. Силно го подржуваме проектот за Иднината на Европа и даваме силна поддршка за новата Методологија за преговарање. Изразивме подготвеност заедно со државите членки на ЕУ, особено Франција, но и со европските институции да работиме на развивање на концепт кој ќе донесе нов квалитет на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Македонија е подготвена за построг, но пофер надзор и ние на тоа гледаме како предност за нашата трансформација", истакна Османи.

На маргините на работната посета на Париз, Османи оствари средба и со Марта Де-Сидрак,претседател на групата за соработка меѓу Франција и земјите од Западен Балкан на францускиот Сенат, а имаше одделен состанок и со заменик генералниот директор наФранцуската Агенција за развој, Филип Бодуен.

Работната посета на Париз, на шефот на дипломатијата, Османи е дел од неговата дипломатска турнеја низ земјите членки на Европската унија. Реафирмираната поддршка од страна на Франција како и трите потпишани Договори претставуваат позитивниот исход од оваа посета, со што напредокот на билатералните односи меѓу Македонија и Франција добива дополнителен интензитет, соопшти МНР.

Видео: Корејци ја пеат „Молитва“ од Марија Шерифовиќ

На интернет се појави снимка на која музичка група од Кореја ја пее песната „Молитва“ на натпревар за пеење.

На нивните способности не остана рамнодушна ни самата Марија Шерифовиќ, која со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Пејачката го изрази своето воодушевување од нивната изведба на својот Инстаграм профил.

Таа во објавата напомена дека ова е најдоброто изведување на нејзината песна, и напиша прекрасна порака упатена до талентираните Корејци.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Фото: Елена Китиќ ги запали социјалните мрежи

Таа објави фотографија во костим за капење, која го покажува нејзиното совршено тело и облини.

Ќерката на пеачкиот пар Миле Китиќ и Марта Салиќ, Елена Китиќ е активна на социјалните мрежи, а фановите неретко ги изненадува со смели фотографии.

Имено, Елена, судејќи по објавите, отпатувала во потоплите краишта. Елена најпрво објави фотографија во костим за капење од една од плажите во Доминиканската република, за потоа да објави снимка на која се гледаат убавините на оваа луксузна дестинација.

Фотографијата во костим на капење на која го покажува своето совршено тело и облини, наиде на многу позитивни реакции од фановите.

„Згодна“, „Убавице“, „Жена бомба“, се само дел од коментарите.

Сирискиот претседател и неговата сопруга имаат корона

Претседателот н Сирија Бапар Ал Асад и неговата сопруга Асма се заразени со коронавирусот, но се добро и нивната состојба е стабилна, објави денес претседателството, додека во земјата расте бројот на заразени.

Ал Асад и сопругата Асма направиле ПЦР тест откако почувствувале благи симптоми на корона.

Тие ќе бидат во изолација две до три недели.

„Во текот на изолацијата која ќе трае измеѓу две и три недели тие ќе продолжат со работата од дома“, додава претседателството во соопштението.

На почетокот на март министерството за здравство извести за зголемување на бројот на инфекции и повика на строго почитување на дистанцата и оцени дека таа земја не е поштедена од другите варијанти на вирусот.

Власта на крајот на февруари најави почеток на кампања за вакцинирање на медицинскиот персонал. Сирија доби 5000 дози од кинеските вакцини за 2500 медицинари, според дневниот весник „Al-Watan“, близок до власта. Сирија исто така одобри употреба на руската вакцина.

притисни ентер