Османи-Шмид

Македонија како претседавач со ОБСЕ во 2023 демонстрира сериозна проактивност на меѓународната сцена.

Министерот за надворешна работа, Бујар Османи беше домаќин на Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, која е во прва работна посета на Македонија во овој капацитет.

На средбата се разговараше за следните чекори во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година, подготовките кои се во тек; активностите на работната група во МНР како и воспоставувањето на структурата која ќе го понесе големиот товар од претседавањето во Виена; како и за консултативниот процес околу приоритетите и агендата на Претседавањето.

"Како земја ние демонстрираме проактивност, капацитет и волја за преземање на сопственост и одговорност врз глобалните текови во време кога тие се исполнети со несигурност и непредвидливост. Впрочем, тоа и се очекува од нас, како земја која гради сопствен успешен модел на функционална мултиетничка демократија; земја – членка и на НАТО алијансата, и сериозен претендент за членство во Европската Унија", истакна Османи.

Османи ја информираше Шмид, дека се вложуваат максимални напори процесот на претседавање да биде отворен, инклузивен и целисходен; дека Македонија има капацитет да одговори на оваа задача како и дека во рамките на претседавањето со ОБСЕ ќе бидеме ориентирани кон креирање решенија кои ќе овозможат напредок и позитивни придвижувања на процесите во Организацијата.

Соговорниците се согласија дека претседавањето со Организацијата сериозно ќе придонесе кон зајакнато позиционирање на земјава во меѓународни рамки како конструктивен актер и сериозен контрибутор во зачувувањето на мултилатерализмот, како најважната цивилизациска придобивка на човештвото кое обезбедува долгорочен мир, стабилноста и соработката.

Веќе од идната година Македонија влегува во ОБСЕ Триото заедно со овогодишниот Претседавач Шведска, како и, претседавачот во 2022 година, Полска. Веќе наредната година ќе претседаваме и со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, како генерална проба за нашите обврски како Претседавач со организацијата во 2023 година.

ОБСЕ преставува најголемата регионална организација на северната хемисфера, која опфаќа 57 земји-учеснички од Ванкувер до Владивосток, протегајќи се на три континенти Европа, Азија и Америка.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер