Османи: Сеуште има време за суштински разговори со Бугарија

Сеуште има време за суштински разговори со Бугарија, е на мислење шефот на македонската дипломатија Османи. Тој денеска најави засилена дипломатска активност наредната недела во функција на одржување на меѓувладината конференција до крајот на јуни.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи не губи надеж дека Македонија може да ги почне преговорите со ЕУ во јуни и покрај ставот на новата бугарска влада дека нема да го тргне ветото за пристапните преговори на земјава. За негојунскиот самит е неповторлива шанса за евроинтегративниот пат на Македонија и кредибилитетот на ЕУ.

На денешната заедничка прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, Османи најави засилена дипломатска активност од следната недела за да се дојде до решение со Бугарија. Идентитетските прашања ниту биле дел од договорот за добрососедство од со Бугарија, ниту се сега, тврди Османи.

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто, со силно уверување дека Унгарија останува безусловен и посветен поддржувач за членството на Македонија во ЕУ. Прашан за ставот на еврокомесарот за проширување Вархеи, кој доаѓа од истиот политички блок на Орбан, за одвојување на Македонија и Албанија, Сијарто вели унгарската Влада има јасно дефиниран став, Македонија веднаш да ги почне преговорите со Унијата.

„Сите членки држави на ЕУ ќе го имаат предвид интересот на ЕУ, а тој интерес е државите од Западен Балкан да станат што побрзо членки на ЕУ. Ако тоа зависи од нас, тогаш вие ќе станете многу брзо членка на ЕУ. И господинот Вархеи и владата на Унгарија сме посветени поддржувачи на вашата европска интеграција, порача Сијарто.

Сијарто денеска на министрите за внатрешни и надворешни работи, Оливер Спасовски и Бујар Османи им предаде донација од 6.000 дози вакцини на Астра Зенека кои ќе бидат наменети за Граничната полиција и МВР.

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал

Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра со Рафаел Надал пред да се повлече од тенисот.

-Имам голема почит кон легенда како Рафа и се надевам дека ќе играм со него барем еднаш пред да му заврши кариерата. Тој е добра личност и легенда на нашиот спорт. Тој е мојот главен ривал. Во Австралија реков дека се надевам дека ќе го видам барем на уште еден или два турнири. Сè уште верувам во тоа, сподели Новак за еден од неговите најголеми ривали во кариерата.

Шпанскиот репрезентативец веќе неколку пати сигнализираше дека наскоро може да стави крај на својата натпреварувачка тениска кариера. /МИА

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

притисни ентер