По официјалното вето од минатата недела и во пресрет на состанокот на министри на ЕУ закажан за 8 декмеври, Османи вели дека е во комуникација и со неговата колешка Захариева..
-Се додека се идеи и предлози за кои нема согласност остануваат само идеи и не можеме отворено да зборуваме за нив. Главно зборуваме во однос на загриженоста за територијални претензии, во однос на малцинствата, работата на Историската комисија, за економските односи, инфраструктурните односи и говорот на омраза,изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи.
Соседна Бугарија не ни го спори македонскиот идентитет и јазикот, а историчарите се близу до решение и за идентитетот на Гоце Делчев, тврди Османи. Вели дека официјално нема медијатори за двете држави да најдат заеднички јазик , но најангажирана е германското претседателство.
- Правото на самоопределување е и право на граѓаните да кажат кој јазик го зборуваат. Тоа право Бугарија не го спори. Треба да се поздрави што не спори никакви идентитетски прашања, исто така прашањето за Гоце Делчев е отворено во комисиите и разликите се веќе во нијанси,изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи.
Два дена откако беше отркиено дека има размена на документи на релација Скопје-Софија, нема реакции од бугарската влада. Денеска единствено во јавноста се појваи европратеникот Андреј Ковачев, кој во интервју за бугарската БТВ вели дека главниот проблем за нив останува толкувањето на историјата.
-Тие помислија дека Бугарија во поглед на прашањата за европската интеграција нема да прави никакви проблеми за Македонија и затоа што ние имаме едно длабоко внатрешно чувство на љубов кон нашите сонародници со кои сме биле еден народ во минатото и остануваме со тоа чувство. Да не заборавиме дека 150 илјади од нив веќе од 90 години добија бугарско државјанство, декларирајќи бугарска самосвест.
Шефот на македонската дипломатија Османи вели дека решение за пробелмите мора да се најде наскоро и Македонија до крајот на годинава да ги почне преговорите за члнество во ЕУ. Во спротивно смета дека не очекуваат, како што рече, катастрофални последици.