Османи: Овие избори не се исти со кои било претходно, кампањата се совпаѓа со Самитот во Загреб

Ограноците на ДУИ до вечерва до партијата треба да достават предлози за кандидати за пратеници, кои по анализите и внатрепартискиот избор ќе подлежат на проверка, изјави на прес-конференција Бујар Османи, шеф на Изборниот штаб на партијата.

Османи денеска исто така упати порака до учесниците на предвремените парламентарни избори на 12 април дека од особено значење за нас ќе биде каква ќе биде кампањата имајќи предвид дека на 26 март е Самитот на ЕУ во Загреб.

-После новата усвоена методологија и прогрес извештајот кој што го очекуваме околу 2 и 4 март, еден од најважните фактори кои ќе ни ја определат судбината, ако можам да кажам во март е како ќе се одвива изборниот процес, рече Османи.

Исполнувањето на сите предуслови за фер и демократски избори ќе биде многу важно, рече Османи повторувајќи дека новиот Совет на ЕУ ќе се случи на 26 март, а тоа е четврти ден од кампањата.

– Што значи дека тоа што ќе се случи на овие избори во предизборната кампања и во почетокот на изборната кампања ќе биде последното што ќе го имаат во нивната меморија министрите и премиерите кога ќе ја носат одлуката. Овие избори не се исти со кои било други избори бидејќи се случуваат во моментот кога се носат одлуките. Микроскопот е зголемен на многу пати што се случува во земјата, а дури и минималните инциденти ќе имаат влијание на чуството што ќе го имаат министрите и премиерите кога ќе ја носат одлуката, рече Османи.

Негативната кампања не е незаконска, додава тој, но не им помага на партиите што ја водат. – ДУИ никогаш нема спроведено негативна кампања, нема да има ни во овој изборен циклус туку напротив ќе промовираме тоа што сме направиле и тоа што планираме да направиме, рече Османи.

Шефот на изборниот штаб на ДУИ информираше дека ограноците на партијата до денеска треба да предложат имиња за кандидати за пратеници, а одлуката кој ќе биде носител на листа во изборна единица со носи во централата на партијата. Предложените кандидати партијата ќе ги подложи на различни анализи, на испитување на јавното мислење и слично по што ќе одлучи кои ќе бидат носителите на листите во шесте изборни единици.

-Вчера Чаир за двете зони даде околу десет имиња, Куманово даде три имиња, Липково даде три имиња…Повеќето од ограноците денеска ги имаат свикано нивните тела, за да предложат имиња, изјави Османи.

Прерано е да се каже колкумина од старите пратеници ќе се најдат на листите.

Османи на прес-конференција информираше дека ДУИ ја заокружила првата фаза од партиската реформа во соработка со НДИ и ИРИ. Направена е целосна пререгистрација на членството и оти по првпат е користен механизам на ветинг така што десетици апликации за членство во партијата биле одбиени. Запазена е одлуката за 40 отсто жени и млади во партиските тела, а тоа се очекува да се примени на кандидатските листи за пратеници. Меѓу другото, Османи потенцираше и дека во 90 отсто од ограноците на ДУИ имаат нови раководства. Следува втората фаза која ќе опфаќа ветинг на кандидатите за пратеници, министри и сите други функционери што ќе ги предлага партијата во новата Влада на Република Северна Македонија.

– ДУИ реализира длабопки реформи во партијата и ја реализира својата програмска определба во целост. Како што ветивме така и сторивме. Тоа ни дава за право од денеска повторно да ја бараме довербата за заеднички да се посветиме на политиките за подбрување на квалитет на живот за побрз развој и создавање на нови работни места, поддршка со која преку ветинг ќе се создаде квалитетно судство и заедно ќе ставиме крај на неселективната правда. Здружени да работиме за нашата иднина, за нашите млади како наш прв и основен приоритет и да ги усогласиме нашите стандарди со ЕУ, изјави Османи.

Шефот на изборниот штаб на ДУИ појасни дека ветинг односно селекција на членството било направено при повторната регистрација бидејќи се констатирало дека луѓето не ги споделуваат вредностите на партијата како: морални, професионални, политички, идеолошки вредности. /MИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер