Османи оствари средба со Варвициотис

Средба на министерот Османи со алтернативниот министер за надворешни работи задолжен за европски прашања на Грција, Милтиjадес Варвициотис.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања Милтијадес Варвициотис, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

За време на пленарните состаноци на двете делегации, беше нагласено дека оваа средба се случува во значаен момент, веднаш по Самитот на ЕУ во Брдо Крањ и донесената Брдо Декларација, со која беше повторена поддршката за европска перспектива на земјите од Западен Балкан.

„Имајќи предвид дека Грција е стратешки партнер на Македонија и дава голема поддршка во процесот на интеграција во Европската унија, очекувањата се сосема оправдани дека нашиот близок сосед и пријател ќе продолжи со јасна и директна помош во лобирање во претстојниот период, до формалниот почеток на преговори за членство", истакна по состанокот министерот Османи.

Покрај фокусираноста на реформите и сеопфатната консолидација на своите европски капацитети, Македонија останува посветена на верното и целосно спроведување на потпишаните договори, согласно политиката на градење на хармонични односи и соработка со нашите соседи, беше нагласено на средбата.

Министерот Османи истакна дека наспроти препознатливите остварувања за кои добиваме потврда за направени позитивни чекори, постојат и доста прашања кои треба да се решат и во таа насока е и нашата изразена дипломатска активност, проследена со многу чести посети и средби на високо ниво на официјалните претставници, како и помеѓу работните тела. Следува период на ангажман и на зачестени средби на комитетите и комисиите, чија активност во изминатиот период беше поспора.

Се разговараше за унапредување на економските односи и трговските релации, особено што по склучување на договорот за заедничка изградба на Интерконекторот со Грција, се отворија широки перспективи што ќе овозможат гасна експанзија и развој во регионот со поврзување на Централна и на Југоисточна Европа.

Министрите разменија мислења и ставови за актуелните меѓународни случувања, идните инвестициски проекти, како и ангажманите за унапредување на регионалната инфраструктура, отворање на нови гранични премини и склучување на нови договори.

Алтернативниот министер Варвициотис изрази уверување дека нашата земја ќе ја добие сета неопходна поддршка, за да конечно отпочнат пристапните преговорите за членство во Европската унија.

Путин: Ловците Ф-16 ќе бидат легитимна цел за Русија, како и аеродромите од кои полетуваат

Доколку американските ловци Ф-16 учествуваат во конфликтот во Украина, полетувајќи од аеродромите во трети земји, тие аеродроми ќе станат легитимна цел на руската армија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

За време на посетата на Тверската област, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе тоа предвид“.

Тој порача дека ловците Ф-16 доколку бидат вклучени во конфликтот, руската војска ќе ги уништи тие авиони „исто како што ги уништува нивните тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе ракетни системи“.

Путин оцени дека ловците Ф-16, доколку западните земји ги испорачаат на Украина, нема да можат да ја променат ситуацијата на бојното поле.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

Франција ќе тужи ученичка поради лажно обвинение дека била удрена од директорот поради хиџаб

 Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи ученичка поради лажното обвинение дека директорот на училиштето ја удрил за време на расправија откако таа одбила да го тргне хиџабот.

Според францускиот закон, не е дозволено носење хиџаб и никаб во јавните установи, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги тргнале шамиите.

Третата не ја тргнала шамијата и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие службеници, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди на исламистите да влезат во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле, директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило до Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

притисни ентер