Османи на средба со претставници на Фондот за иновации,стартап, иноватори и научници

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со претставници  на Фондот за иновации и технолошки развој, стартап заедницата и иноватори, МАСИТ и научните институции кои работат на полето на иновацијата и технолошкиот развој.

. Состанокот е продолжение на активните граѓански консултации на министерот Османи со заинтересираната и експертската јавност во рамки на првите два столба на Проектот РЕФЛЕКСИЈА 2030 што треба да резултира со изработка на Стратегија за надворешна политика. На состанокот беа разменети мислења во насока на градење на поробусна и подинамична стартап/иновациска заедница и промоција на нејзиниот потенцијал во пошироки меѓународни рамки.

"Денес ја имаме честа МНР за првпат да биде домаќин на претставници на стартап заедницата и фелата која работи на иновации, истражувања и технолошки развој. Би сакале денешниот настан да послужи како појдовна точка за подлабинска анализа како да го искористиме националниот иновациски потенцијал како продолжена рака во креирањето на позитивна надворешна перцепција за Македонија; и дополнителен адут на нашата економска дипломатија", подвлече министерот Османи, истакнувајќи дека денешната тематска дискусија треба да биде извор на инспирација за натамошна диверзификација и иновирање на традиционалните дипломатски теми.

"Со Проектот "Рефлексија 2030" целиме кон стратешка артикулација на разните приоритетни области и притоа инкорпорирање на разни прогресивни процеси и потфати кои ќе ни помогнат будно да го следиме (и бидеме во чекор) со духот на времето, да се потпреме на добрите традиции и пракса, но секако, со поглед свртен кон иднината. Во оваа смисла, размислувањата на иновациската заедница имаат критично значење. " – нагласи Османи.

Учесниците во дискусијата, од друга страна, ја поздравија иницијативата за вклучување на светогледот на стартап/иновациската заедница во Стратегијата за надворешна политика и изразија подготвеност за споделување на нивната експертиза со цел дефинирање на стратешките цели на државата во оваа област и нивна адаптација на модерните светски текови.

Притоа, беа разменети мислења за улогата на МНР во зајакнување на постојната и обезбедување на нова меѓународна сцена за продуктите на иновацијата, анализа на странските пазари и поддршка на стартапите во реализација на нивната агенда, партнерско вмрежување на иновативните компании, поттикнување на позитивна клима меѓу заедниците во дијаспората за инвестирање во македонските стартапи и позиционирање и промоција на Македонија како регионален "стартап хаб."

Американската морнарица активираше бомба во океан, експлозијата предизвика земјотрес

Американската морнарица активираше бомба во океан, во рамки на воените вежби влиску крајбрежјето на Флорида.

Тие објавија снимка на која се покажува моментот во кој беше активирана бомбата од 18 илјади килограми.

Експлозијата, според информациите, била толку силна што предизвикала земјотрес. Бродот на американската морнарица се наоѓал блиску до местото на експлозијата, а намерата била да се провери колку се издржливи бродовите, кога би се соочиле со вакви напади.

Комисијата за финансирање и буџет го поддржа Законот за субвенциониран студентски оброк

Амандманот за Член 10, поднесен од самите предлагачи на Законот беше прифатен од претставниците.

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет беше отворен претрес на амандманите за менување на членовите од Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, поднесени од пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски.

Амандманот за Член 10, поднесен од самите предлагачи на Законот беше прифатен од претставниците.

– На Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк предлагам комисиски амандман по Член 10 се додава нов член 10а што гласи: „Одредбите од членовите 7, 8, 9 од овој закон со кој се менуваат членовите 10, 11, и 12 ќе се применува до завршувањето на академската 2021/2022 година. По завршување на академската годината ќе се применуваат одредбите од членовите 10, 11, и 12 на законот за субвенционирање студентски оброк објавен во службен весник. Одредбата од член 10 со која се додава нов член 12а ќе се применува до завршување на 2021/2022 година што значи дека секој редовен студент ќе може да ги искористи средства од околу 2.600 ден за студентски оброк, изјави пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Зајкова, пак, потсети дека Законот за субвенциониран студентски оброк во минатиот состав беше едногласно донесен и стапи во сила на 10 февруари 2020 година, што како што вели таа е поразително дека сè уште не е системски имплементирано ова законско решение, а притоа да се подготват сите подзаконски акти на Законот.

– Наместо денеска да зборуваме во колкав процент ќе биде неговата реализација ние денеска зборуваме за негово изменување што во корен ја менува идејата и концепцијата на Законот, додава таа.

Пратеничката Зајкова истакна дека доколку пратениците сакаат да им дадат финансиска помош на студентите може да донесат друг закон, како што е законот за финансиска поддршка.

Комисијата за финансирање и буџет го стави Законот на натамошна постапка во Собранието.

Премиерите Заев и Руте на трибините во Амстердам ќе ги бодрат своите репрезентации

Премиерот  Зоран заев патува за Амстердам на покана на премиерот на Холандија Марк Руте.

Премиерите на Македонија и Холандија , Заев и Руте попладнево ќе бидат на трибините на арената Јохан Кројф во Амстердам и ќе ги бодрат своите фудбалски репрезентации во нивниот дуел на ЕУРО 2020.

притисни ентер