Османи на средба со грчкиот колега Никос Дендиас, прва како МНР

Османи на почетокот на мандатот најави интензивирање на комуникацијата со соседите, издигнувајќи го прашањето за добрососедските односи како врвен приоритет на надворешната политика.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе ја има својата прва официјална средба како предводник на надворешната политика на земјава, со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, на која како што е најавено ќе бидат отворени бројни теми во рамките на билатералната соработка меѓу двете земји, како и актуелностите околу политичката динамика во регионот.

Османи, како што најавуваат од неговиот кабинет, на средбата ќе ја отвори темата и за претстојните заклучоци во рамките на телата на Европската Унија, за усвојување на преговарачката рамка за Република Македонија и одржување на првата меѓувладина конференција за време на Германското претседателство, како формален старт на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Посебен фокусна средбата на двајцата министри ќе биде ангажманот и активностите на двете министерства кои претстојат во функција на интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог и вкупната соработка во различни области, согласно Акциониот план за соработка и имплементацијата на преземените обврски од Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји од Преспа.

На средбата, исто така, се очекува да бидат отворени и сите останати теми од областа на билатералната соработка: реактивирање на размената во културата, поттикнување на комуникацијата и активностите за унапредување на економската соработка, прашањата за забрзување на проектите за гасната и железничката интерконекција, како и сите останати прашања од областа не севкупната општествена и политичка размена.

Меѓу другото, се очекува и посебен осврт да се даде и на работата на експертските комисии за унапредување на добрососедските односи, како и на разгледувањето на можноста за нивна поинтензивна комуникација и непречена работа во услови на пандемијата КОВИД-19.

Османи на почетокот на мандатот најави интензивирање на комуникацијата со соседите, издигнувајќи го прашањето за добрососедските односи како врвен приоритет на надворешната политика, за што се очекува темите од оваа област да бидат во фокусот на неговата агенда во претстојниот период.

Голем пораст на бројот на заразени во Чешка, се воведуваат строги правила

Чешката влада денеска одлучи дека ќе биде задолжително носењето маски на отворено во некои ситуации, бидејќи бројот на заразени лица во таа земја драматично расте.

Новите правила ќе се применуваат од среда во повеќе населени места, рече министерот за здравство Роман Примула по состанокот на владата.

Исклучоци се можни ако може да се одржи растојание од повеќе од 2 метри.

Покривањето на устата и носот е веќе задолжително во затворен простор, а неодамна носењето маска е задолжително и во автомобилите, ако во него има лице кое не живее со возачот.

Бројот на заразени лица во Чешка нагло се зголемува во последните неколку недели.

Во последните 14 дена во Чешка биле заразени 858,6 лица на 100.000 жители, покажуваат најновите податоци на Европскиот центар за контрола и превенција на болести, што е највисоко меѓу земјите на ЕУ.

Чешката армија денеска започна да гради привремена полска болница во Прага.

Од почетокот на епидемијата, повеќе од 1.500 луѓе во Чешка починале како резултат на инфекција со коронавирус. Чешка има нешто помалку од 10,7 милиони жители.

Заразени се 178 000 луѓе.

Белоруските пензионери одржаа протест и контрапротест против Лукашенко (ВИДЕО)

Во главниот град на Белорусија, Минск, денеска се одржаа два собири на пензионерите - едниот против претседателот Александар Лукашенко, а другиот за поддршка на шефот на државата.

Околу 3.000 пензионери се собраа во Минск, трет понеделник по ред, барајќи оставка од претседателот на Белорусија.

Демонстрантите маршираа низ улиците на главниот град носејќи цвеќе и извикувајќи „Оди си!“ кон Лукашенко, пренесува АП.

Во главниот град се одржа и контра-протест на пензионерите, кои го поддржуваат Лукашенко. Приближно 2.000 луѓе, многу од нив мажи во воена и полициска униформа, дојдоа на Плоштадот на независноста со национални знамиња и транспаренти на кои пишувало „За мир, просперитет и традиционални вредности“.

Локалните медиуми објавија дека некои учесници на контра-митингот биле донесени со автобуси на собирот.

Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори на 9 август, кога започнаа масовни антивладини протести низ целата земја, иницирани од официјалните резултати од гласањето според кои Лукашенко освоил повеќе од 80 проценти од гласовите. Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите биле лажирани.

Бела Хадид во Њујорк-што носи под мантилот?(ФОТО)

Без оглед на стилот, мантилот е задолжителен во женската гардероба, бидејќи лесно може да се комбинира со дневни и вечерни изданија.

Тајната на добриот стил отсекогаш била во можноста да се разгледаат повеќе опции за облека одеднаш, па затоа не е изненадување што дамите кои добро ја познаваат модата знаат како да извлечат максимум од мантилите.

Бела Хадид, 24-годишната манекенка, прошета низ Њујорк во фустан со потпис на Мајкл Корс. Со златен накит и ремен и задолжителната заштитна маска за лице, Бела ги пленеше очите, кои најмногу беа насочени кон нејзиното деколте, што се појави во прв план заради оваа провокативна модна комбинација.

Њујорчаните се прашуваа што носи под мантилот,а Бела секако привлече големо внимание. Според фотографиите, може да се заклучи дека таа имала само долна облека под мантилот.

притисни ентер