Османи на средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да оствари работна средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу како дел од нејзината тура на земјите од регионот.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, во првиот дел на посетата, Брегу на средбата со Османи ќе разговара за евроатлантски перспективи на целиот Западен Балкан.

-За време на средбата се очекува да стане збор за иницијативноста и активностите на Советот за регионална соработка за време на кризата предизвикана од пандемијата КОВИД19, а ќе се разговара и за односите со соседите врамени во мултилатералните и регионалните иницијативи. Ќе се разговара за европските перспективи на земјата и регионот, а особен акцент се очекува да се стави на претстојниот Софиски самит во рамки на заедничкото претседателство на Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, информираат од МНР.

За време на нејзината посета на Македонија ќе бидат остварени средби со високи владини претставници./МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче

Нема вакцини за грип, нема проширени болнички капацитети, ниту план и стратегија.

Реакциите и активностите на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче се задоцнети и непромислени. Власта предлага мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ посочи дека треба да бидат направени уште во март, кога почна пандемијата. Тогаш власта немаше слух и сега ги гледаме последиците од тој нивен игнорантски однос.

Филипче тврдеше дека во текот на целата пандемија ќе заболат 2000 луѓе, сега тој број на луѓе заболува за само една недела. И кога виде дека се што презема не вродува со плод, почна да спроведува тоа што ВМРО-ДПМНЕ кажа, но со задоцнување од 7 месеци.

Ротацијата на кадар на инфективните одделенија од сите здравствени установи е мерка која што требаше да биде направена уште во март, дополнително на располагање на јавното здравство треба да се стават сите млади лекари и пензионери, исто така власта требаше да го искористи летниот период за зголемување на болничките капацитети. Но ништо од тоа не е направено.

Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче. Иако сме длабоко навлезени во есента нема вакцини против сезонски грип, не се проширени болничките капацитети, ниту пак има план и стратегија како да се бори против вирусот од кој секој ден се заразуваат неколку стотици наши сограѓани.

Целиот хаос по болниците и стравот кај граѓаните е предизвикан од неспособноста и надмениот однос на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче. Токму затоа Филипче треба да си даде оставка, и да се формира нова специјална комисија, се друго е манипулација со граѓаните и работење на нивна штета.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, прв дигитален

Владејачката партија СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, кој ќе биде прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки.

Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници.

Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.

По завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги презентира донесените одлуки. Прес конференцијата ќе се реализа преку дигиталната платформата Зум.

Денеска времето ќе биде променливо обчачно со повремени врнежи од дожд

Дденеска времето ќе биде променливо обчачно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови.

Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови за локален дожд.

притисни ентер