Османи: Мнозинството е стабилно, нема да има нови избори и потреси

Во последниве 10 години секоја година имаме избори. Немаме потреба од тоа. Тоа значи стискање пауза на работите во државата. 

Мислам дека нема да има нови избори и потреси. Пред нас се важни прашања, а мнозинството е стабилно.

Ова го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи и портпарол на ДУИ Бујар Османи за „Утрински брифинг" запрашан дали е можно да се доведе во прашање мнозинството во Парламентот со оглед на резултатите на локалните избори

Во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека следно е претседател Албанец во земјава, Османи вели дека Ахмети не бил разбран соодветно.

-Ахмети зборуваше за еднаквоста како принцип, дека ниеден човек не може да биде исклучен. Тој ги објасни тие работи како промена на начинот на однесување. Тоа што беше во 90-тите либералната агенда сега е зелената агенда. Ние се адаптираме кон новото време. Прво, зелената агенда ја сфаќаме како нов начин на живот а не само како екологија. Правиме стратегија натаму преку практични решенија во таа насока, вели Османи.

Тој оценува дека ДУИ постигна одличен резултат на изборите бидејќи, како што наведе, освоиле 130.000 гласа што е повеќе од 2017 година кога имале 89.000.

-Секогаш кога ДУИ е дел од процесот на организирање на изборите, работите се одвиваат во ред. Имаме придонес што изборите поминуваат во нормален процес. Мислам дека ДУИ постигна одличен резултат. Ги зголеми гласовите од 2017 година. Ако се бројат советите и градоначалниците имаме 130.000 гласа, а имавме 89.000. ДУИ покажува стабилност во однос на поддршката од граѓани. Имаме тројца избрани градоначалници со убедлива предност. Со предност одиме во вториот круг речиси во сите општини, оценува Османи.

Во однос на приговорите поднесени за изборниот процес во Гостивар каде има вишок ливчиња и може да ја промени ситуацијата со излезноста, Османи вели ќе ја почитуваат одлуката на ДИК.

-Имаме доверба во процесот. Сепак имаме одлични резултати и зголемување на гласачите во Гостивар. Кампањата беше успешна и сметам дека имаме шанси во вториот круг, вели Османи.

Запрашан за тоа како ќе се одвиваат преговорите со СДСМ за евентуална поддршка во однос на Тетово каде ДУИ во вториот круг влегува со Беса која е исто така владин коалициски партнер, како и во однос на Чаир, Османи рече дека уште пред изборите се договориле дека самостојно ќе излезат на избори и ќе остават на граѓаните да одлучат.

-Гласачите не можат да бидат насочувани од партиите во поголем степен, Гласачите се еманципирани во Тетово. Затоа и имавме градоначалничка во Тетово. Алијанса имаа лош кандидат, а граѓаните знаат, сега се се сведува на профилот на кандидатот и очекуваме дека Арифи ќе добие. Да, сме разговарале со СДСМ, но пред избори се договоривме дека сами ќе излеземе на избори и ќе оставиме граѓаните самите да одлучат, вели Османи.

Во однос на состојбата во Скопје, Османи смета дека во главниот град имаат одличен резултат со над 26.000 гласови.

-Ако ги гледате бројките по избирачки места колку имаме ние гласови толку добил и Шилегов. Мислам дека втор круг не е континуитет на првиот туку се почнува од нула. Тогаш граѓаните повеќе размислуваат за кого ќе го дадат гласот кога има само двајца кандидати. а не 12. Мислам дека постои можност во Скопје и двајцата кандидати да победат, но ќе одлучат скопјани. Во Чаир за триста гласа не победивме во прв круг, а и во Арачиново очекуваме победа бидејќи имаме одличен кандидат, изјави Османи.

Ден пред изборите гласаа и затворените и притворени лица, како и оние во домовите за стари лица

Без никакви проблеми тече гласањето во затворите во Македонија, пред утрешните претседателски избори во земјава.

Првиот човек на КП Дом Идризово истакна дека гласањето почнало навреме и се надева дека до 19 часот поголем дел од затворениците ќе го искористат своето право на глас.

Директорот Јовановски исто така истакна дека женското одделение завршило со гласањето и своето право на глас го искористиле 80 отсто од затвореничките.

-Од пријавени 1084, 887 затвореници имаат право на глас. Досега имаме околу 20 отсто излезеност. Имаме ние воспоставено динамика на гласање, така да мислам дека до 19 часот ќе излезат поголем процент на гласачи. - Зоран Јовановски – директор на КП Идризово

Инаку, освен затворениците, денеска гласаат болни и изнемоштени и лица во старски домови.

Процесот се одвива без никакви неправилности и во најдобар ред, информираат од општинските изборни комисии.

-На територијата на Кисела Вода, за денешно гласање имаме пријавено 41 болно и немоќно лице, кои ќе гласаат во својот дом и 46 лица коишто гласаат во три старечки домови.- Татјана Алексовска - Сапунџиоска ОИК Кисела Вода

-На територијата на О. Центар има пријавно 23 лица, болни и изнемоштени, каде треба да се гласа на нивните домашни адреси. Во текот на денот вршиме достава на избирачкиот материјал до избирачките одбори и тие се должни да го спроведат гласањето во нивните домови.- Живко Мијовски ОИК Центар

Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.

Инаку, право на глас на овиее избори имаат 1.814.317 гласачи, кои ќе гласаат на 3480 избирачки места во целта земја.

Македонија утре ќе гласа на седмите претседателски избори

Вкупно 1 814 317 македонски граѓани имаат право на глас на седмите по ред претседателски избори во државата. 

Гласањето зе иден шеф на државата ќе се одвива на 3 480 избирачки места низ Македонија. Според упатството за гласање објавено од ДИК на шест јазици – македонски, албански, српски, турски, ромски и влашки јазик гласачите гласаат лично и тајно со заокружување на редниот број пред називот на кандидатот со хемиско пенкало во сина боја, по претхдона биметриска идентификација, потпис во единствениот Избирачки список и приложување на личен документ....

Веројатноста да се избере шеф на државата во првиот круг е само теоретска – бидејќи еден од седумте претедателски кандидати ќе треба да освои мнозиство од вкупниот број избирачи, односно над 900.000 гласови. Во првиот круг од гласањето не е потребно исполнување на цензус, а во вториот круг се пласираат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг. За да биде избран претседател на Републиката потребно е едниот од нив да освои мнозинство гласови од избирачите кои изглегле на гласачките места, под услов излезноста да е над 40 проценти, односно над 725.000.

На претходните 6 изборните циклуси, условот беше исполнет, иако на некои од нив беше блиску до границата... Цензусот од најмалку 40 проценти е обезбеден на сите претседателски избори досега.

Во 2019 година излезноста во вториот круг била 46.65 проценти, во 2014 година - 54.36 %. Во 2009 година излезноста била најмала 42,61 процент. А најголема излесност имало на првите непсоредни претседателски избори по независноста во 1994-та кога на гласачките места излегле 77.4 проценти од запишаните избирачи.

Вториот круг од претседателските избори е закажан за 8-мај и ќе се одржи заедно со парламентарните избори.

Излезност на претседателски избори (втор круг):

2019 година - 46.65 %

2014 година - 54.36 %

2009 година – 42.61 %

2004 година - 53.6 %

1999 година - 69,1 %

1994 година - 77,4 %

Поврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка

Истражувањето спроведено од научници од Истражувачкиот центар „Кајзер Перманенте“ во Калифорнија (САД), е објавено во списанието „ЈНЦИ Канцер спектрум“ (JNCI Cancer Spectrum). 

Жените кои во времето на откривањето и дијагностицирањето рак на дојка, практикувале почесто јадење зеленчук, овошје, протеини и нискомасни млечни производи - се изложени на 47 отсто помала опасност од срцеви заболувања, отколку оние во чија исхрана преовладувале масти, црвено месо и производи од месо.

Истражувањето спроведено од научници од Истражувачкиот центар „Кајзер Перманенте“ во Калифорнија (САД), е објавено во списанието „ЈНЦИ Канцер спектрум“ (JNCI Cancer Spectrum). Наодите од испитувањата се важни и бидејќи се покажало оти жените кои се лекувале од рак на дојка се изложени на значително поголем ризик од кардиоваскуларни болести од оние кои немаат ваков вид рак.

Зголемувањето на можноста од срцеви заболувања е предизвикано од самиот третман на рак на дојка, којшто е кардиотоксичен, а за нив дополнително придонесува и неправилната исхрана, недоволната физичка активност, стареењето и пушењето цигари.

Истражувањето се заснова, вели еден од водечките автори д-р Исак Иргас, на проучување на повеќе од 3.400 случаи на агресивен рак на дојка.

Најуспешни резултати, поврзани со заштитата од срцеви заболувања, се забележани во случаите кога болните жени се лекувале со антибиотикот „Антрациклин“ што ги труе и убива канцерогените клетки. Според податоците на Светската здравствена организација, во 2022 година во светот се регистрирани 3,2 милиони случаи на рак на дојка и 670.000 смртни случаи од оваа болест. Во однос на бројот на заболени, како и по бројот на смртни случаи, ова е еден од најчестите карциноми кај жените во развиените земји во светот.

Научниците тврдат дека опасноста од овој вид рак се зголемува со возраста. Во таа смисла, жените до 40 години имаат 1,5 отсто можност да заболат од овој рак, на 50 - три насто, а на возраст од 70 години и повеќе, ризикот е поголем од четири отсто. /МИА

притисни ентер