Османи: Ковид координатори во фабриките и институциите за спроведување на препораките и олеснета комуникација

„Денеска имавме одличен и продуктивен состанок; оформена е директна комуникација меѓу локалната самоуправа, здравствените власти, претставниците на бизнисот и претставниците на вработените.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Главен координатор на Кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од КОВИД19, оствари посета на Штип, во рамките на која се сретна со претставници на локалниот кризен штаб во проширен состав на кој покрај градоначалникот Благој Бочварски и неговиот тим, беа присутни и претставници и на здравствениот систем во Штип, претставник на локалната полиција, како и претставници од бизнисот и работниците.

„Денеска имавме одличен и продуктивен состанок; оформена е директна комуникација меѓу локалната самоуправа, здравствените власти, претставниците на бизнисот и претставниците на вработените. Се донесе заклучок за поставување на т.н. КОВИД координатори во компаниите, но и во државните институции, кои ќе имаат директни овластувања да го следат спроведувањето на мерките и препораките во рамките на организациите и институциите, како и да овозможат нивна полесна меѓусебна комуникација. Искрено ме радува што постои и сериозност и волја кај сите и верувам дека со спроведување на мерките и препораките набргу ќе создадат услови за безбедно одвивање на работните процеси при што економските активности и на фабриките ќе можат да продолжат"- истакна Османи при што додаде дека благодарение на брзата реакција на локалната самоуправа и на централните институции, патеката на вирусот во градот и општината е оформена и предвидлива.

„Токму брзиот раст во овој втор бран на епидемијата покажува дека нема игра со коронавирусот и ако навистина сакаме да обезбедиме услови за работа и на фабриките, но и на останатите економски субјекти, едноставно треба сите да сфатат дека мора да се почитуваат мерките и препораките за социјална дистанца, за само-заштита, за строго примена на заштитните мерки и носење маски и секако одржување на личната хигиена и навремена дезинфекција." - истакна Османи, посочувајќи на лажните вести и наменската пропагандата кои имаат за цел да ја манипулираат јавноста преку сомнежи за постоењето и сериозноста на коронавирусот.

Во овој контекст Османи уште еднаш потенцираше дека нема таков протокол, ниту рестриктивни мерки што ќе нè ослободат од одговорноста секој од нас да се грижи за спроведување на мерките и за самозаштита, бидејќи последиците од едно мало невнимание, кое предизвика брз продор на вирусот, се огромни. „Во ваков случај губат сите, и бизнисот и државата, и работниците, за што е потребно особено внимание и дисциплина особено при работата на економските субјекти, на фабриките, каде има голем број работници.", потенцираше Османи

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

Де Соуза: Португалија одговорна за злосторствата за време на трансатлантското ропство

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза рече дека Португалија е одговорна за злосторствата извршени за време на трансатлантското ропство и колонијалната ера и посочи дека има потреба од репарации.

Говорејќи на настанот на кој доцна синоќа беа поканети странски дописници, Ребело де Соуза рече дека Португалија „ја презема целосната одговорност“ за неправдите од минатото и дека тие злосторства, вклучително и колонијалните масакри, имаат „цена“.

Тој посочи дека Португалија мора да ја плати цената.

„Дали има злосторства што не се казнети, а одговорните не се уапсени? Дали има стока што е ограбена и не е вратена? Да видиме како можеме да го поправиме тоа“, рече Ребело де Соза.

Во текот на повеќе од четири века, најмалку 12,5 милиони Африканци беа киднапирани, насилно транспортирани на долги растојанија главно со европски бродови и продадени во ропство.

Оние кои го преживеале патувањето завршиле со работа на плантажи претежно во Бразил и Карибите, додека други профитирале од нивниот труд.

Португалија продаде речиси шест милиони Африканци, повеќе од која било друга европска нација, но досега не успеа да се соочи со своето минато, а во училиштата малку се учи за нејзината улога во трансатлантското ропство. /МИА

притисни ентер