Османи: И од Македонија и од Бугарија се очекуваат резултати

Симболиката е дека ние сме најблиски соседи, но суштината е дека во позитивна, конструктивна атмосфера, во атмосфера на лична доверба, создадена е платформа за продолжување на разговорите, објасни Османи.

Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија, изјави министерот надворешни работи Бујар Османи во интервју за бТВ во пресрет на денешната официјална посета на владиниот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски на Софија каде утре ќе се одржи заедничка седница на владите на двете земји.

Османи, во интервјуто оценува дека е одлична порака што на првиот работен ден на новата македонска Влада првата посета ја оствари бугарскиот премиер Кирил Петков, бидејќи тоа носи и симболика и суштина.

– Симболиката е дека ние сме најблиски соседи, но суштината е дека во позитивна, конструктивна атмосфера, во атмосфера на лична доверба, создадена е платформа за продолжување на разговорите, објасни Османи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, во односите меѓу Софија и Скопје се очекуваат резултати и од двете страни.

– Патната врска меѓу Скопје и Софија не може да биде обврска само на Македонија, рече Османи, додавајќи дека нашата обврска е до Крива Паланка и дека граничниот премин Клепало од македонска страна е завршен, а се очекува бугарската страна да го заврши својот дел.

Во однос на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, Османи посочи дека земјава досега смени двајца свои претставници во ова тело, додавајќи дека Бугарија не го променила својот состав. Тој вели дека Софија можеби би требало да го искористи ова наше искуство. – И двете држави имаат интерес комисијата да биде продуктивна, додаде шефот на дипломатијата.

Запрашан како гледа на вклучувањето на македонските Бугари како народ во Уставот на државата, министерот Османи вели дека не гледа ништо проблематично во вклучувањето на која било друга етничка заедница и во нејзино интегрирање, но и во покажувањето одговорност и лојалност кон државата. Тој како пример го наведе Рамковниот договор, кој им донесе придобивки не само на Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, а можно е, вели, и Бугарите да станат дел од него.

Во врска со испраќањето македонски амбасадор во Бугарија, министерот за надворешни работи рече дека планот е во првите недели од мандатот новата Влада да донесе одлука и да испрати амбасадор во Софија.

– Се уште немаме утврдено име, но имаме идеи и размислувања на темата, се надевам дека во наредните денови јас како министер ќе дадам предлог, додаде Османи.

Запрашан за „рехабилитација на македонските Бугари жртви од југословенскиот режим", Османи вели дека во 2006 година Собранието усвои Декларација со извинување до семејствата на жртвите од комунизмот. Тој рече дека Скопје сега е подготвено да ги реализира практичните аспекти на Декларацијата, како пристап до архивите и потоа отворање поединечни случаи, се додека има потреба да се разговара за нив, па дури и да се процесуираат доколку постои законска можност за тоа.

Според Бујар Османи, целта е да се спречи ова прашање да стане мит и да не се користи во ничија политичка агенда.

– Не мислам дека македонското општество бега од прашањето и ние сме подготвени да го започнеме овој процес, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервјуто за бТВ.

Митрески од Струга: Младите не смеат да бидат жртви на политичари без став и без визија

„Во Струга ги реновиравме буквално сите училишта и спортски сали и изградивме три нови сали. Го реконструиравме затворениот пливачки базен, тројно ја покачивме минималната плата. “

Ги дуплиравме странските инвестиции. Ги зголемивме пензиите за над 50%, ги покачивме платите во сите сектори. Но, тоа не е доволно. Поминавме и поминуваме сериозни економски последици од КОВИД кризата, но и од војната во Украина. Затоа ни е потребна ЕУ. За побрзо да ги донесеме европските стандарди дома“, порача Јован Митрески, носител на ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија на вечерашниот собир во Струга.

Тој нагласи дека платите и пензиите ќе растат побрзо, инфраструктурно побрзо ќе се развиваме, туристичка сезона ќе има преку целата година, полесно ќе се развива езерскиот, планинскиот и руралниот туризам, само со поддршка на ЕУ.

Митрески додаде дека е лесно со шпекулаци да будиш најдлабоки чувства кај секој Македонец за мајчиниот македонски јазик, да зборуваш за македонскиот јазик како бугарски дијалект, а притоа да не гласаш за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со сите земји членки на ЕУ вклучувајќи ја и Бугарија.

„Лесно е само декларативно да велиш дека си за ЕУ, а да правиш се за да не станеш дел од ЕУ. Лесно е, ама не е чесно на граѓаните да им ја крадеш иднината за мали, ситни, бедни политички поени и борба за власт. Не вреди борбата за власт ако се загрози иднината на државата. Државата мора да оди напред. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија кои освен за својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго“, нагласи Митрески и додаде дека изборот е или интеграција или изолација.

Тој ги повика стружани да се обединат и да не дозволат да се вратат оние кои ја доведоа Македонија до бездна и од неа направија заробена држава.

„Да застанеме сите обединето и сложно зад планот за европска Македонија. Да застанаме сите обединето и сложно зад бројот 1.Заедно и сложно да постигнеме уште една победа за европска Македонија“,се наведува во партиското соопштение.

Одбива да плати казна за сообраќаен прекршок, зашто била напишана на македонски јазик (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци се обидуваат да излезат на крај со човек кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик, објави ТВ Стар.

„Тој не сака да ја прими казната за направен сообраќаен прекршок, затоа што таа била напишана само на македонски јазик.

Според објавите на Икс, најверојатно станува збор за активист на политичка партија,кој со својот мобилен телефон ја снима целата ситуација.

– Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната.

Најголем дел од корисниците на социјалните мрежи упатуваат поддршка до полицајците, кои, според нив, професионално си ја завршиле својата работа“, објави телевизијата.

Скокнал од опасна карпа во море, но згрешил во проценката (Вознемирувачко видео)

На социјалните мрежи кружи застрашувачка снимка од несреќата во Тенерифе кога е повреден 40-годишен турист, најверојатно Британец.

Решил да скокне од високите карпи во море, но погрешно проценил и се забил во острите карпи. По ударот паднал во вода.

По несреќата, очевидци скокнале во водата за да му помогнат на човекот, а спасувачите биле повикани на местото на настанот.

Инцидентот се случил во понеделникот, околу 14 часот, во близина на пештерата Чарко Ел Танкон на северот на Тенерифе.

На ова место животот го загубија неколку туристи, а пристапот инаку е забранет, пренесува Експрес.

Како што е познато, лекарите констатирале сериозни повреди на долните екстремитети, а моменталната состојба на мажот не е позната.

притисни ентер