Османи: Холокаустот –трагедија што не смее да се заборави

27 јануари е денот кога е ослободен злогласниот концентрационен логор Аушвиц – Биркенау.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, имаше обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари - Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, ден на кој се сеќаваме и им оддаваме почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, вклучувајќи ги 7.144 македонски Евреи, кои своите животи го загубија во Аушвиц – Биркенау, Треблинка и другите логори на смртта.

,,Наша цивилизациска обврска е да се бориме, постојано и бескомпромисно, претворајќи го сеќавањето во акција, против релативизација на злото, искривоколчувањето на историјата, негирањето на фактите и вистината за холокаустот. Да кажеме гласно и јасно НЕ! - за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција", истакна Османи. Зборувајќи за важноста на холокаустот како една трагедија што не смее да се заборави, ниту пак да биде овој ден единствениот кога треба да се занимаваме со холокаустот, Османи нагласи:

„Сите ние треба и заеднички и индивидуално да работиме на ширење на универзалните вредности, зајакнување на социјалната кохезија, инвестирање во образованието и младите, на развивање и подигнување на свеста за вредноста на постоењето и почитувањето на сите различности во едно плуралистичко општество."

На комеморативното одбележување кое што се одржа во форма на онлине настан, свои обраќања имаа и претседателот на Собранието на Еврејската заедница во Македонија, г-ѓа Радојка Хелман- Денковска, амбасадорот на Сојузна Република Германија, г-ѓа Анке Холштајн, нерезидентниот амбасадор на државата Израел, г-дин Дан Оријан, како и Фахри Хисени, координаторот на регионалниот проект на Куќата на Ана Франк од Амстердам "Историја-лекции за сегашноста" од Младински образовен форум од Скопје.

27 јануари е денот кога е ослободен злогласниот концентрационен логор Аушвиц – Биркенау и со резолуцијата на Обединетите Нации од 1 ноември 2005 година, е востановен како меѓународен ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, кој Република Македонија, како одговорен и почитуван член на меѓународната заедница, традиционално го одбележува веќе повеќе години.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

притисни ентер