Османи ги претстави во Собрание приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Собранието, ги претстави приоритетите на претседавањето на Република Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година.

На работен состанок со Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Османи ги презентира рамковните приоритети, како и предизвиците кои се очекуваат при нивната имплементација, со оглед на сложените политички и безбедносни прилики со кои се соочува регионот на Организацијата.

„Мали држави ретко добиваат ваква шанса да се покажат на голема сцена. Ова е голема шанса за Република Македонија во период кога регионот на ОБСЕ се соочува со една од најголемите безбедносни закани. Ова е проект од државно значење и претставува признание на нашите реформски напори дома и на нашата проактивна надворешна политика, како веродостоен и одговорен чинител во регионот и пошироко. Тоа беше потврдено на Министерскиот совет во Тирана во 2020, кога консензуално, со поддршка на сите земји учеснички ни беше доверен мандатот да бидеме на чело на Организацијата во 2023“, рече Османи.

Министерот за надворешни работи рече дека приоритетна цел на МКД ОБСЕ 2023 е да придонесе кон напорите и процесите за мир, стабилност и соработка во регионот на ОБСЕ врз основа на принципите и вредностите на Организацијата, сериозно загрозени со воената агресија во Украина. Целта на претседавањето, како што нагласи, е да иницира процеси кои ќе бидат фокусирани врз луѓето, граѓаните на земјите учеснички, особено оние на кои им треба помош и поддршка. Најголем дел од приоритетите, рече Османи, се поврзани со широки, традиционални теми што се провлекуваат низ агендата на ОБСЕ низ годините и сите имаат своевидна поврзаност со безбедноста согласно профилот на Организацијата.

Шефот на Делегацијата на Собранието во ПС на ОБСЕ, пратеникот Игор Јанушев, рече дека претседавањето со ОБСЕ е несомнено многу сериозен ангажман, чие успешно спроведување претставува заеднички интерес.

И ние како Собрание, нагласи Јанушев, имаме обврски за време на нашето претседавање со ОБСЕ. Тој додаде дека, непосредно пред одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во декември, Собранието има обврска да го организира состанокот на Бирото на ПС на ОБСЕ.

Собранието, како што рече Јанушев, уште од 1993 година активно учествува во работата на ПС на ОБСЕ, кое е единствена парламентарна организација во структурата на Организацијата и врши улога на витална врска меѓу владиниот дел на ОБСЕ и пратениците кои се директно избрани од граѓаните.

„Постои плодна соработка меѓу нашиот парламент и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел зајакнување на парламентарната независност, надзорната функција и демократската улога, како и промовирањњто на родовата активност“, рече Јанушев.

12 животни лекции кои жените ги учат предоцна

 – Започнете ја навреме својата промена! 

Работата на вашето ментално здравје е исто толку важна како и работата на вашиот физички изглед, но многу дами во текот на животот го занемаруваат тоа.

Секој сака на улица да види убава жена, а повеќето сакаат да бидат во друштво на успешни и силни жени. Самодовербата не секогаш оди со изгледот, меѓутоа вашата слика за себе е нецелосна доколку ја немате. На патот кон успехот се соочуваме со многу предизвици и пречки, генерално, кога сме млади сè сфаќаме лично и честопати нашиот потенцијал и некои моменти не ги цениме доволно.

Созревањето е процес што трае, поради што многу жени многу доцна сфаќаат како би требало да реагираат или да се однесуваат во одредени ситуации. Затоа, важно е да работите на себе, да читате, да се едуцирате за полесно и помирно да надминете многу препреки во животот. Еве неколку одлични лекции за секоја жена, кои, за жал, повеќето ги учат предоцна.

1. Вашите зборови имаат тежина, затоа користете ги моќно.

2. Не сфаќајте сè лично. Луѓето често се преокупирани со своите мисли и искуства.

3. Ако се фокусирате на проблемите, ќе имате уште повеќе проблеми. Кога ќе се фокусирате на можностите, ќе имате повеќе можности.

4. Не е важно колку нешто ве боли во моментот, еден ден, кога ќе се осврнете наназад, ќе сфатите дека таа борба ви го направила животот подобар.

5. Секогаш ќе постои причина зошто сте запознале одредени луѓе. Или ви се потребни да го променат вашиот живот или вие да го промените нивниот.

6. Не плашете се да пробате нешто ново, бидејќи животот станува досаден кога останувате заробени во вашите граници на она што веќе го знаете.

7. Ако ве игнорира личност чие внимание многу ви значи, реакцијата во вашиот мозок е иста како физичка болка.

8. Понекогаш не ја сфаќате вредноста на моментот додека не стане спомен.

9. Откако ќе ги увидите работите за кои сте благодарни, ќе почнете да ги губите од вид работите што ви недостасуваат.

10. Ако не ги контролирате зборовите, нема да ја контролирате ни вашата иднина.

11. Животот е огледало и врз мислителот го рефлектира она за што размислува.

12. Единствената личност со која треба да се соочите наутро сте вие самите.

Извор: srecna.republika.rs

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

притисни ентер