Османи-Борел: Со поддршка на ЕУ и дипломатска акција, ОБСЕ ќе придонесе за европска безбедност

Претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи, денеска во Брисел оствари средба со Жозеп Борел, Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија. 

За време на посетата, Османи ја потенцираше природната и цврста врска меѓу ЕУ и ОБСЕ, како и сите земји учеснички на Организацијата, што е поволен простор за заедничка работа и исполнување на заедничките обврски. Северна Македонија, како земја претседавач, строго ќе ги почитува основните принципи и вредности на ОБСЕ. Во фокус на Организацијата ќе биде Украина, односно човековата безбедност во време на регионална и глобална несигурност и нестабилност, потенцираше Османи.

„Нашето претседавање оваа година ќе се раководи од веќе договорените обврски на сите 57 земји учеснички на Организацијата. Нема да правиме компромиси кои ќе ги загрозат основните документи и со консензус усвоени одлуки на ОБСЕ. Најголемиот предизвик останува воената агресија на Русија врз Украина. Тоа е неоправдана војна врз независна држава, членка на ОБСЕ. Руската Федерација со воената агресија врз Украина, флагрантно го прекрши Хелсиншкиот завршен документ и сите заложби и принципи на Организацијата“, изјави претседавачот на ОБСЕ Османи.

Османи истакна дека ОБСЕ ги има сите механизми и алатки кои нудат конкретна поддршка за луѓето на сите земји учеснички во Организацијата, бидејќи како што потенцираше „на крајот од сè ‘За луѓето се работи’“. Тој истакна дека Македонија своето знаење и искуство ќе го пренесе во регионот на ОБСЕ преку претседавање со Организацијата.

„ Македонија преку меѓуетничките односи, културата на дијалог што ја наметна, културата на компромис и добрососедските односи, создаде имиџ за државата, како и за препознатливост во меѓународната заедница. Ние сме модел во регионот за функционална мултиетничка демократија, со загарантирани права за сите заедници кои живеат во Македонија“, посочи Османи.

На средбата Османи – Борел се зборуваше и за заложбата на ЕУ и тесната соработка со нејзините делегации во Скопје и Виена кои беа од клучна важност во сите фази од подготовката на Македонија да го преземе претседавањето со ОБСЕ. Претседавачот на ОБСЕ ја потенцираше и важноста на соработката меѓу ОБСЕ и ЕУ што би придонела за функционалност на Организацијата.

„Земјите членки на ЕУ, се учеснички и на ОБСЕ. Синергијата помеѓу овие две организации може да помогне во унапредување на процесите кои понекогаш изгледа дека се блокирани во Хофбург“, посочи Османи.

На крајот од средбата, тој потенцираше дека Македонија останува кредибилен партнер на меѓународната заедница и ЕУ, почитувајќи ги нејзините вредности и принципи. Посочи дека Македонија, сега како земја преговарач за членство во ЕУ, има за цел во блиска иднина да претседава со Советот на ЕУ.

„Ние сме посветени на оваа задача и сме благодарни на континуираната поддршка на ЕK и на потпретседателот Борел, но и на другите институции на ЕУ и земјите-членки. Нашиот успех ќе биде и заеднички успех“, изјави Османи, соопштуваат од МНР.

Новороденче, кое било прогласено за мртво, се разбудило на погребот- семејството верува во чудо

Бебе кое било прогласено за мртво набргу по раѓањето, е префрлено назад во болница во Парагвај откако добила знаци на живот за време на нејзиниот погреб.

Нејзините блиски кои се потресени од сѐ, изјавија дека не исклучуваат „Божја интервенција“, пренесува El Tiempo.

Девојчето е родено околу пладне во петокот со царски рез, откако нејзината 21-годишна мајка имала компликации во седмиот месец од бременоста.

Но, бебето било прогласено за мртво и предадено на семејството заедно со потврдата за смрт.

Таткото на бебето, Игнасио Медина, изјавил за локалната телевизија Телефутуро дека телото на бебето го добил „целосно виолетово“.

Семејството, кое веќе претрпело загуба на уште едно бебе од оваа двојка, наместо да слави, отишле на погребот во Минго Гуазу, место на околу 20 километри од Сиудад дел Есте, главниот град на департманот Алто Парана, кој граничи со Аргентина и Бразил.

„Ја однесовме кај мајка ми и таму ја гледавме“, рече Медина.

Тој рече дека непосредно пред да заминат на гробиштата, еден од неговите чичковци забележал дека бебето мрда со главата и ги известил присутните.

„Потоа отидовме да ја провериме и срцето ѝ чукаше“, додал таткото кој веднаш го однел бебето во болница.

Кога таткото на бебето го прашал што се случило, директорот на Регионалната болница во Сиудад дел Есте, Федерико Шредел, не ја исклучил можноста дека се работело за катаплексија.

„Поради состојбата со предвремено раѓање, тоа може да се случи, практично пациентот останува без знаци на живот“, додаде специјалистот и предупреди дека ваков случај може да се случи еднаш на секои пет милиони раѓања.

Исто така, Пабло Лемир, директор на судска медицина на Министерството за правда во Парагвај, исто така објасни дека тоа може да биде катаплексија или синдром на „очигледна смрт“.

„Нема чукање на срцето, нема дишење, телото е опуштено, бледо, станува сино или виолетово и обично се решава спонтано и необјасниво“, изјави тој за парагвајскиот медиум ABC Colors.

Според експертот, бебето било родено предвреме и тоа ги исклучило опциите за лекарите.

„Во 26-та недела од бременоста и со таа тежина, белите дробови не се подготвени да бидат надвор од матката, ниту пак нервниот систем е правилно развиен“, рече тој.

Од друга страна, роднините не исклучуваат „божествена интервенција“ и тврдат дека девојчето, сепак со резервирани прогнози, ќе се вика Милагрос де Жезус, што во превод значи „Чудо Исусово“.

Момче падна од 40 метри висок гребен во Италија- пријателите немоќно гледале (ВИДЕО)

Момче (14) од Арика, Италија, доживеа трагична судбина кога со другарите го посети езерото Неми, не сфаќајќи дека ќе падне од дрво по стрмна карпа од 40 метри и ќе загине.

Тој наводно се одвоил од својата група пријатели и се обидел да стигне до највисоката точка на Виа Перино, но гранката од дрвото на која се качувал се скршила и момчето се превртело врз карпата, објави Мирор.

Тинејџерот паѓал над 30 метри, а неговите пријатели беспомошно гледале и веднаш го вклучиле алармот.

Пожарникарите од Неми и карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, но не можеле ништо да му направат на момчето, освен да констатираат смрт.

Телото е пренесено во болницата Кастели во Арикио, а потоа во Институтот за судска медицина во Рим.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

притисни ентер