Османи-Ајхнорст:Пред нас сѐ уште стојат предизвици за интеграција на земјите од Западен Балкан

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оствари средба со генералната директорка за Западен Балкан во ЕУ, Ангелина Ајнхорст.

– Убава прилика за средба со генералната директорка за Западен Балкан во ЕУ, Ангелина Ајнхорст. Постигнавме многу во клучните приоритетни области, но пред нас сѐ уште стојат предизвиците за вклучување на земјите од Западен Балкан во „Конференцијата Иднината на Европа", успех на Самитот ЕУ-ЗБ во рамките на Словенечкото претседателство, како најважни сегменти со кои го градиме Европскиот кредибилитет на Балканот, напиша Османи на Фејсбук.

Воздухот во Скопје загаден над дозволеното - најтешко се дише во Карпош, Центар и Лисиче

Почетокот на грејната сезона повторно го извади на виделина долгогодишниот проблем со загадувањето на воздухот во Скопје. 

Индексот на загаденост на воздухот и утринава, како и неколку претходни денови, на повеќе места во главниот град засвети црвено а според податоците најзагадено било во Лисиче, Центар и Карпош а Скопје воедно се најде на 22-то место на листата на најзагадени градови во светот.

Екологистите велат дека за овој проблем треба да се преземаат мерки во текот на целата година, а не само во зимскиот период а како главни проблеми ги наведуваат грејните тела на голем дел од скопјани, доцнењето со проектот за гасификација како и нееколошките возила кои гравитираат во градот.

Секоја година истиот проблем во исто време и секоја година ние го грешиме терминот на подготовка, кога ќе стигнеме веќе до 15 октомври ние веќе би требало да имаме серија на мерки кои ќе бидат на сила. Сега било кое преземање на било која мерка ќе биде задоцнета... грејната сезона почнува и веќе превенцијата ќе биде многу потешка поради падот на температурите и поставеноста на Скопје како котлина,-Ели Пешева – О2 Иницијатива.

Пешева вели дека дополнителен проблем во градот е долгогодишниот недостаток на инспектори како и недоволните буџети кои надлежните ги добиваат во борбата против загадувањето.

Може тоа да се решава и со некаков тип на редари, на поинаков тип на контрола. Ние на неколкупати се нудевме и како граѓански инспекции составени со дел од граѓани кои би оделе со нив на терен или ќе укажуваат на точки. Целиот процес оди многу споро и просто да се чуди човек како некој да не сака да го реши проблемот бидејќи не е дека толку е нерешлив но цело време да бидеме во статус кво е тотално неприфатливо.-Ели Пешева – О2 Иницијатива.

Покрај Скопје, сериозни проблеми со справувањето со загадувањето има и Тетово, кој според индексот на загаденост за средината на 2021 е втор најзагаден град во светот со вредност 95,62, веднаш зад главниот град на Непал, Катманду.

Ќе се носи нов закон за градење, предлог решението готово до крајот на годината

Со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој ќе се стимулира инвестирањето во градењето,.

Новиот Предлог Закон за градење, предвидува зајакнување на инспекцискиот надзор со тоа што општинските инсппектори ќе бидат дел од Државниот инспекторат за урбанизам, потоа уредување на категоризацијата на градби, олеснување и краетње на постапките за издавање на актите за градење, како и стимулирање на инвестирањето, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во обраќањето на стручната расправа за овој Закон. Тој очекува до крајот на годинава предлогот да биде готов, а преку него да се донесе најдоброто решение за сите страни.

„ Со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој ќе се стимулира инвестирањето во градењето, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките и на крајот ќе се овоможи разрешување на наталожените проблеми.“истакна Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски.

Архитектот Мирослав Грчев кој учествуваше на јавната расправа укажа на потребата на измена на другите закони, кои го уредуваат процесот на градежните дејности.

„ Ние сме во ситуација заради таквата поставеност на еден вид внатрешна федерализација на министерстата на Владата што е стварност што секој инженер што постапува во некоја реформа треба да ја земе во предвид не сме во можност да направиме симултана реформа каде што ќе ги смениме сите закони во процесот што е уреден и смее да биде само во овој закон, процесот на градење не смее да го уредува некој друг закон од аспект на водење на постапка.“вели Мирослав Грчев – Архитек.

Постојниот Законот за градење во текот на годините е менуван повеќе од триесетина пати.

Како дејствува и за кого е наменет лекот „Молнупиравир“ против ковид-19?

Единствениот лек за Ковид 19 во форма на таблети ќе биде достапен и во Македонија.

Кога точно „Молнупиравирот“ ќе го има во аптеките и колку ќе чини не се знае, но властите ја започнаа постапката за набавка.

Молнупиравирот може да се зема само во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек се намалува за 50%.

Според микробиологот проф. Д-р Никола Пановски за употреба на овој лек треба да има итно достапни тестирања на државно, оти додека се чека за ПСР тест, ќе мине периодот кога треба да се зема лекот.

Дополнителни дилеми се кој од граѓаните треба да има предност за да го зема овој лек, вели Д-р Пановски.

Овој лек, вели Д-р Пановски, државата треба да го набави, иако една терапија - пет дена по две таблети чини 700 долари.

Сепак, граѓаните мора да знаат оти овие таблети не се замена за вакцината.

Во однос на епидемиолошката состојба, тој очекува зголемување на дневниот број на заразени во наредниот период, но не и силен есенски бран.

притисни ентер