Оштетени штедачи од Еуростандард: Уставниот суд да ја достави одлуката за оценка уставноста

Од 21.04.2021 година до денес, 05.05.2021 година, поминати се цели 15 дена, но иницијативата не е доставена на мислење до Собранието или Владата, што е редовен тек на работите, пред да биде донесена конечната одлука. 

Здружението „Правда за штедачи" денеска повторно одржа собир пред Уставниот суд побара овој суд веднаш да ја достави одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки до Собранието или Владата на одговор, како и да соопшти информација кога ќе бие закажана седница за конечно, мериторно решавање по однос на оваа иницијатива.

–Од 21.04.2021 година до денес, 05.05.2021 година, поминати се цели 15 дена, но иницијативата не е доставена на мислење до Собранието или Владата, што е редовен тек на работите, пред да биде донесена конечната одлука. Ваквата постапка на претседателот на Уставниот суд е неоправдана, ниту има основ во деловникот за работа на Уставниот суд. Напротив, таа е неоснована и со ништо непоткрепена, додека мотивот за ваквото (не)постапување, ние како здружение, го гледаме во очајниот обид преку „процедурални" трикови, претседателот да добие во време, со цел до 31.05.2021 година да не се најде точката на дневен ред, бидејќи на тој датум истекува мандатот на тројца уставни судии. Веројатно, очекувањата се дека новите уставни судии што ќе бидат избрани ќе бидат „послушни" на структурите кои од повеќе места во изминатиов период вршеа притисок врз судот, наведоа од Здружението.

Според нив, „постапката е провидна и претставува очаен обид да се опструира правдата".

-Ние, оштетените физички и правни лицадепоненти на Еуростандард банка, нема да паднеме на тоа ниво. Затоа, најпрвин сакаме да изразиме надеж дека ниту изборот на новите уставни судии нема да ја спречи правдата. Бидејќи ако тоа се случи, во Македонија дефинитивно правда нема, истакнуваат од Здружението.

Апелираат на постоечкиот состав на Уставниот суд да ја заврши започнатата работа, наведувајќи дека претседателот е само еден меѓу еднаквите.

Бараат од претседателот на Уставниот суд да покаже барем малку чувство за праведност, бидејќи, како што наведуваат, со начинот на кој постапувате, можете да предизвикате ненадоместлива штета на неопределен број граѓани. Не само на оштетените во Еуростандард банка, туку и многу пошироко.

Фустаните на принцезата Дијана се изложени во Хонг Конг, пред да се продадат на аукција (ФОТО)

Светло жолта јакна, обложена на рамената и украсена со блескави позлатени копчиња, што ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња облека, изложени во поранешната британска колонија.

Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена, пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата „секогаш кога се облекуваше и излегуваше“, рече Мартин Нолан, директор на Џулиенс, аукциска куќа со седиште во Калифорнија.

Познатата јакна на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, додека вечерниот фустан со сини ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.

Изложена е и вечерна тоалета од свила и тантела од дизајнерот Виктор Еделштајн, каки и цветен фустан на Кетрин Вокер, кој Дијана го носеше во 1991 година на бдеењето на нејзиниот близок пријател Адријан Вард Џексон.

Многу луѓе се натрупаа во малиот изложбен простор. Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се сеќава како толпата ги преполнила улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. "Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг", вели Фунг.

Во 2023 година, аукциската куќа Julien's продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милиони долари.

Ристовски: Уценувачката екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денеска ја започна  кампањата во изборната единица 3 каде носител е докторот на ветеринарна медицина,  Јордан Николов. 

Претседателот на ИНТЕГРА во Велес истакна дека се битни две работи од програмата на кои ќе се фокусираат –излез од сиромаштијата и враќање на достоинството.

„Вие знаете дека се е во рацете на ДУИ, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат се повеќе аргументи и ги прифаќаат нивните екстремизми. ДУИ и Бујар Османи ги разоруваат односите на Македонија со соседите, имаат негативна предавничка улога во однос на Преспанскиот договор во однос на Бугарската спогодба, во однос на сегашниот момент и проблемите што ги раѓа Францускиот предлог и притисокот за промена на Уставот, а ги загрозуваат односите и со Србија, ваквата уценувачка екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен“.

„Немаме перспектива со изборот помеѓу СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, и двете партии се седнати во скутот на ДУИ и нема да можат да се отргнат заради желбата по секоја цена да се на власт, да се докопаат до буџетот и да ги трошат буџетските пари. Нив не ги интересира Македонија ниту македонскиот стратегиски интерес“, рече Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА.

Во однос на сиромаштијата во која тоне Македонија, тој кажа дека многу семејства живеат со под 100 денари на ден, луѓето се плашат дали ќе го преживеат следниот ден.

„Ние ја таргетираме сржта на проблемот, покрај огромната корупција, државата не успеа да даде одговор за животниот стандард на населението. Коалицијата нуди решителен одговор, ќе се намалат даноците на три основни производи-лебот, млекото и маслото за јадење“, се наведува во партиското соопштение.

Десетици повредени, откако траект удри во пристаништето во Неапол (ВИДЕО)

Триесет лица се повредени денеска во несреќа на траект што пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното Море, соопштија спасувачите.

Се уште нема официјално објаснување за настанот, но според првите информации брзиот брод Isola di Procida по пристигнувањето во градот Неапол удрил во пристаништето.

Иако има голем број повредени, никој нема посериозни повреди, соопшти спасувачката служба.

На островот Капри во Неаполскиот залив од вчера се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Капри е една од најпопуларните туристички дестинации во Италија. Овој остров, кој има помалку од 15.000 постојани жители, привлекува десетици илјади посетители секој ден во текот на сезоната.

притисни ентер