ОРМ: Неопходни се образовни реформи за намалување на недостигот од работна сила

Најголем дефицит на кадар, според претседателката на ОРМ, Владанка Трајковска, има во електро-индустријата и во угостителството. 

Предизвиците со кои се соочуваат работодавачите со дефицитот на работна сила и образовни реформи прилагодени кон потребите на стопанстовото биле главна тема на денешниот состанок на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) со претставници на бизнис секторот во рамки на проектот „Деловен појадок".

Најголем дефицит на кадар, според претседателката на ОРМ, Владанка Трајковска, има во електро-индустријата и во угостителството. Смета дека се потребни реформи во образовниот систем за поголем број практични часови, а работодавачите да ги оспособат своите капацитети за повеќе пракса кај учениците.

– Моментално на пазарот на трудот има голем број работоспособно население, кое не ги задоволува потребите на пазарот. Потребни се директни реформи, кои секако се болни и долготрајни во делот на образовниот систем. Работодавачите да ги оспособат своите капацитети за поголем број практичкни часови, а образовниот систем да го пренамени образовниот процес во делот на практиканството, истакна Трајковска.

Во однос на недостигот од работна сила во туристичко-угостителскиот сектор, забележа дека проблемот е институционален и оти платите не се причината што младите заминуваат надвор од државата да работат во тој сектор.

– Ниските плати не се проблем за младите што одат надвор од државата да работат угостителство, проблемот е институционален. Платите во угостителскиот сектор се многу повисоки од другите сектори, така сметам дека тие не се пресудни за исселување на младите, заклучи Трајковска.

ОРМ, нагласи, предлага, редуцирање на гимназиските и општествените насоки на сметка на техничките и стручните во средните училишта, а во високото образование да се предвидат критериуми за оценка, дали студиските програми имаат општествена оправданост.

ХОТАМ, како што истакна претседателот Крсте Блажески, почнал со спроведување активности од пилот-проектот во охридсо-струшкиот регион, за олеснување на условите за пријавуввање на работниците во туристичко-угостителскиот сектор, преку преземање административни активности за пријавување работници и покривање на придонесите за вработените кои се ангажирани преку проектот, како и организирање бесплатни обуки за работниците.

– Се соочуваме со недостиг на кадар, најмногу готвачи, слаткари, шанкери, келнери. Во средните угостителски училишта има многу малку деца, кои се запишуваат, треба да се потенцира дека тоа е професија која е ценета секаде во светот, истакна Блажески.

Според него, младите повеќе се заинтересирани за административни работи, платите се тие што се можни да се исплатат по закон, и во секторот функционира систем на раст на плати по основ на напредок на вработениот.

Тоше Чочороски, менџаер на хотел, смета дека е потребна поинаква промоција и привлекување студенти во средно образование, но и промена на пристапот на средното училиште и факултетите кон учениците и студентите.

– Потребно е промени во секој дел и кај наставниците и професорите и кај учениците. Се наоѓаме пред предизвик и ние како фела, и образовните институции, дојде моментот кога мора да биде блиска врската во интерес на сите, изјави Тоше Чочороски.

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер