Орце Камчев позитивен на ковид на судење за случајот „Плацеви на Водно“

Бизнисменот Орце Камчев позитивен на корона вирусот дојде да присуствува на судењето за случајот "Плацови на Водно" во кој е обвинет, кажа неговиот адвокат Гоце Ристовски пред судијата Илија Трпков на почетокот на рочиштето.

Додека ова го говореше неговиот адвокат, Камчев седеше во агол во судницата каде што нема други лица.

"Во меѓувреме обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен при што појави симптоми на висока температура, истиот доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и вчера кај него е детектирани присуство на Ковид 19. Согласно Уредбата на Владата предвидена е задолжителна самоизолација, а овие околности де познати и на Јавниот обвинител, иако обвинетиот Камчев согласно Уредбата треба да е во самоизолација, а тој е присутен исклучиво по ценење на одбраната и негово лично од причина што се уште нема Решение за самоизолација." - рече адвокатот Ристовски.

На ова обвинителката Лиле Стефанова одговори:

" Тестот кој е изготвен вчера покажува дека лицето имало некогаш контакт со вирусот, а не дека е позитивен на вирусот."

Адвокатот Ристовски возврати :

" Фактите се следни дека Камчев има позитивен брз антигенски тест на Ковид 19 од 27 јануари и тој треба да е во самоизолација."

На судењето кое по ова се одложи, не беа присутни ниту сведоците Коце Трајановски, Дејан Митровски, Александар Бичиклиски и претсавник од партијатс ВМРО-ДПМНЕ.

Костадиновска-Стојчевска: Како што ветив, платите се за 12% повисоки за културните работници

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека со тоа, таа го исполни своето ветување.

„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.

Овааа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, изјави министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.

„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.

Таа, како предизборна игранка и манипулација ги оцени реакциите и протестите на СКРМ.

Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа“.

Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права, соопштија од Министерството за култура.ж

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството, го уапсиле со марихуана

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството пред да се донесе одлука за ослободување или евентуален притвор.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде изведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен, објави Индекс.

За потсетување, Трифуновиќ синоќа е приведен во Белград заедно со негов познаник од кого наводно купил марихуана. Трифуновиќ претходно беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми и со полицијата во Хрватска, за време на летниот одмор во Сплит, по што му беше забранет влез во ЕУ.

ЦИА: Без помош од Конгресот, Украина може да биде поразена до крајот на годинава

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година, пишува весникот „Политико“.

Постои многу реален ризик украинците да бидат поразени на бојното поле или барем Путин да биде во позиција суштински да ги диктира условите за политичко решение – рече тој во ленгли на настан во центарот „Џорџ Буш“..

Украинските власти денеска соопштија дека во два руски напада во централниот украински регион Дњепро-Петровск загинале најмалку осум лица, меѓу кои три деца..

притисни ентер