Орбан ја обвини ЕУ дека ги блокираат милијардите за неговата земја од политички причини

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го обвини Брисел дека сака да ги замрзне парите наменети за Унгарија „од политички причини“, односно политиката на Будимпешта кон мигрантите и нејзиното противење на санкциите против Русија.

Европската комисија препорача во средата да се замрзнат повеќе од 13 милијарди евра од европските фондови наменети за Унгарија поради проблеми со корупцијата во земјата.

Комисијата одлучи да биде строга кон Орбан, кого го обвинува за „уцена“, бидејќи го блокира заедничкиот план за помош на Украина од 18 милијарди евра и минималниот корпоративен данок.

Под притисок на Европскиот парламент, Комисијата им предложи на земјите-членки, кои треба да донесат одлука до 19 декември, да суспендираат 7,5 милијарди евра од кохезионите фондови, кои треба да ѝ бидат исплатени на Унгарија во рамки на буџетот за периодот од 2021 до 2027 година. .

Од друга страна, комисијата одлучи да го потврди унгарскиот национален план за закрепнување од пандемијата на ковид-19 (5,8 милијарди евра), но со 27 услови, кои вклучуваат 17 мерки за борба против корупцијата, како и реформи за подобрување на независноста на судството.

Во денешното интервју за јавното радио, Орбан ги обвини „бирократите во Брисел“ дека го одложуваат спроведувањето на планот за помош на Унгарија „од очигледни политички причини“. „Постојат разлики во мислењата меѓу ЕУ и Унгарија за неколку фундаментални прашања и затоа (Брисел) не ја сака унгарската влада“, рече тој.

Брисел „бара отворање на нашите граници за мигрантите, но ние нема да го сториме тоа, воведување на нивната сексуална пропаганда во нашите училишта, но нема да го сториме тоа“, рече тој. Брисел „исто така бара наша безусловна поддршка за санкции и војна (против Москва), но ние нема да го сториме ниту тоа“, рече тој.

„Дури и ако бирократите во Брисел се неправедни кон Унгарија со тоа што секогаш поставуваат нови услови, ние мора да се стремиме да постигнеме договор со ЕУ“, рече тој. Ќе ги воведеме дополнителните барани мерки и не се сомневаме дека ќе успееме да ја убедиме Комисијата во 2023 година“, изјави унгарскиот преговарач Тибор Наврачич.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

Стапуваат во сила дополнителните обврски од ДСА за „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Интернет сајтовите со содржини за забава на возрасни „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“ ќе мора да се усогласат со дополнителни обврски што произлегуваат од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), откако изминуваат четири месеци од нивното назначување за „многу големи онлајн платформи“.

Дополнителните обврски, кои мора да ги почитуваат сите „многу големи онлајн платформи“, односно социјални мрежи, пребарувачи, страници за е-трговија и сајтови кои месечно имаат над 45 милиони корисници од ЕУ, се однесуваат на поднесување извештаи за проценка на ризик до Европската комисијата, воспоставување мерки за справување со системските ризици поврзани со услуги што ги нудат, усогласување со правилата за транспарентност и за емитување рекламите, како и за обезбедување пристап на истражувачите до нивните податоци.

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Целта на Законот за дигитални услуги на ЕУ е да ги натера онлајн платформи да преземат поголема одговорност за обезбедување побезбеден и потранспарентен интернет простор, со тоа што, меѓу останатото, ќе спречат ширење на илегални содржани и ќе ги намалат ризиците по малолетниците.

Општите одредби од Законот за дигитални услуги, покрај за „многу големите онлајн платформи“, од 17 февруари годинава почнаа да важат за сите интернет страници независно од нивната големи. Меѓу овие одредби се и обврските за упатување на известување за соодветност на одредена содржина на возраста на корисниците, забрана за целно таргетирани реклами, пред се насочени кон деца и зголемена транспарентност. /МИА

Хуманитарен концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска

Во Салон 19:19 во Скопје вечерва ќе се одржи концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска (1977-1994), која била ученик на пијано и харфа во училиштето „Илија Николовски-Луј”.

На програмата ќе бидат изведени дела од композиторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович.

На концертот ќе учествуваат музичари од нејзината генерација, Ема Абаџиева – обоа, англиски рог, Весна Ангелова Христов – пијано, Орце Ицковски – фагот, Гордана Јаневска – виолина, Тереза Крцоска – виолина, Јанинка Невчева – пијано, Јулија Нелковска – виолина, Надежда Рубен – сопран, Боро Станковски – виола, Елена Стојческа – флејта, Дарко Трајковски – виолина, Мерсиха Шукри – харфа.

Соученичката на Рафајловска, Мерсиха Шукри, која е единствената харфистка во земјава во изјава за МИА вели дека целта, меѓудругото, е и да се подигне свеста и поддршката за болните од рак.

- Климентина Рафајловска ни беше соученичка во музичкото училиште. За жал, за кратко време нѐ напушти, се разболе од леукемија. Оваа година се навршуваат 30 години од нејзината смрт. Во таа чест, генерацијата се собравме да одржиме концерт во нејзина чест. Воедно, да ја подигнеме свеста и поддршката за сите заболени од лошата болест, вели Шукри, додавајќи дека животот е непредвидлив и затоа е потребно многу повеќе љубов и разбирање.

Човекот е покршлив од стаклото и многу малку е свесен дека секому може да му се случи, вели Мерсиха Шукри.

Во чест на Рафајловска, од 1995 до 2008 година беше доделувана наградата „Климентина Рафајловска” за првенец на генерација, од страна на истоимената Фондација. Меѓу добитниците на оваа награда се и Симон Трпчески, Ирина Наумовска, Никола Атанасов, Александар Краповски и други.

Средствата собрани со продажба на билетите и од донаторската кутија, ќе бидат донирани на Здружението посветено на пациенти болни со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО, а наменети за потребите на пациентите на Универзитетска клиника за хематологија.

притисни ентер