Општина Велес почна со проектот за изработка на студија за јавен градски превоз

Студијата треба да биде готов до февруари 2022 година.

Општина Велес вчера официјално почна со реализација на проектот за изработка на Физибилити студија на изводливост за оптимална мрежа и систем за јавен градски превоз во Велес во вредност од 100.000 долари, финансиски поддржан од УНДП со 60.000 долари и буџетот на општината со 40.000 долари. Студијата треба да биде готов до февруари 2022 година.

Градоначалникот Марко Колев најави дека документот што ќе го добие Општина Велес ќе биде усогласен со буџетските можности на општината, буџетските можности на државата и можностите за кредитирање, со цел да биде изводлив и да може да се реализира во период од четири години.

Мирјам Фишер и Јаир Шпиро, претставници на компанијата „РОМ" му честитаа на градоначалникот Колев за неговиот избор.Тие изразија надеж дека успешната соработка ќе резултира со документ кој ќе помогне Велес да добие јавен градски превоз базиран на потребите на граѓаните. Тие ги известиле присутните на средбата дека во наредните денови ќе престојуваат во Велес и ќе работат на терен на прибирање податоци од граѓаните и институциите за актуелните состојби со јавниот превоз во градот и населените места.

Владо Гроздев, експерт ангажиран од УНДП во рамки на проектот изрази задоволство што првата фаза на проектот заврши успешно, со изборот на стручна компанија. Гроздев побара од тимот на Општина Велес да се вклучи во анализата и коментарите на првичните верзии на студијата. Тој нагласи дека кога ќе заврши проектот, во февруари 2022 година, целта е Велес да добие што поквалитетен и посеопфатен документ

Калифорнија: Големо зголемување на саатницата во рестораните за брза храна

Вработените во рестораните за брза храна во Калифорнија ќе имаат минимална плата од 20 долари на час почнувајќи од следната година. 

Тоа ќе стане највисоката гарантирана основна плата во американската индустрија за брза храна. Претходната минимална плата за час беше 15,50 долари, со што Калифорнија веќе била блиску до врвот.

За споредба, типичниот вработен во ресторан за брза храна во САД минатата година заработил 13,43 долари на час. Демократскиот гувернер Гевин Њусом го потпиша предлог-законот опкружен со радосни работници и ја отфрли идејата дека работните места за брза храна се за тинејџери кои бараат искуство.

„Тоа е романтизирана верзија на свет што не постои. Имаме можност да го наградиме тој придонес, да ја наградиме таа жртва и да ја стабилизираме индустријата“, рече тој. Новата минимална плата стапува на сила од април, а се однесува на рестораните кои имаат најмалку 60 продажни места низ целата земја, пишува „Sky News“.

Новата минимална саатница значи дека работниците со полно работно време ќе добиваат годишна плата од најмалку 41.600 долари. Инаку, 550.000 луѓе работат во 30.000 ресторани за брза храна низ Калифорнија. Се формира и нов совет кој од сега до 2029 година ќе може да ја зголемува оваа саатница за најмногу 3,5% секоја година.

Политичарите во Калифорнија се свртеа кон други индустрии по овој потек и усвоија закон со кој постепено ќе се зголеми минималната плата за час за здравствените работници на 25 долари на час. Во другите сектори, федералната минимална плата е непроменета на 7,25 долари на час од 2009 година, или 15.080 долари годишно за некој што работи 40 часа неделно.

Извор: Индекс.хр

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, мазутот и дизелот не се менуваат

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денара, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98, 89 денари, дизел горивото ќе чини 85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а мазутот 48,715 денари за килограм.

Со оваа Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,231 отсто, кај дизелот зголемување за 0,083, кај екстра лесното масло има намалување за 1,177 и кај мазутот намалувањето е за 0,495 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,308 отсто.

Ј.П. Градски паркинг – Скопје: Од недела започнува зимско сметање на работното време

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2023 год. (недела) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопј

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;

Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:

Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Исто така, од 01.10.2023 се врши промена на работното време и на јавните паркиралишта:

Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ каде услугата паркирање ќе се овозможи 24/7.

Апелираме до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата, стои во соопштението од Ј.П. Градски паркинг – Скопје,

притисни ентер