Општина Тетово по објавата на Касами на ФБ: Не станува збор за главен град на Албанците

Не се работи за никаков „главен град“, туку за „центар“ на Албанците во Македонија. 

Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме. Тоа е реалноста, а тие што сакаат да ја злоупотребат, се обидуваат да и дадат друга насока.

Објавата на градоначалникот Билал Касами наиде на силна осуда од ЛДП , како и од тетовскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа реакција на неговата објава ние како Општински комитет на ВМРО - ДПМНЕ Тетово сакаме да укажеме дека градоначалникот на Тетово треба да е свесен дека промоцијата на Тетово како центар на една заедница подразбира дискриминација на Македонскиот народ и сите други кои живеат во Тетово. Тоа ние нема да го дозволиме [‼️]

Тетово за нас е, и секогаш ќе биде срцето на Македонија и никогаш нема да биде центар само на една заедница.

Градоначалникот Касами има мандат да ги следи трендовите на европските градови, а сите заедно сме тука да работиме и да придонесеме Тетово да прерасне во град во кој младите ќе сакаат да живеат а не град од кој си заминуваат.

Културата и духот на животот во Тетово подразбираат меѓусебна соработка, почитување и градење на подобри услови за живот на сите кои живеат во Тетово.

На крајот сакаме да потенцираме дека улогата на градоначалникот е да создава подеднакви можности за сите без разлика на национална и верска припадност.

Се надеваме дека градоначалникот Касами веќе ја увидел тежината на зборовите во неговата објава и дека е свесен за негативните реакции кај неговите сограѓани Македонци, реагираат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.

Општинската организација на СДСМ од Тетово му порача на градоначалникот Биљал Касами дека не треба да фаворизира една етничка група кога зборува за градот. Ова следи по денешните фотографии објавени на профилот на Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук кој порача „ Добродојдовте во главниот град на Албанците во Македонија, по приемот на дваесетина градоначалници Албанци од регионот.

-Градоначалникот на Тетово Касами очигледно нема ориентација во просторот. Недостојно е за еден градоначалник кој својата плата ја зема од парите на тетовчани кои се и Македонци и Албанци и Турци и Срби, Роми и други, да споделува вакви ставови фаворизирајќи една етничка група. Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови. Очекуваме и неговиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ да излезе со осуда на ваквите ставови на нивниот градоначалник, се вели во соопштението на СДСМ Тетово.

Според соопштение од Општина Тетово, „градоначалникот денеска одржа средба со градоначалниците на општините во Косово и градоначалникот на општина Бујановец (Србија), на која се разговараше за реализација на заеднички проекти и за продлабочување на соработката меѓу нив“.

-Со задоволство денеска во Тетово ги пречекавме градоначалниците и амбасадорот на Албанија во Косово, Ќемал Минџози, со кои веќе имаме многу успешна соработка и сето тоа е во насока на градење мостови на соработка во сферата на економија, образование, култура и спорт. На оваа средба Касами го истакна фактот дека Тетово како важен туристички и економски центар ги нуди сите можности и изразува подготвеност заедно со општините на Косово и Албанија да аплицираат во ИПА фондовите за реализирањето на проекти, се вели во соопштението.

Касами заедно со делегацијата ги посети Шарена Џамија, комплексот Арабати баба Теќе и други културни објекти.

Ќерката на Мадона, Лурд, тврди дека е проколната во љубовта

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, иако има само 26 години, е во центарот на вниманието на светската јавност како наследничка на кралицата на попот.

Таа исто така многу рано влезе во светот на музиката, а кариерата ја гради под уметничкото име Лолахол, иако е многу поуспешна во светот на манекенството.

Зад себе веќе има неколку неуспешни љубовни врски кои го привлекоа вниманието на јавноста, а Лурд вели дека за неа љубовта е проклетство.

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, иако има само 26 години, е во центарот на вниманието на светската јавност како наследничка на кралицата на попот.

Со години се шпекулира дали и се допаѓаат мажи или жени, а сега таа одлучи да стави крај на таа приказна.

- Би рекла дека мојот најголем грев е што сакам момчиња. Тоа е такво проклетство. Јас сум болно стрејт, тоа е ужасно. Посакувам да не беше така, но за жал, ова се картите што ги добив – изјави таа во интервју за „The Face“.

Летонија има нов претседател, тој е деклариран геј

Министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс, беше избран во парламентот за нов претседател на земјата.

Шефот на латвиската дипломатија од 2011 година, 49-годишниот деклариран хомосексуалец ќе го замени Егилс Левитс, кој одлучи да не се кандидира за втор мандат.

„Ќе направам се за да ја направиме нашата земја просперитетна и безбедна“, рече Ринкевичс по гласањето во парламентот. Ринкевичс јавно се изјасни како геј во 2014 година. Тој беше првиот политичар во Латвија што го стори тоа. Летонскиот претседател има главно церемонијална улога.

Летонија е членка на ЕУ и НАТО и силно ја поддржува Украина во војната против руската агресија и нејзиниот пристап во ЕУ и НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на Ринкевичс за неговиот избор, велејќи дека тој е „вистински пријател на Украина“.

Летонија ќе биде во добри раце во следните четири години“, рече Левитс по изборот на неговиот наследник. Пред да стане министер за надворешни работи, Ринкевичс работеше како надворешнополитички аналитичар за јавното радио Латвијас Радио, а потоа работеше во Министерството за одбрана и Кабинетот на претседателот, пренесе Индекс.хр.

Огромен интерес за најскапиот телефон од „Google“

„Google Pixel Fold“ сега е подготвен за претпродажба, но изгледа дека топ моделот со 512 GB простор официјално го нема на залиха во САД.

Моделот со 512 GB е достапен само во обсидијан црна боја и покрај цената од 1.919 долари (1.899 евра), се чини дека е моделот што предизвикува најголем интерес кај купувачите.

Официјалната продавница на „Google“ сè уште го има на залиха „Pixel Fold“ од 256 GB во обсидијан и порцелан.

„512 GB Pixel Fold“ сè уште е достапен за нарачка однапред во ОК, Германија и Јапонија. Телефонот ќе биде пуштен во продажба на 27 јуни.

За потсетување, првиот телефон на „Google“ на преклопување – „Pixel Fold“ - се напојува со чипот „Tensor G2“, истиот процесор кој ја напојува серијата „Pixel 7“ и има импресивен систем со три камери на задната страна.

притисни ентер