Општина Охрид нема да дозволува урбана опрема на плажите

Општина Охрид нема да дозволува урбана опрема на плажите, исклучок субјектите што имаат важечки договори за тековната сезона.

Општина Охрид нема да дозволува диво поставување урбана опрема на плажите на Охридското Езеро, единствено само оние субјекти што имат склучено соодветни договори со Општината.

Приватните сместувачки и угостителски објекти кои се лоцирани во првата крајбрежна зона на езерото имаат право да стопанисуваат со плажите пред објектите само во согласност со склучените договори со Општина Охрид, во кои е утврдена површината за поставување на урбана опрема.

Такви договори, според Општина Охрид, имаат сместувачките капацитети вила „Свис", хотел „Холидеј-М", хотел „Орце Николов", хотел „Аквалина", хотел „Силекс", хотел „Лагадин", хотел „Мизо", хотел „Десарет", хотел „Инекс Горица", хотел „Гранит", хотели „Метропол", угостителските објекти „Бонанаца", „Егоист", „Голден бич" и автокампот „Љубаништа". Согласно склучените договори со важност од 3 јули заклучно со 30 септември, правните лица кои се сопственици на овие сместувачки и угостителски објекти за поставување на урбана опрема плаќаат надомест на Општина Охрид.

Со цел да се спречи узурпирање на поголем простор и поставување на лежалки, маси, столици и реквизити надвор од договорената површина за поставување на урбана опрема, инспекторите од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведуваат редовни контроли на плажите.

Од Општина Охрид најавуваат дека контролите ќе бидат континиурани во текот на целата летна сезона и ќе бидат во координација со Државниот пазарен инспекторат. Редовни контроли ќе се спроведуваат и на слободните плажи кои не се издадени под концесија и за кои нема договори за поставување на урбана опрема, со цел да се превенира диво поставување и издавање на реквизити.

Активностите се спроведуваат во насока на воведување ред во стопанисувањето со брегот на езерото и обезбедување повеќе слободен простор за жителите и туристите, кои одмараат на крајбрежјето.

Про-руските власти прогласија победа на референдумите за присоединување кон Русија

Пребројувањето заврши, четирите украински региони под руска контрола ги слават резултатите од спорните референдуми, чиј епилогот е безмалку максимален. 

Според проруските сили, Херсон со 87 проценти го поддржал припојувањето кон Русија, Запорожје со 93, Доњецк со 98, Луганск со 99 проценти. Лидерите на самопрогласените републики веќе отпатуваа за Москва, откако претходно му се обратија на Путин.

-Почитуван Владимир Владимирович, ви се обраќам во име на луѓето од регионот Луганск. Ве замолувам да го разгледате прашањето за приклучување на Народна Република Луганск кон Русија., изјави Леонид Пасечник , лидер на самопрогласената Република Луганск.

-Сега одиме напред, напред кон Русија! Создади, гради и конечно победи! Благодарам. , изјави Денис Пушилин, Лидер на самопрогласената Република Доњецк.

Сега на потег Путин, кој се очекува веќе в петок да ја соопшти анексијата на окупираните региони, по што одлуките треба да ги ратификува руската Дума. Украинскиот претседател Зеленски вети дека со помош на западните партнери нема да дозволи ново кримско сценарио.

-Оваа фарса на окупираните територии не може да се нарече ниту имитација на референдум. Руската реализација на „кримското сценарио“ и новиот обид за анектирање на украински територии ќе значи дека со рускиот претседател нема да има преговори. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Европската Унија соопшти дека ќе воведе санкции за организаторите на референдумите, кои ги нарече незаконски и со фалсификуван исход. , порака што ја испратија и западните земји на седницата на Советот за безбедност.

-Соединетите Американски Држави никогаш нема да признаат територија која Русија ќе се обиде да ја заземе или наводно анексира. Линда Томас Гринфилд, амбасадорка на САД во ОН.

На руските гранични премини и натаму расте притисокот, паралелно со стравот дека целосната мобилизација е прашање на време.

-Луѓето кои чекаат овде се плашат дека порано или подоцна ќе биде објавена целосна мобилизација, а потоа никој нема да може да ги помине границите. , изјави жител на Русија.

Проценките се дека досега над 200 илјади Руси побегнале од земјата, а загриженоста на Путин се обиде да ја ублажи белорускиот колега Лукашенко.

-Да речеме дека бегаат 30.000 или 50.000 луѓе. Ако останат, дали тоа ќе бидат наши луѓе? Дозволи им нека бегаат. , изјави Алескандар Лукашенко, претседател на Белорусија.

МЖСПП: Проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“ покажа успешни резултати

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“ во пилот населбата Лисиче покажа успешни резултати.

Мерките преземени за подобрување на енергетската ефикасност на домовите и замената на старите грејни тела и шпорети со нови во над 120 домаќинства во населбата Лисиче дадоа резултат и покажаа намалување на загадувањето на воздухот внатре во домовите и во околината каде што беа направени интервенциите. Овие анализи беа презентирани на завршниот настан на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“, финансиран од Шведска, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје.

Податоците врз кои се направени анализите беа собирани од повеќе мобилни и статични мерни станици кои во минатите две години беа поставени на повеќе места низ населбата и вршеа мерења на загаденоста на воздухот кои потоа беа анализирани со најсовремена опрема на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, набавена токму за оваа намена.

Истакнувајќи ја важноста на добрата и координирана соработка на сите нивоа, вклучително и на академската заедница, министерот Нуредини зборуваше за придобивките на Министерството и на граѓаните од овој проект.

-Доопремување на Државниот мониторинг систем за квалитет на воздухот со поддршка на Шведската Агенција за заштита на животната средина овозможи истиот да биде во добра кондиција пред претстојанта грејна сезона - истакна министерот Нуредни најавувајќи дека од буџетски средства покрај новите станици во Берово и Прилеп до крајот на годината уште една во Охрид ќе биде ставена во функција. Исто така, Нуредини укажа на важноста на Студијата за утврдување на уделите на различните извори на емисија во Градот Скопје, бидејќи таа овозможи научна поткрепа во детектирањето на изворите на загадување.

Според Нуредни проектот на практичен начин ја покажа важноста не само на изборот на начинот на затополување, потребата од штедење на енергијата, туку и на енергетската ефикасност на домовите и на јавните установи во справувањето со загадувањето на амбиенталниот воздух.

- Кризата не е само кај нас, туку е секаде во Европа и пошироко, но ние и понатаму остануваме на определбите дека мора да се внимава при користење на енергенсите што ќе ги користиме за затоплување, да се избираат енергенси што се помалку штетни за животната средина, без оглед дали станува збор за дрво, пелета, или друг вид на гориво бидејќи најпосле станува збор за нашето здравје. Секое гориво има пропишани стандарди што треба да се почитуваат при изборот и купувањето, треба да се почитувааат препораките на Владата за штедење на струјата и секако во рамките на можностите да се внимава на енергетската ефикасност на домовите, но и на институциите – изјави Нуредини.

Во рамки на проектот вреден над два милиони американски долари, 129 социо-економски ранливи домаќинства добија финансиска помош. Во 81 домаќинство се заменети старите врати и прозорци со нови, направени се 39 енергетски ефикасни фасади и реновирани се 33 покриви. Инсталирани се 428 инвертери и пет топлински пумпи, а 37 стари печки и шпорети се заменети со со нови печки на пелети.

На настанот се обратија и шведската амбасадорка Ами Ларсон-Џеин, Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан и градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски.

СДСМ Арачиново за скандалозната објава - Фејсбук странцата била хакирана

Фејсбук странцата била хакирана – вакво е образложението на претседателот на општинскиот огранок на СДСМ од Арачиново

Фејсбук странцата била хакирана – вакво е образложението на претседателот на општинскиот огранок на СДСМ од Арачиново, за скандалозната објава со повик членовите да се пријават во нивните канцеларии доколку сакаат да бидат примени за професионални војници во АРМ.

Арменд Рамадани во писимена изјава за Канал 5 тврди дека ниту тој, ниту останатите општински фунционери не стојат зад објавата, која веќе е избришана, а од неа синоќа се огради и централата на СДСМ, најавувајќи одговорност по расчистувањето на случајот..

-Потполно ја отфрлуваме таа објава, бидејки СДСМ не е агенција за вработување.- Арменд Рамадани, претседател на О.О СДСМ – Арачиново.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ не верува на објаснувањата и оградувањата на СДСМ и обвинува за партиски вработувања, со знаење партискиот врв.

„Ова е дебакл за владата, за Ковачевски, за Петровска и за целиот нивен кабинет. Се срамам што овие луѓе ја претставуваат Македонија што треба да учествуваат на Самити на НАТО, се срамам што ја водат Македонија така едни неспособни, едни криминални луѓе што ја партизираат државата.“-Драган Ковачки, ВМРО – ДПМНЕ.

Се огради и Министерството за одбрана. Тврдат дека ќе изберат војници кои ќе ги исполнат критериумите, а влијанија не се дозволуваат.

-Ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумите за стручност и компетентност.- Министерство за одбрана.

Со сличен став се огласија и од владата.

„Ставот на Владата е политичките партии да бидат подалеку од Армијата и тој став е јасно изразен во измените на Законот за служба во Армијата.“-Душко Арсовски, портпарол на Влада.

Огласот за враобтување на 200 војници завршува денеска.

притисни ентер