Општина Маврово и Ростуше доби донација од ЕУ во заштитни маски и средства за дезинфекција

Општина Маврово и Ростуше деновиве добила донација од ЕУ, која се состои од заштитни маски и средства за дезинфекција, наменети за поддршка на напорите на локалната самоуправа во борбата против Ковид-19.

– Донираните материјали се резултат од заштедите кои се направени во рамки на проектот ,,Подготвителни активности за ИПА 2020, Програма за поддршка на општините" (Prep4MSP) кој е проект финансиран со средства од ЕУ во блиска соработка со Делегацијата на ЕУ во Македонија во рамки на грантовата шема ЕУ за општините, информираа од општината.

Од таму искажуваат голема благодарност до делегацијата на ЕУ во Македонија.

Во изминатиот период во неколку наврати Јавната здравствена установа „Д-р Русе Бошковски" во Ростуше, доби заштитни средства, скафандери,визери, медицински маски од повеќе компании и институци./МИА

Оштетените штедачи од Еуростандард Банка бараат закон за нивно обесштетување

За ова наше барање, Здружението претходно доби поддршка и од Владата на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи, каде беше искажана волја за наоѓање решение на проблемот од нивна страна.

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во Собранието со цел барање на поддршка во изнаоѓање на итно, изводливо и ефикасно решение за оштетените штедачи од Еуростандард Банка – физички и правни лица.

Оштетените штедачи бараат итно носење законско решение со кое државата ќе ги превземе побарувањата на физичките и правни лица депоненти во Еуростандард Банка и во целост парично ќе ги обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса.

– За ова наше барање, Здружението претходно доби поддршка и од Владата на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи, каде беше искажана волја за наоѓање решение на проблемот од нивна страна. Пратеничките групи од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, и Левица дадоа целосна поддршка за носење на законско решение во најскоро можно време со коешто ќе се изврши целосно парично обештетување на физичките и правни лица депоненти од Еуростандард Банка. Во наредните денови ние како Здружение очекуваме да се дефинира текстот на законот за што Здружението бара од Владата и парламентарните групи во Собранието итно носење на законското решение со цел да се заштитат граѓаните и фирмите од понатамошни трагедии и последици кои ќе настанат не по нивна вина, се наведува во соопштението од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка.

Во Битола почнува фестивалот „Музика од светот"

 Со музичко-актерскиот перформанс „Патеки" кој ќе се одигра во амфитеатарот на Хераклеа Линкестис, вечер во Битола почнува 12. издание на фестивалот „Музика од светот".

Пред публиката во Битола ќе настапат солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска и Тамара Стојковска, а ќе ги придружуваат членовите на битолскиот Камерен оркестар. Специјален гостин на вечерта е Дарко Нешовски кој настапува во Операта во Малме, Шведска.

Во музичко-актерскиот перформанс „Патеки" режиран од Јован Ристовски, учествуваат и актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.

Фестивалот „Музика од светот" го организира НУ Центар за култура, а финансиски е поддржан од Министерство за култура и Општина Битола.

За отворање на границите ќе се одлучува следната недела

Земјите од регионот следната недела се очекува конечно да одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Патот кон" на ТВ Алсат-М, рече дека бидејќи епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, властите на земјите од регионот најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата. Но, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест за да се премине границата.

Се очекува следната недела координатор на нашето Министерство за здравство пред преставниците на другите држави да ја презентира состојбата во земјава со Ковид-19, по што на нов состанок ќе треба да се договори заедничка политика за границите.

притисни ентер