Општина Куманово: Управниот суд го укина решението на Атикорупциска кое се однесуваше на градоначалникот и претседателот на советот

 Управниот суд го поништил решението на Антикорупциската комисија кое се однесува на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и претседателката на Советот, Атина Мургашанска, информираа денеска од општината.

-Управниот суд на Република Северна Македонија го поништи решението на Антикорупциска комисија 12-22570/9 од 06.05.2019 година кое се однесува на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Советот на општината, Атина Муграшанска.

Антикорупциската комисија донесе решение по дадена претставка на ВМРО-ДПМНЕ, за наводно користење на општински простории во Куманово за промоција на тогашниот претседателски кандидат Стево Пендаровски. Управниот суд смета дека при донесувањето на решението на Антикорупциска комисија нецелосно ја утврдила фактичката состојба, поради што не била во можност да цени дали правилно е применето материјалното право, стои во известувањето на општината.

Според Управниот суд и приложените докази, салата ја користат повеќе политички субјекти, здруженија и невладини организации со оглед на фактот дека на подрачјето на Општина Куманово нема друга соодветна сала.

– Исто така било укажано и дека салата не е во сопственост на Општина Куманово и нема исклучиво фактичко владение на истата. Поради тоа од тужбените наводи и доказите приложени кон тужбата произлегува дека не е со сигурност јасно дали просторот во кој се одржала средбата со граѓаните е во фактичко владение сега на Општина Куманово, имајќи предвид дека за предметната зграда се води судска постапка за утврдување на правото на сопственост, а кое нешто го потврдува и самиот тужен орган. Наведеното, дотолку повеќе што диспозитивот на оспорената одлука не содржи податоци по однос на недвижноста која е предмет на спорот, се наведува во соопштението на општината.

Британија ги укинува мерките за карантин за десетици дестинации

Мерките за карантини за луѓето кои патуваат во Велика Британија од околу 70 земји и прекуокеански територии, вклучително и Франција и Италија, повеќе нема да се применуваат, пренесува Ројтерс.

Станува збор за обид за заживување на авио и туристичката индустрија, кои се погодени од ковид-19.

Патниците кои доаѓаат од земји со висок ризик, сепак ќе треба да се изолираат 14 дена, но многу популарни дестинации се слободни од обврската, што значи дека милиони Британци ќе можат да одат на одмор без да бидат ставени во самоизолирање по враќањето од тие земји.

Извршниот директор на аеродромот Хитроу, Џон Холанд-Кеј ја поздрави одлуката, но додаде дека треба да се направат повеќе за да се олесни патувањето од други земји и области со низок ризик, како Сингапур или Канада.

„Исто така, треба да размислиме како да се поврземе со нашите многу важни трговски партнери, како САД, што спаѓаат во земјитер со висок ризик, но некои делови од земјата сепак се со низок ризик“, рече Холанд-Кеј.

Историска ждрепка на УЕФА – спектакли во четвртфиналето

Ждрепката за самиот крај на Лигата на шампионите се одржа напладне во Нион.

Непосредно пред финишот на натпреварувањето, во систем кој никогаш не се случил во историјата на Лигата на шампионите,затоа што турнирот ќе се игра во Лисабон, беа извлечени двојките за 1/4 финалето.

Првиот пар и веднаш дерби во најава, подобрите од осминафиналните пресметки, Манчестер Сити - Реал Мадрид (првиот натпревар 2: 1 за „Граѓаните“) односно Јувентус и Лион (0: 1).

Загарантиран е нов спектакл во второто четвртфинале, германскиот гигант Барен Минхен го очекува подобриот од реваншот Барселона - Наполи (1: 1) . Шампионот на Бундеслигата во осминафиналето го декласираше Челси (3: 0).

Во преостанатите два пара, Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид се големи фаворити против Аталанта и Лајпциг, но оваа сезона нè научи дека изненадувањата се вообичаени.

Особено бидејќи финалето ќе се игра на еден натпревар .

Познат е и потенцијалниот пат до финалето, односно колку е првата група посилна од втората на прв поглед, затоа што ја сочинуваат Реал, Сити, Јувентус, Барселона и Баерн, во споредба со ПСЖ и Атлетико, кои се посилните во втората група.

Полуфинале:

Реал Мадрид / М. Сити / Лион / Јувентус - Наполи / Барселона / Челзи / Баерн

Лајпциг / Атлетико Мадрид - Аталанта / Пари Сен Жермен

Правилата на ждрепката се такви што нема привилегирани екипи, што е логично, но и дека оние од истата земја ќе можат да ги исполнат.

Домаќинот на Лигата на шампионите, Лисабон, обезбеди два прекрасни објекти за најдобри - стадионот на Бенфика Ла Луз и Спортинг - Хозе Алваладо, наместо претходно договорениот Истанбул, кој е погоден од коронавирусот.

Едно е сигурно - ќе добиеме нов европски шампион затоа што актуелниот првак Ливерпул беше елиминиран во осмина финалето од Атлетико Мадрид.

„Само Вистина“ вечерва со Игор Јанушев

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе гостува Игор Јанушев.

Дами и господа, определени и неопределени, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра предизборна програма, а кој поголем политички „шарм“, вечерва во Само Вистина ќе гостува носителот на кандидатската листа во третата изборна единица, Игор Јануше

За СДСМ реториката на сегашното ВМРО-ДПМНЕ е иста како во време на „Груевизмот“, обнова на „режимот“ или исправање на „кичмата“, ќе ни каже ли Јанушев што е поразлично во партијата откако Мицкоски е лидер?

„Ние и вие“, премиер Албанец или премиер на сите граѓани во Македонија?

Дали некој можеби му ја „симна“ националистичката „маска“ на Села или тивка „федералзација“ се готви во политичката „кујна“?

„Бомби“ или политички „петарди“, стана ли кампањата, театар на „отворено“?

Кој мисли за народот, а кој за својот „дупнат“ џеб, вечерва на политичката арена каде се говори Само Вистина со Игор Јанушев, само на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер