Општина Карпош: Ние сме вистински партнер на младите луѓе

Општина Карпош е во една од последните фази за ресетирање на Локалниот младински совет кој директно ќе учествува во креирањето локални политики, унапредена е поддршката за талентираните ученици – научници и спортисти.

Ова го констатираше градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев на јавната дискусија за млади: „Од ветено до реализирано: Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците“?, во организација на здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“.

На јавната дебата се гледаше степенот на реализација на проектите за млади, ветени во изборните програми на градоначалниците во 2017 година.

Богоев се осврна на фактот дека младинското учество во Карпош е на многу повисоко ниво од порано.

Ова за мене е природно, затоа што и јас дојдов од младинскиот сектор и најголемата поддршка ја добив токму од младите. Покрај тоа што се законски обврски од Законот за младинско учество и младински политики, работиме и на други сегменти. Развивме мобилна апликација, „мЗаедница“, која покажува дека 73 % од корисниците се млади луѓе до 29 години. Именувавме службеник за млади, а сега се фокусираме и да отвориме канцеларија за млади, рече Богоев.

Тој истакна дека особено е важна улогата на Локалниот младински совет. Тоа не смее да биде тело кое ќе се претопи во секојдневните активности и актуелни моменти туку да работи на среден и долг рок за потребите на младите луѓе.

Добро е младинскиот совет да се грижи и за заштита на јавните простори, раззеленување и изведба на детски игралишта, но одговорноста ќе биде и многу поголема. Очекувам ова тело да иницира соработка со приватните компании од нашата територија. На тој начин, да овозможиме пракса, волонтирање или работа за младите – жители на Карпош. Очекувам вмрежување со средните училишта и факултети, обуки, доусовршување, за младите да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Еве, овие денови овозможуваме пракса на ученици од средното економско – правно училиште „Васил Антевски – Дрен“, посочи градоначалникот.

Во интерактивниот дел, Богоев одговараше на прашањата од претставниците на младинските организации. Тие се интересираа за фактот како општината ги консултира младите за да се направи некое игралиште, парк или слично.

На крајот на секоја година правиме теренска анкета, која опфаќа различни возрасни групи, а спроведуваме и онлајн прашалник. На тој начин, директно, од секоја урбана заедница ги согледуваме реалните проблеми и потреби. Паралелно, имаме двонасочна комуникација преку „мЗаедница“, социјалните мрежи, но важно е да се обезбеди системски механизам за младинско учество, а тоа ќе се овозможи преку Локалниот младински совет, одговори градоначалникот.

На настанот учествуваше и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Младинскиот настан го модерираше Блажен Малески од независната истражувачка организација „Реактор“.

Присутните даваа предлози и идеи за проекти кои би биле дел од новите изборни програми на градоначалниците.

Oдделение за односи со јавноста

Општина Карпош

МВР со оперативен план ќе се грижи утрешниот изборниот ден да помине во мирна атмосфера

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

На утрешниот прв круг од претседателските избори ќе може да гласаат и граѓаните кои немаат валидни документи со „Северна “ или по рок на важност им истекле личната карта или пасошот во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите, односно по 24 јули 2023 година. Истото ќе важи и за изборите на 8-ми мај, согласно измените на Изборниот законик од 7-ми март.

Воедно, граѓаните и утре ќе можат да ги подигнат нивните веќе изготовени лични документи.. Од МВР посочуваат и дека скопјани ќе можат личните карти да ги подигнат и во полициските станици.

„ Одделенијата за управни работи работат се со цел граѓаните кои не ги подигнале личните карти да можат тоа да го направат и утре за да го остварат своето право на глас, се разбира граѓаните ќе можат да одат од 8-19 часот да одат во одделенијата за управни работи во градовит екаде што живеат,а за Скопје знаеме дека личните карти се подигнуваат од надлежните полициски станици. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од полицијата велат дека сите сектори за внатрешни работи се целосно подготвени за гласањето да помине во најдобар ред. Информираат дека како и за претходните избори така и за овие формиран е посебен оперативен штаб кој е насочен кон реализацијата на изборниот процес.

„ Досега нема никакви ниту индиции ниту најави за било какви проблеми, се надеваме ние ќе направиме се процесот да помине најдобро што може, полицијата е подтовена за граѓаните да можат слободно да ја изразат својата волја. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори. 

Од Државанта изборна комисија соопштија дека се ореземаат сите чекори утрешниот изборен ден да помине во најдобар ред. Пред ДИК е Андријана Лазова.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Ден пред изборите гласаа и затворените и притворени лица, како и оние во домовите за стари лица

Без никакви проблеми тече гласањето во затворите во Македонија, пред утрешните претседателски избори во земјава.

Првиот човек на КП Дом Идризово истакна дека гласањето почнало навреме и се надева дека до 19 часот поголем дел од затворениците ќе го искористат своето право на глас.

Директорот Јовановски исто така истакна дека женското одделение завршило со гласањето и своето право на глас го искористиле 80 отсто од затвореничките.

-Од пријавени 1084, 887 затвореници имаат право на глас. Досега имаме околу 20 отсто излезеност. Имаме ние воспоставено динамика на гласање, така да мислам дека до 19 часот ќе излезат поголем процент на гласачи. - Зоран Јовановски – директор на КП Идризово

Инаку, освен затворениците, денеска гласаат болни и изнемоштени и лица во старски домови.

Процесот се одвива без никакви неправилности и во најдобар ред, информираат од општинските изборни комисии.

-На територијата на Кисела Вода, за денешно гласање имаме пријавено 41 болно и немоќно лице, кои ќе гласаат во својот дом и 46 лица коишто гласаат во три старечки домови.- Татјана Алексовска - Сапунџиоска ОИК Кисела Вода

-На територијата на О. Центар има пријавно 23 лица, болни и изнемоштени, каде треба да се гласа на нивните домашни адреси. Во текот на денот вршиме достава на избирачкиот материјал до избирачките одбори и тие се должни да го спроведат гласањето во нивните домови.- Живко Мијовски ОИК Центар

Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.

Инаку, право на глас на овиее избори имаат 1.814.317 гласачи, кои ќе гласаат на 3480 избирачки места во целта земја.

притисни ентер