Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон колекторскиот систем

Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон колекторскиот систем Илинден-Марино.

Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон колекторскиот систем Илинден-Марино. На овој колекторски систем ќе бидат поврзани приближно 2500 домаќинства од населените места Илинден и Марино, со што ќе се реши проблемот со одведувањето на фекалните отпадни води и значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите.

Од Општина Илинден информираат дека веќе интензивно работат на поврзување на домаќинствата кон Колекторскиот систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино, кој е во вкупна должина од 5000 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Илинден, кон десниот крак од колекторот што ги опфаќа фекалните цевки кои се наоѓаат во профилот на отворениот одводен канал.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направил увид на терен каде се работи на приклување на домаќинствата и притоа истакнал дека интензивно се работи на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, како и подобрување на инфраструктурата во Општината.

Додал дека во дел од домаќинствата веќе се приклучени, а најавил дека ќе се продолжи со поврзување и на останатите домаќинства кон колекторскиот систем, а кои во наредниот период ќе бидат приклучени на пречистителна станица.

Министрите Тошковски и Дачиќ во посета на ГП Табановце, во рамки на кампањата „вози одморен“

Возачите да внимаваат на себе да одмараат, да консумираат вода и течности да се заштитат себеси и останатите учесници во сообраќајот, порачаа денеска надлежните од републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Според податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, најголем број сообраќајни несреќи се случуваат во летниот период, поради уморот како последица од повеќе часовното возење. За да ја зголемат свеста кај возачите од опаснсота да се вози изморен, денеска на граничниот премин Табановце беше промовирана кампањата „Вози одморен“.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски повика најави воведување на олесните мерки за побрз проток на возилата на граничните премини, но не сакаше да прецизира од кога ќе стапат на сила.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ напомена дека заложбите на Србија е да се олесни протокот на возила на граничниот премин со Македонија, но секогаш има оправдани стравувања дека истите олеснувања можат да се злоупотребат за шверц и миграција.

Граѓаните кои ги затекнавме на Табановце не се жалеа на метежот. Рекоа дека за влез во Македонија се чека околу 15 минути.

По промоцијата на кампањата, министерот Тошковски замина во дводневна официјална посета на Република Србија каде што ќе оствари билатерална средба со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и премиерот Милош Вучевиќ.

Кербер ќе се пензионира по Олимпијадата

Поранешната светска тенисерка број еден, Германката Анџелик Кербер ќе се пензионира по Олимписките игри во 2024 година во Париз.

- Пред почетокот на Олимпијадата, веќе можам да кажам дека никогаш нема да го заборавам овој турнир, бидејќи ова ќе биде мојот последен професионален како тенисер. Го сакам овој спорт со целото мое срце и благодарен сум за спомените и можностите што ми ги даде. Како дете можев само да сонувам да пораснам со рекет во раце и да го достигнам ова ниво. Сега ќе одвојам време да ја впијам секоја секунда од најновите натпревари на теренот. Ви благодариме на сите за поддршката. Таа ми значи многу, напиша Кербер на социјалните мрежи.

Триесет и шестгодишната Кербер има освоено 14 ВТА титули во сингл.

Таа, исто така, освои сребро на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро и стигна до финалето на Фед купот (2014) како дел од германската репрезентација.

Министерот за здравство Арбен Таравари негира дека имало неправда кон медицинската сестра

Ниту денеска кога ја посети Детската клиника министерот Таравари не се сретна со медицинската сестра за лично да се информира околу наводниот случај на повредено бебе на оваа клиника. 

Случајот заврши со помирување помеѓу Медицинската сестра и родителите на тримесечното бебе, а интересот во јавноста за него се изгуби откако директорот на клиниката соопшти дека комисијата утврдила дека никој немал намера да му се нанесат повреди на детенцето, какви што беа првичните обвинувања. Таравари кој првично порача доколку има вистина во пласираните информации ќе следуваат санкции, негира дека имало неправда кон сестрата

-Дека сме ја оцрниле сестрата, не е вистина. Јас се надевам дека сестрата ќе ја сретнам на работа кога ќе дојдам четврт пат на Клиниката и ќе разговарам со нејзе. Сега имам доволни информации и гледам дека, најверојатно не е намерно,- изјави, Арбен Таравари – министер за здравство.

Откако владата одлучи да се вработат 600 приватни специјализанти во болниците, министерот истакна дека нивните вработувања ќе одат етапно.

-Од вкупно 647 специјализанти, 300 ќе бидат вработени оваа година. Сега треба да поставиме критериуми и треба да побараме каде има интерес во јавните здравствени установи. 300 други ќе останат за идната година,- изјави, Арбен Таравари – министер за здравство.

Инаку, причина за посетата на Таравари во Клиниката за детски болести беше комплетно реновираната невролошка амбуланта, која според министерот за здравство ќе резултира со поефектна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти.

За таа цел, обезбеден е и нов апарат – ехосонограв, кој овозможува квалитетна, навремена и точна дијагностика.

притисни ентер