Општина Ѓорче Петров: При носењето на ДУП-от СЗ 24, Блок СЗ 24.03 се почитувани сите процедури

Сега донесениот ДУП е изработен во согласност ГУП на Град Скопје 2012 – 2022 и Регулациски план на ГУП за четврт СЗ 24 од 2018 година, порачуваат од локалната самоуправа.

Со Деталниот урбанистички план за градска четврт СЗ 24, Блок СЗ 24.03, што го донесе Општина Ѓорче Петров се овозможуваат услови за градење на просторот, но се уште не е дадено одобрение за градење кое се издава врз основа на основни проекти за градбите, во постапка согласно Законот за градење. Сега донесениот ДУП е изработен во согласност ГУП на Град Скопје 2012 – 2022 и Регулациски план на ГУП за четврт СЗ 24 од 2018 година, порачуваат од локалната самоуправа.

Велат дека се почитувани сите процедури во постапката за негово донесување, кои се во согласност со одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање, и оти се обезбедени согласности и позитивни мислења од сите релевантни институции, вклучувајќи ги и Град Скопје и Министерството за транспорт и врски.

Претходниот план „ДУП за локалитет Јурија", додаваат, е од 2001 година и не е во согласност со намените за просторот дефинирани со плановите од повисоко ниво, а донесени подоцна, во 2012 и 2018 година.

-Решението на новиот план нуди современ концепт за развојните потреби на општината. Воедно, максимално дозволените нумерички параметри за градежната парцела не дозволуваат изградба на целата површина за градење со височина од 58 метри. Зададена е височина од П до П+17 (од приземје до приземје и 17 нивоа), при што максимално дозволената бруто развиена површина за градење условува дека со П+17 може да биде изведен само мал дел од површината. Всушност, ова е планска одредба со која ќе се условат архитектите да изнајдат посмели архитектонски решенија за градбите, со разиграни и денивелирани површини и волумени, односно интенцијата е да се побегне од стерилните архитектонски решенија кои беа вообичаени во изминатиот 10-годишен период – кога се реализираа „ѕидови" долж улиците, посочуваат од Општината.

Нагласуваат дека апсолутно нема да биде спречен протокот на воздух.

-Соодветно на претходното образложение за условеноста на проектирање на разиграни и денивелирани површини и волумени на градбите, по целата должина ќе се појават продори во површините за градење. Во просторот значаен дел е одделен за зеленило. На дури 4257 квадратни метри планиран е јавен парк, во зона надвор од градежни парцели. Дополнително, зададен е услов за реализација на градбите според кој мора да се обезбеди најмалку 20 отсто површина под зеленило во рамките на градежните парцели. Овие 20 отсто претставуваат 6106 квадратни метри на ниво на плански опфат. Оттука, со планот е предвидено најмалку 10363 квадратни метри од површината да биде под зеленило (4257+6106), што претставува 27 отсто од површината на блокот СЗ 24.03 – во рамките на регулационата линија како што е дефинирана со планот од повисоко ниво РПЧ СЗ 24, нагласуваат од Општина Ѓорче Петров.

Потсетуваат дека беа спроведени две јавни анкети за Деталниот урбанистички план од кои првата во периодот од 12.07.2019 до 25.07.2019, а втората во периодот од 18.09.2019 до 24.09.2019.

-Соопштенијата за јавните анкети беа соодветно објавени во два дневни весника, но и на веб страницата на Општина Ѓорче Петров (каде и се уште може да се видат, во секцијата со објави и соопштенија од постапките за донесување на урбанистички планови). На двете анкети планот беше истакнат во М.З. Дексион, а стручните служби од Одделението за урбанистичко планирање во општина Ѓорче Петров беа и се достапни за какви било прашања и консултации. Одржани се и јавни презентации на планот – првата на 16.07.2019 и втората на 19.09.2019, двете во просториите на М.З. Дексион на кои беа поканети да присуствуваат сите заинтересирани граѓани и претставници на релевантни институции и комунални претпријатија, прецизираат од општината. /МИА

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

притисни ентер