Општина Центар: Се продолжува рокот за пријавување на лични асистенти

Се продолжува рокот за пријавување на лични асистенти на учениците со посебни образовни потреби.

Општина Центар го продолжува рокот за пријавување на Јавниот повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2023/2024 година.

Повторниот Јавен повик, како што информираат од Општина Центар, се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на претходниот повик.

-Заинтересираните кандидати кои сакаат да бидат ангажирани треба да имаат минимум завршено средно образование, претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби, долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители, како и родители на деца со попреченост, се наведува во соопштението.

Од Општина Центар напоменуваат дека предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено високо образование: дипломиран наставник по предметна/одделенска настава, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран дефектолог или дипломиран социјален работник, имаат искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти, како и да поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост издадена од овластена институција.

-Заинтересираните лица што ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар-Скопје, во учебната 2023/2024 година. Тие ќе имаат скратено работно време од дваесет (20) работни часа неделно, во период од девет (8) месеци, почнувајќи од 1 октомври 2023 година до крајот на учебната 2023/2024 година. За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во проектот „Образование за сите“ се предвидува паричен надоместок во висина од 12.000,00 денари (нето-износ), со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Оттаму посочуваат дека лицата кои сакаат да аплицираат за учество во Јавниот повик треба да приложат барање за учество во проект „Образование за сите“, професионална кратка биографија, потврда од Агенцијата за вработување (доколку кандидатот е невработено лице евидентирано во Агенцијата на Република Македонија), доказ за завршено образование (копија), потврда за претходно работно искуство со лица со попреченост (доколку кандидатот поседува таква), како и лиценца за личен асистент на лица со попреченост (доколку кандидатот поседува таква).

-Барањето за учество во проектот „Образование за сите“ (заедно со потребната придружна документација) може да се поднесе во Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6, од 9 до 15 часот. Јавниот повик е достапен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје https://www.centar.gov.mk/?p=18532 и на огласните табли на општинските основни училишта на територија на Општина Центар-Скопје, се наведува во соопштението.

Калифорнија: Големо зголемување на саатницата во рестораните за брза храна

Вработените во рестораните за брза храна во Калифорнија ќе имаат минимална плата од 20 долари на час почнувајќи од следната година. 

Тоа ќе стане највисоката гарантирана основна плата во американската индустрија за брза храна. Претходната минимална плата за час беше 15,50 долари, со што Калифорнија веќе била блиску до врвот.

За споредба, типичниот вработен во ресторан за брза храна во САД минатата година заработил 13,43 долари на час. Демократскиот гувернер Гевин Њусом го потпиша предлог-законот опкружен со радосни работници и ја отфрли идејата дека работните места за брза храна се за тинејџери кои бараат искуство.

„Тоа е романтизирана верзија на свет што не постои. Имаме можност да го наградиме тој придонес, да ја наградиме таа жртва и да ја стабилизираме индустријата“, рече тој. Новата минимална плата стапува на сила од април, а се однесува на рестораните кои имаат најмалку 60 продажни места низ целата земја, пишува „Sky News“.

Новата минимална саатница значи дека работниците со полно работно време ќе добиваат годишна плата од најмалку 41.600 долари. Инаку, 550.000 луѓе работат во 30.000 ресторани за брза храна низ Калифорнија. Се формира и нов совет кој од сега до 2029 година ќе може да ја зголемува оваа саатница за најмногу 3,5% секоја година.

Политичарите во Калифорнија се свртеа кон други индустрии по овој потек и усвоија закон со кој постепено ќе се зголеми минималната плата за час за здравствените работници на 25 долари на час. Во другите сектори, федералната минимална плата е непроменета на 7,25 долари на час од 2009 година, или 15.080 долари годишно за некој што работи 40 часа неделно.

Извор: Индекс.хр

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, мазутот и дизелот не се менуваат

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денара, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98, 89 денари, дизел горивото ќе чини 85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а мазутот 48,715 денари за килограм.

Со оваа Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,231 отсто, кај дизелот зголемување за 0,083, кај екстра лесното масло има намалување за 1,177 и кај мазутот намалувањето е за 0,495 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,308 отсто.

Ј.П. Градски паркинг – Скопје: Од недела започнува зимско сметање на работното време

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2023 год. (недела) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопј

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;

Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:

Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Исто така, од 01.10.2023 се врши промена на работното време и на јавните паркиралишта:

Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ каде услугата паркирање ќе се овозможи 24/7.

Апелираме до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата, стои во соопштението од Ј.П. Градски паркинг – Скопје,

притисни ентер