Општина Аеродром подели заштитни маски и ракавици во Пензионерскиот дом и СВР – Скопје

 Станарите на Домот за стари „Аеродром", како и дежурните вработени во СВР – Скопје, добија заштитни маски и ракавици од мобилните тимови на Општина Аеродром и Црвениот крст.

Од Општината информираат дека во Домот за стари поставиле и држач со средство за дезинфекција, а во текот на вчерашниот ден таму биле дезинфицирани сите влезови.

– Мобилните тимови на Црвениот крст даваат подршка на сите лица што не се во можност сами да се снабдат со прехранбени продукти и лекови. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 3 211 417 во периодот од 8:30 до 12:30 часот, соопштија од Општината.

Досега, 20 семејства побарале помош од Општина Аеродром. 

притисни ентер