Општина Аеродром објави јавен повик за онлајн достава од економски оператори – маркети

Општина Аеродром објави јавен повик за онлајн работа и достава  на неопходни прехранбени продукти од економски оператори – маркети што работат на територијата на Општина Аеродром.

Како резултат на последните мерки на Владата поврзани со пандемијата со коронавирусот и воведениот полициски час.

Заинтересираните пријавата можат да ја преземат од интернет-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2403, која треба да се пополни и да се испрати најдоцна до петок 10 април до 12:00 часот на следнава електронска адреса: [email protected].

Од општината ги замолуваат економските оператори – маркети заедно со пријавата во прилог да им испратат и скенирана копија од ДРД-образец.

– По приемот, добиените пријави од економските оператори ќе бидат разгледани и проследени до Полициска станица – Аеродром и дo Град Скопје, информираат од општина Аеродром.

Две девојчиња се повредени во напад со нож пред училиште во Франција, напаѓачот е уапсен

Две девојчиња се полесно повредени во напад со нож кај Суфелвајсхајм, соопшти денеска француската полиција.

Според извештаите, повредените девојчиња се на возраст од шест и 11 години, јавува француската ТВ БФМ.

Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е уапсен.

Мартин Скорсезе и Леонардо ди Каприо ќе прават филм за Френк Синатра

Познатиот режисер Мартин Скорсезе наводно е подготвен да работи на биографскиот филм за Френк Синатра заедно со неговиот долгогодишен соработник Леонардо ди Каприо.

Variety објави дека режисерот сака да го сними проектот како адаптацијата на книгата Животот на Исус на Шусаку Ендо од 1973 година. Се вели дека Скорсезе бара од Ди Каприо да го игра Синатра, а Џенифер Лоренс да ја игра втората сопруга на Френк, актерката Ава Гарднер.

Филмот веќе го привлече интересот на големите студија. Apple, кој го финансираше буџетот од 215 милиони долари за „Killers Of The Flower Moon“ на Скорсезе, изрази интерес, но се вели дека Sony го води проектот.

Сепак, ниту еден иден проект сè уште не добил зелено светло од ќерката на Синатра, Тина, која го контролира имотот на нејзиниот татко, особено затоа што во него ќе биде прикажана жена со која Синатра имал афера додека тој бил во брак со нејзината мајка, Ненси Барбато, пренесува NME.

До почетокот на следната седмица ќе се задржи променливото време

По нетипично високите температури за овој период од годината, промена на атмосферскиот притисок и серија на влажни бранови драстично ќе ги намалат температурите низ земјава, информираат од УХМР. 

Уште од утринава снежна покривка може да се забележи на повисоките планински места. Според прогнозата, ниските температури и променливото облачно време со дожд на пониските и снег на повисоките места ќе се задржи до наредната седмица.

- До почетокот на следната седница ќе се задржи вакво време променливо облачно, со пониски температури, а потоа температурите ќе бидат во постепен пораст. Утре и за време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во недела ќе има услови и за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса, на планините врнежите повремено ќе минуваат во снег.-УХМР.

Иако хронично болните се најзасегнати при нагли промени на времето, тие можат негативно да влијаат и врз здравата популација велат лекарите. Д-р. Маргарета Трипуновска апелира особено внимателни да бидат лицата кои земаат терапија за регулирање на крвниот притисок, чии нагли варијации се причина за срцев и мозочен удар, за кои Брзата помош има најчести интервенции во вакви временски услови.

-Наглиот пад на температурите влијае на крвниот притисок бидејки имаме промена на атмосверскикот притисок, а тоа влијае на крвниот притисок. Затоа редовно треба да се мери притисокот овие денови, да се зема редовно терапијата. Но и здравата популација ги осеќа овие промени на температура најчесто имаме појава на главоболки, вртоглавици, нагони за повраќање, гадење треба едноставно да практикуваме здрав начин на живот, да имаме повеќе одмор, повеќе суплементи да земаме.- – Д-р. Маргарета Трипуновска – поликлиника Букурешт.

Од ЦУК апелираат на внимателност при услови на невреме, да не се фрлаат одпадоци во локалните одводни канали и редовно да се чистат, а поради најавите за силен ветер да се внимава на работите кои би можеле да излетаат од градилиштата.

притисни ентер