Опожарена покривна конструкција на куќа во Кичево

Вчера на улица" Реџо Рушит-Зајази" во Кичево, избувна пожар во куќа сопственост Т.Д.(68) од Кичево. Од огнената стихија била опожарена покривната конструкција од куќата и дел од покуќнината.

– Пожарот кој вчера избувна во куќата на Т.Д.(68) на улица" Реџо Рушит Зајази" во Кичево, ја зафати покривната конструкција на куќата и дел од покуќнината.

При овој пожар нема повредени лица а истиот бил изгаснат по интервенција со едно возило и три пожарникари на Територијалната против пожарна единица Кичево.

На местото на пожарот увид изврши полициска екипа од ОВР Кичево а причините за истиот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат-информира портпаролот Стефан Димоски.

Целосно е исчистена дивата депонија на кејот на реката Вардар во општина Гази Баба

Екипите на Град Скопје денеска завршија со чистење и целосно е исчистена дивата депонија кај кејот на реката Вардар во општина Гази Баба, која зафаќаше површина од над 13.000 квадратни метри. 

Собрани се над 4.000 кубни метри комунален отпад и градежен шут што секојдневно ја загадуваше животната средина и го загрозуваше здравјето на жителите од оваа општина.

Градот Скопје интензивно работи на чистење на депонии во населбата Лисиче, Ново Село во општина Ѓорче Петров, како и целосно чистење на дива депонија во населено место Брњарци, општина Гази Баба.

Чистење на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција на загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните. Ги охрабруваме граѓаните да се вклучат во оваа акција на Градот, со тоа што ќе пријавуваат диви депонии, но пред се, да бидеме совесни граѓани кои се однесуваат еколошки одговорно и се грижат за својот град и за животната средина.

Град Скопје

ССМ бара минималната плата да се зголеми најдоцна до март, во спротивно се закануваат со штрајк

Минималец од 18 илјади или штрајк.

ССМ се закани дека ако износот на минималната плата не се зголеми најдоцна до март и не се усогласат и другите плати нагоре - ќе излезат на улица. Иако претходно владини министри најавија можно зголемување на минималецот во јуни годинава, од ССМ велат дека ќе ја почекаат средбата со Влада закажана за 31ви па потоа ќе носат одлука што понатаму.

В петок претседателството и советот на синдикатот ќе кројат план за следните чекори. Синдикалците бараат и К-15 за цел јавен сектор исто како што е за приватниот.

„Најпоследна дата што може да се зголеми минималната плата е согласно законот и таа да се зголеми од март, согласно законско решение член 4 кој вели дека таа расте по однос на три параметри, БДП, животни трошоци и пораст на просечна плата.“ изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ

ССМ со апел до пратениците – прво на листа за гласање да се измените на законот за минимална плата, со кој таа ќе изнесува 60% од просечната, па дури потоа на дневен ред да се сите други закони.

„Бараме народни избраници да не се занимаваат со закони како што се изборен закон, прекин на апанажа итн. Сметаме дека овој закон е еден есенцијален закон за егзинстенција каде што бараме се што поднесовме да се изгласа, па потоа тие што предлагаат како бенефит на нивни цели.“ изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ

ССМ вчера имаше средба со министерката за труд Јована Тренчевска, од чиј кабинет соопштија дека и владина заложба е минималецот да биде 18 илјади што е можно побрзо оваа година, додека до крајот на мандатот да порасне на 20 илјади денари.

Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност

Градот Скопје посветено работи на подобрување на пристапноста до градските институции за лицата со потешкотии во движењето, како и на нивната мобилност низ градот.

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила.

Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП.

Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.

Градот Скопје посветено работи на подобрување на пристапноста до градските институции за лицата со потешкотии во движењето, како и на нивната мобилност низ градот.

Град Скопје

притисни ентер