Опасниот циклон „Борис“ оди кон Србија, ама нема да стигне до Македонија

Во Србија веќе има предупредување за доаѓање на циклонот „Борис“. 

Според најавите зафатена ќе биде Војводина, а потоа циклонот ќе слабее. Во Македонија ќе има дожд, но не се очекува невреме..

Земјотреси со јачина од 4,4 степени регистрирани во близина на Атина и на Крит

Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Два земјотреси со јачина од 4,4 степени според Рихтер, на две различни локации, едниот во близина на Атина, другиот во морскиот дел југоисточно од Крит, беа регистрирани рано утрово, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, земјотресот во близина на Крит беше кусо пред 9 часот по локално време, а вториот, 23 минути подоцна со епицентар четири километри југозападно од градот Тива, во близина на Атина, што беше почувствуван и во грчката метропола.

Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Погба може да ја продолжи кариерата во САД или Саудиска Арабија

 Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија или САД, пренесува инсајдерот Николо Шира.

Неколку клубови од овие земји веќе покажале интерес за 31-годишниот Французин.

На 4 октомври Судот за спортска арбитража (CAS) го намалил периодот на дисквалификација на Погба поради кршење на антидопинг правилата од 4 години на 18 месеци. Суспензијата на играчот ќе важи до март 2025 година.

На 5 октомври беше објавено дека Јувентус ќе го раскине договорот со Погба.

Шефицата на кабинет на Стармер поднесе оставка

Шефицата на кабинет на Стармер поднесе оставка откако се дозна дека имала поголема плата од премиерот.

Сју Греј, шефица на кабинет на британскиот премиер Кир Стармер, денеска поднесе оставка, по неодамнешните критики и тензии меѓу неа и главниот советник на премиерот, Морган МекСвини, за веста дека таа заработува повеќе од премиерот.

Би-Би-Си објави дека годишната плата на Греј била 170.000 фунти, што е за околу 3.000 фунти повеќе од годишната плата на еден британски премиер.

Греј изјави дека ја прифатила новата улога на претставник за региони и нации на премиерот Стармер, а МекСвиник ќе ја замени како шеф на кабинет во Даунинг Стрит.

„Во текот на мојата кариера, мојот прв интерес секогаш беше јавниот сервис. Сепак, во последните недели ми стана јасно дека јавната дебата за мојата позиција ризикува да ја наруши виталната работа на владата“, рече Греј во изјавата.

Греј стана познат во 2022 година кога ги водеше истрагите „Партигејт“ - тврдења дека поранешниот конзервативен премиер Борис Џонсон и неговиот персонал присуствувале на забави во владините згради и покрај строгите правила за заклучување поради Ковид-19. Истрагата помогна да Џонсон да замине од власта.

Во последните недели, Стармер се соочи со критики за платата на Греј, како и негативни извештаи дека тој и неговата сопруга прифаќале подароци и други предмети во вредност од илјадници фунти, што тој го демантираше.

притисни ентер