ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ доби прочистувачи на воздух - Канал 5

ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ доби прочистувачи на воздух

Ѓорѓиевски: Во партнерство со „Екотип“ целосно го опремивме ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ со прочистувачи на воздух

ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ доби прочистувачи на воздух

Од денес, ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ е првото основно училиште на Балканот, целосно опремено со пречистувачи на воздух. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Генералниот директор и основач на ЕКОТИП, Илија Андреевски, денес го посетија овој училишен објект. Таму, во секоја училница е поставен по еден пречистувач од реномираниот германскиот бренд Mann+Hummel, дизајниран да обезбеди 100-процентна заштита од вируси, бактерии, полен и други микроорганизми. Се работи за вредна донација од општествено одговорната компанија ЕКОТИП, со која Општина Кисела Вода склучи стратешко партнерство и започна заедничка кампања за имплементирање на најсовремени иновативни еколошки решенија. Едновремено, донацијата опфаќа и дополнителни пречистувачи за воздух за надворешна употреба кои се поставени во парковите, каде има најголем фреквенција на луѓе.

-Како дел од нашата посветеност за подобрување на условите за учење и здравје на нашите деца, тука сме да промовираме проект во ООУ “Невена Георгиева Дуња”, каде од денес сите училници ги опремивме со пречистувачи на воздух. Се работи за пренослив систем за пречистување на воздух дизајниран да ги задржува 99.99% од вирусите, бактериите, поленот и другите микроорганизми, со што се обезбедува чистота на воздухот, идеална дури и за операциона сала. Пречистувачите се од реномираниот германскиот бренд Mann+Hummel, компанија со осумдесет годишно искуство во областа на филтрацијата. Сакам да се заблагодарам на македонската компанија ЕКОТИП која покажувајќи огромна општествена одговорност, ја обезбеди оваа значајна донација. Истата се реализира како резултат на неодамна склученото стратешко партнерство меѓу нас и почетокот на заедничка кампања за имплементирање на најсовремените иновативни еколошки решенија. Партнерството подразбира и кампања за менување на јавната свест и создавање здрави еколошки навики и заштита на нашето здравје и здравјето на идните генерации.

Донацијата се состои и во дополнителни 5 пречистувачи за воздух за надворешна употреба, позиционирани во парковите, кои се најфреквентни локации и ќе овозможат заштита на здравјето на бројните посетители.

Се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде пример за другите општини и за Градот Скопје и дека ќе поттикне зголемена свесност за значењето на чистиот воздух за нашето здравје и квалитетот на живот. Општина Кисела ќе продолжи да работи на проекти кои имаат за цел да ја подобрат животната средина и да ја зголемат благосостојбата на сите наши граѓани.

Во истата насока, сакам да потсетам, дека ние, како локална самоуправа ставивме во функција две мерни станици за квалитет на воздухот, едната во паркот Македонија, а втората од неодамна е поставена во кругот на АД Цементарница. Резултатите се видливи во секој момент на општинската веб страница-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

-Посебно ми е драго што нашата компанија ЕКОТИП има можност да покаже општествена одговорност токму во ова училиште, бидејќи и самиот сум роден во Кисела Вода и основното образование го завршив во основното училиште “Невена Георгиевa Дуња“. Имајќи во предвид дека навиките се создаваат од најмала возраст, донираме 20 пречистувачи за воздух, односно по еден за секоја училница. Првите 20 пречистувачи се тип OurAir SQ 2500 и се пренослив систем за прочистување на воздух дизајниран да ги задржува 99.99% од вирусите, бактериите и другите микроорганизми присутни како аеробна честичка во воздухот обезбедувајќи безвирусен, безбеден воздух во речиси секое внатрешно опкружување. Еден уред OurAir SQ 2500 ефикасно го прочистува воздухот во просторија до 200 м², приближно пет пати на час обезбедувајќи чистота на воздухот идеална за училници, градинки, медицински ординации, канцеларии, малопродажни продавници, ресторани, теретани итн. Донацијата опфаќа и прочистувачи за воздух за надворешна употреба, кои општината одлучи да ги постави во пет различни паркови, односно нна локациите каде што има најмногу раздвиженост во текот на денот- изјави Илија Андреевски, Генерален директор и основач на ЕКОТИП, компанија која преку иновативниот пристап, соработката и стратешките партнерства со реномирани светски hi-tech компании, во изминатите 26 години успеа да се позиционира не само како водечка домашна компанија, туку и во поширокиот регион, нудејќи најсовремени иновации и опрема во областа на филтрација на воздух, филтрација на вода и течности, трансмисија и трансмисиони елементи, процесен инжинеринг и софистицирана опрема и решенија во областа за производство на соларна енергија (фотоволтаици), како и дистрибуција на материјали од нерѓосувачки челик, алуминиум, опрема за заштита при работа и трговија со масла и мазива.

Општина Кисела Вода

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди.

Имајќи ја предвид, пред се, опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк  денеска ќе биде отворена изложбата „Сенки“ (2025) на уметникот Стојан Павлески.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Проектот „Сенки“, е конципиран како колажна инсталација, која ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. Концептот на „Сенки“ произлегува од потребата на современото општество да се одговори на прашањето за смислата на човековото позиционирање во апокалиптичните сценарија на денешницата. Живеејќи во време на технолошка револуција и предоминатна индустриска експанзија, каде трговските војни и акумулацијата на капиталот стануваат врвен приоритет, проектот суштински го адресира прашањето за човековиот опстанок, оставен на сопствените инстикти и можеби принуден на паравоено преживување.

- Фрагментираните фотографии со воени сцени како фризови од новите пантеони на моќта и цртежите од повоениот период се судираат во концептот на Демначот на крајот соочен со псевдопотентноста на времето кое го живее. Апроприираните цртежи се критички реанимации со реконтекстуализарана порака во време кога симболиката се консумира побрзо отколку што се разбира. Нивната корелација со пластичните играчки војници и осамениот Демнач, го изнесува на површина прашањето: Што е она што се задржува на периферијата на колективната свест и дали овие духови на отпорот ги фрлаат своите сенки низ генерациите?, вели авторото Павлески.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јуни.

Стојан Павлески е роден во 1976 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на Ликовната академија, оддел сликарство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјава и во странство. Aвтор е на проектот„Ничија земја“ (2016), претставник на 15-то Биенале на архитектура во Венеција.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Авионот испратен за евакуација на првата група од осум македонски државјани кои се евакурани од Израел, од Шарм Ел Шеик во Египет, тргнува назад кон Македонија.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Се очекува групата од осум лица да пристигне вечерва на скопскиот аеродром

Како што дознава Канал 5, Македонија ги евакуираше своите државјани меѓу првите земји во Европа, пред Унгарија и Грција.

Албанските и словенечките државјани се враќаат во своите земји со помош на Грција.

притисни ентер