ООН го обвинува Мадуро за злосторства против човештвото

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро е одговорен за сериозно кршење на човековите права, вклучително и злосторства против човештвото, соопштија денеска истражителите на Обединетите нации.

Во извештајот на 411 страници, Мисијата на Обединетите нации во Венецуела документираше докази за злосторства извршени за задушување на опозицијата, вклучително и систематски и широко распространети притвори, исчезнувања, тортура, сексуално насилство и убиства, извршени од 2014 година наваму.

Постојат „разумни причини“ да се верува дека претседателот, како и министрите за внатрешни работи и одбрана, „наредиле или придонеле за злосторствата запишани во овој извештај“, напишаа експертите на ООН.

Во последниве години, Венецуела бележи пад на владеењето на правото и демократијата. Властите го заобиколија парламентот во кој мнозинството беше преземено од опозицијата и ги проширија своите овластувања и создадоа поголем притисок врз судството, се заклучува во извештајот.

Ники Минаж ја гаѓаа со шише од публиката, таа им врати (ВИДЕО)

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Често се случува разни предмети да завршат на сцената, а овој пат Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој ѝ фрлил пластично шише.

И тогаш таа реагирала.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се тргнала настрана од шишето, а потоа го зела и со иста мерка му го вратила, по што почна да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност. Карди Б ја гаѓале со вода па го фрли микрофонот кон „фанот“.

Биби Реџа минатата година за време на настап беше удрена со мобилен телефон по лице, па од болки се струполи на бината и подоцна ги покажа модринките. Хари Стајлс бил погоден во око на концерт во Виена во 2023 година, пишува Buzz Feed. Го држеше лицето додека излегуваше од бината. Раперот Лил Наз Икс за малку ќе го погодеше секс играчка на настап во Шведска. Оливија Родриго доживеала непријатна ситуација во Њујорк, кога букет цвеќе од публиката ја погоди во лице.

Лавров се закани: Западот опасно си приближува до директен воен судир меѓу нуклеарните сили

Русија го предупреди Западот дека ризикува да започне „директен воен конфликт“ со Русија и другите нуклеарни сили.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака преку видео врска на конференција во Москва, каде предупреди дека рамнотежата на односите може опасно да биде загрозена, пишува „Експрес“.

„Западњаците опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили, што би имало катастрофални последици“, рече тој.

Реакцијата доаѓа откако американскиот Претставнички дом конечно го усвои долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што предизвика лут одговор од Русија. Во саботата, американските пратеници го одобрија пакетот, кој сега ќе оди во Сенатот во кој доминираат демократите, откако се соочија со жестоко противење од тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјавата пренесена од руските државни новински агенции, рече: „Одлуката ќе ги направи Соединетите држави побогати, дополнително ќе ја уништи Украина и ќе резултира со смрт на уште повеќе Украинци, за сето тоа е виновен режимот во Киев“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го повтори истото мислење на Телеграм: „Американската воена помош за Украина, Израел и Тајван ќе ја влоши глобалната криза“.

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, рече дека одобрувањето на новата помош за Украина е „русофобично“ и дека ќе го зголеми бројот на жртвите од војната.

На Телеграм исто така порача. „Не можам со сета искреност да посакам САД да се втурнат во уште една граѓанска војна што е можно поскоро.“

Предлог-законот се очекува да биде одобрен кон крајот на оваа недела, по што се очекува претседателот Џо Бајден да го потпише и да стане закон.

Петчлено семејство од Оклахома, меѓу кои и две деца, се убиени во нивниот дом

Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.

Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјавил дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува ABC News.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Полицијата била испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека има тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.

притисни ентер