ОН: Во војната во Сирија загинаа над 306.000 цивили

Повеќе од 306.000 цивили се убиени во конфликтот во Сирија од почетокот на март 2011 година до крајот на март 2021 година, според новата проценка на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН.

Бројката е поголема од претходните проценки, се вели во извештајот на Канцеларијата на Советот за човекови права на ОН во Женева, од каде што побарале нова проценка.

Според статистичките податоци, тоа значи дека во 10-те години од конфликтот секој ден гинеле 83 цивили.

Бројката одговара на 1,5 отсто од населението на Сирија пред почетокот на конфликтот.

Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Башелет зборуваше во септември 2021 година за повеќе од 350.000 жртви на граѓанската војна во Сирија.

Во тоа време, таа бројка вклучуваше околу 143.000 цивили, 138.000 борци и 70.000 загинати чиј статус сè уште не бил разјаснет.

Канцеларијата на ОН сега има детални информации за 143.350 загинати цивили, со нивните имиња, датум на смрт и локација.

Што се однесува до другите случаи, податоците што недостасуваат биле проценети и пополнети со утврдени статистички методи, рече портпаролката.

„Податоците за жртвите од конфликти во овој извештај не се само збирка на апстрактни бројки, туку претставуваат индивидуални човечки суштества. Убиството на секој од овие 306.887 цивили имаше длабоко, силно влијание врз семејствата и заедницата на која тие ѝ припаѓаа“, изјави Башелет.

Под камен пронашле грне со злато, по што почнале критики дека лажат- ги издала змија (ВИДЕО)

Корисникот на Инстаграм @felezyabie неодамна објави интересно видео кое предизвика големо внимание, и ги подели мислењата на корисниците.

На профилот стои дека сакал археологија, а нуди совети за купување детектор за метал и „толкување на антички симболи“.

Во споменатото видео гледаме група луѓе кои со голема мака ја поместуваат карпата од земја, користејќи трактор и синџири, а потоа почнуваат да копаат.

Потоа вадат старо грне, во кое што ги чека големо изненадување, пренесува Times Now News.

Садот е полн со злато, а на врвот ги чекала жива змија!

По првичниот страв, луѓето го превртеле грнето, а внатре имало куп монети и други вредни предмети. Навистина, сè изгледало како неверојатно откритие додека не се појавил еден „ситен“ детал.

Имено, многу корисници се посомневале дека видеото е монтирано, односно лажно. Најмногу им пречело тоа што во закопаното грне имало жив рептил.

И додека коментарите се нижат, сопственикот на профилот проговори и објасни:

„Почитувани пријатели, ова видео има за цел да ја запознае јавноста со процесот на истражувачот. Никој не рече дека е реално, зошто сите навреди и пцовки“.

Европски фронт: ВМРО формира сојуз со проруски и антиалбански партии

ВМРО и Мицкоски официјално прогласуваат коалиција и со партијата Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски, две партии тесно поврзани со Москва и разни проруски кругови, а познати по своите антиалбански позиции.

Мицкоски на митинг во Охрид побара македонско национално единство, без други етникуми во државата, за, како што рече, да се тргне државата од рацете на Албанците.

Европскиот фронт го потсетува Мицкоски дека Северна Македонија од поодамна го изоде патот на рамноправност, демократија и членство во големото европско семејство.

ДУИ и Европскиот фронт, како мултиетнички фронт во Северна Македонија, нема да дозволат земјата да се врати во меѓународна изолација, а тоа ќе биде запечатено на 24 април и 8 мај, кога за претседател ќе биде избран д-р Бујар Османи, а Европскиот фронт ќе биде клучот за формирање на идната Влада.

Истовремено, ја повикуваме албанската опозиција да се освести и да се престрои со про-европејците и да не стане орудие на руските кругови во земјава, се наведува во соопштението.

Фон дер Лајен: Русија хибридно ја напаѓа Финска преку испраќање мигранти на границите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја, која цврсто ја поддржува Украина и која влезе во НАТО пред една година.

Финска ја затвори границата во средината на декември 2023 година по приливот од 1.000 илегални мигранти од руска територија од средината на август. Двете земји имаат заедничка граница долга 1.340 километри, а Хелсинки ја обвинува Москва дека систематски испраќа мигранти во Финска. Русија ги отфрла обвинувањата.

„Од хибридниот напад на Белорусија во ноември 2021 година врз Литванија, Полска и Латвија, сите знаеме дека Путин и неговите сојузници ги инструментализираат мигрантите за да ја тестираат нашата одбрана и да нѐ дестабилизираат“, рече шефицата на Европската комисија.

„Сега Путин се фокусираше на Финска“, додаде таа.

Претседателката на ЕК се сретна со финскиот премиер Петри Орпа во градот Лапеенранта во југоисточниот дел на земјата, на околу 30 километри од руската граница и разговараа што „ЕУ и Финска можат да направат за да ја спречат инструментализацијата на финската граница.“

Во април Финска одлучи граничните премини да останат затворени. Односите меѓу Хелсинки и Москва се влошија по руската инвазија на Украина. По приемот на Финска во НАТО, Москва најави „контрамерки“.

Финска исто така подготвува закон за спротивставување на пристигнувањето на мигрантите.

притисни ентер