ОН: Австралија ги прекрши човековите права на домородно островско население

Комитетот на ОН за човекови права денеска заклучи дека Австралија ги прекршила човековите права на жителите на островите во теснецот Торес, во близина на нејзиниот северен брег, со тоа што не ги заштитила од ефектите на климатските промени.

Тужбата беше поднесена пред три години од жители на островите во теснецот Торес и нивните деца, а одлуката на Комитетот на ОН може да ги поттикне другите заедници ширум светот да бараат правда за неуспесите поврзани со штетните ефекти од климатските промени.

– Оваа одлука претставува значаен развој на настаните бидејќи Комитетот го отвори патот за поединци да поднесат тужби затоа што националните системи не усвоиле соодветни мерки насочени кон заштита на најранливите од штетните последици на климатските промени и уживање во нивните човекови права, рече членката на Комитетот на ОН Хелен Тигруџа.

Островјаните ја обвинија Австралија за кршење на нивните права на култура, живот и семејство како што е пропишано со Повелбата на ОН.

Зголемувањето на нивото на морето веќе ги оштети изворите на храна и древните погребни места поради што остатоците од тела се расфрлани низ островот.

Заедно со Абориџините, жителите на островите во теснецот Торес се исто така дел од домородното население на Австралија. Од вкупно повеќе од 274 острови, денес се населени 17 од нив, со приближно 6.800 жители.

Теснецот Торес е широк околу 150 километри, многу плиток (до 50 m) премин кој ја дели Австралија од Папуа Нова Гвинеја и ги поврзува Арфуриското и Коралното Море, односно Индискиот Океан со Тихиот Океан.

По грешка ѝ уплатиле милиони, почнала да ги троши, а сега ќе оди 20 години во затвор

Австралјанката Теваманогари Манивел од Мелбурн требало да добие поврат од 100 долари од платформата за размена на криптовалути Crypto.com во мај минатата година, но на нејзината сметка по грешка ѝ биле уплатени 10,4 милиони долари, пишува Дејли меил.

Откако ја видела сумата, таа наводно почнала лежерно да ги троши парите, делејќи им ги на бројни пријатели и членови на семејството, вклучувајќи ја и нејзината сестра Тилагавати Гангадори. Австралијката дури ѝ купила на својата сестра вила вредна 1,35 милиони долари со четири спални соби, четири бањи, домашна теретана и кино.

Сепак, по седум месеци од нејзиниот нов раскошен начин на живот, рутинската ревизија на Crypto.com открила што се случило. Откако компанијата започнала правна постапка во февруари оваа година, Врховниот суд на државата Викторија пресудил во корист на Crypto.com во август.

Според приложените документи, евидентно било дека Crypto.com побарал враќање на парите од Австралијката, но дел од тоа е потрошено за куќата на нејзината сестра, а остатокот бил префрлен на други сметки. Австралијката наводно била вмешана во друго кривично дело поврзано со финансиска измама, а двете обвиненија со кои се соочува носат максимална казна од по 20 години.

Политичар ја силувал колешката во зградата на парламентот на Австралија, на судењето негира

Започна судењето на обвинетиот за силување на колешка во зградата на австралискиот парламент во Канбера.

Политичкиот приправник Брус Лерман е обвинет за сексуален напад над Британи Хигинс во март 2019 година во канцеларијата на владин министер. Лерман се изјаснил за невин и негира дека дури имал секс со колешка, пишува Би-би-си.

Судењето во Крунскиот суд во Канбера се очекува да трае до шест недели. Обвинителите соопштија дека наводниот инцидент се случил по пијана ноќ. Лерман и Хигинс застанале во зградата на парламентот каде што работеле и двајцата, а Хигинс набрзо заспала на каучот во кабинетот на министерот, соопштиле обвинителите.

Таа се разбудила и го нашла коленото на обвинетиот на бедрото и тој имал односи со неа, изјавил обвинителот Шејн Драмголд. Тој додаде дека Хигинс плачела за време на наводниот сексуален напад и шест пати рекла „не“.

Кога ѝ кажала на својата пријателка што се случило следното утро, Хигинс рекла дека била едвај свесна, рече обвинителот.

Отворајќи го случајот на одбраната, адвокатот на Лерман, Стивен Хауброу, рече дека сведочењето на Хигинс содржи нелогичности.

„Марк Твен еднаш рече: Никогаш не дозволувајте вистината да го попречи патот на добрата приказна. А овој случај е пример за таа фраза“, рече адвокатот Хауброу. Тој ги повикал поротниците да ги игнорираат претходните медиумски извештаи за случајот, велејќи дека неговиот клиент негирал дека имал секс со Хигинс.

Главниот судија Луси МекКалум ги предупредила поротниците дека случајот добил прилично голем медиумски публицитет, но дека е многу важно тие да го стават надвор од умот.

Синот на Кајли Џенер има седум месеци и нема име: Чекаме да порасне и сам да се именува

Кајли Џенер ја потсети јавноста дека нејзиниот седуммесечен син се уште нема име.

Момчето се родило во февруари, а иако Кајли и нејзиното момче Тревис Скот имале намера да го именуваат Волф, тие брзо се предомислиле. Поминаа седум месеци од неговото раѓање, а нивното второ дете допрва треба да се именува. За време на втората сезона на реалното шоу Кардашијан, Кајли се отвори за името на нејзиниот син и откри дека неговото легално име е сепак Волф Вебстер, иако сакала да го промени.

Како што откри таа, почувствувала притисок за да го именува бебето и се согласила на Волф, име кое ѝ го предложила нејзината сестра Клои претходниот ден. Името на почетокот ѝ се допаднало, но како што одминувало времето сѐ помалку ѝ се чинело дека го избрала вистинското име. Сега таа објасни зошто се уште не е законски сменето името и зошто не ѝ открива на јавноста какво име би можеле да му дадат на момчето.

"Навистина немавме име. Мислев дека ќе ни падне на памет кога ќе го видиме. Но, не", рече Кајли, додавајќи дека го именувала Волф кога морала да го потпише изводот на родени бидејќи "чувствувала притисок“.

„Го нарековме Волф и веднаш откако го потпишав изводот на родените, си помислив: Што направив?“ рече таа и откри дека Тревис постојано размислувал за името.

"Тревис веќе го смени името неколку пати. Му се допаѓа, а потоа утре сака повторно да го смени. А јас реков: Не можеме да го правиме ова повторно", рече таа и се пошегува дека сега го чекаат "малиот еден да порасне и да си даде име.“

притисни ентер