Омбудсман: Не сeкој вид на попреченост е видлив

Не сeкој вид на попреченост е видлив, ниту се видливи сите бариери кои ги оневозможуваат овие лица целосно да ги уживаат правата.

Почитувањето на различноста на лицата со попреченост е од особено значење, исто како и свесноста дека не сeкој вид на попреченост е видлива, ниту се видливи сите бариери во општеството кои ги оневозможуваат овие лица целосно да ги уживаат правата, вели народниот правобранител Иџет Мемети по повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Нивната ранливост, како што посочува, особено доаѓа до израз во услови кога пристапот до здравствени, образовни и социјални услуги е значајно отежнат, како што е во случајот со пандемијата од Ковид 19.

-Денес, кога се навршуваат 28 години од денот кога Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 3 декември за Меѓународен ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител како институција која веќе 22 години посветено дејствува на полето на заштита на човековите права и слободи на лицата со попреченост, потсетува на обврската за обезбедување услови и создавање можности за што поголема промоција, заштита и унапредување на правата на лицата со попреченост, и нивно активно вклучување, со цел активен придонес во создавањето на инклузивно општество, пишува народниот правобранител.

Фактот дека 15 проценти од светската популација или повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со попреченост, налага, како што истакнува народниот правобранител, неминовна потреба од поголем фокус на сите чинители кон промени на перспективите на попреченоста и примена на соодветен пристап низ призмата на човековите права. Додава дека само на таков начин ќе бидат видливи заложбите и ефектите од мерките за надминување на стереотипите и предрасудите кон овие лица.

– Сакам да укажам дека овие граѓани се позасегнати, поризични и поранливи, како на самиот вирус, така и од последиците на економски, социјален и секаков друг аспект кој истиот неминовно ги носи со себе, а тоа не обврзува како општество сериозно да им посветиме внимание и да ги елиминираме препреките за еднакви можности и целосно уживање на нивните основни човекови права, вели Мемети.

Свесни сме, посочува омбудсманот, дека предизвиците се системски и долготрајни, и дека има потреба од зајaканување на лицата со попреченост, подигање на свесноста за правата кои ги имаат, па во таа насока мораме заеднички да дејствуваме со лицата со попреченост, со нивните претставници и организации давајќи им можност на потенцијалите на овие наши граѓани.

-Со искрени очекувања дека заеднички ќе успееме да ги придвижиме работите кон подобро, на начин како што тоа го налага Конвенцијата за правата на лицата со попреченост апелирам за поголема проактивност на властите во заложбите за овозможување на подобра иднина, но и пристапен и одржлив свет за лицата со попреченост, сега, но и по Ковид-19, истакнува народниот правобранител по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост. /МИА

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер