Околу 700 болни и лица со коронавирус се пријавиле за гласање

Околу 750 лица болни од коронавирусот или во самоизолација се пријавиле за гласање. 

Од околу 5000 лица кои се во самоизолација или позитивни на корона, само 742 се пријавиле во Државната изборна комисија да гласаат в понеделник.Сепак, општинските изборни комисии треба да ги „прочешлаат“ барањата и да утврдат дали ги исполнуваат условите, по што конечната бројка ќе се знае утре.

Дел од членовите на комисијатасе пожалија дека имаат наплив од барања за изземања на медицинскиот кадар кој треба да е ангажиран за гласањето. Дури 130 доктори и сестри и кажаа „не“ на комисијата.

Ониекои од денеска ќе добијат решение од Државниот здравствен инспекторат немаат право на глас– бидејќи рокот за пријавување истече синоќа.

Најголема заинтересираност за гласање има во Тетово, Ресен, Струга и Кичево. Од општините во главниот град, најмногу се пријавиле од Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода. Од 21 општина нема пристигнато ниту едно барање за гласање на 13 јули.

За вторник се пријавиле 9465 болни и изнемоштени лица чие гласање ќе го реализираат редовните избирачки одбори. Изборниот ден ќе го следат 2018 домашни и 130 странски набљудувачи и преведувачи.

Барселона и Баерн Минхен нови четврфиналисти

Европските фудбалски гиганти Барселона и Баерн Минхен се нови патници во четврфиналето на елитната Лига на шампионите,

Најсилното европско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите вечерва ги комплетираше четврфиналните двојки.

Фудбалерите на Барселона местото меѓу осумте најдобри во Лигата на шампините го обезбедија со триумф над Наполи од 3-1 .

Головите за Барса ги постигнаа Ленгле, Меси и Суарез, почесниот погодок за тимот на нашиот Елиф Елмас го постигна Инсиња.

Во вториот вечерешен меч од осминафиналето во Лигата на шампионите германскиот првак Баерн Минхен извојува уште една убедлива победа над Челзи. Баварците како домаќини ги декласираа сините од Лондон со 4-1.

Во четврфиналето од Лигата на шампините ќе играат:

Лајпциг- Атлетико Мадрид.

Аталанта - ПСЖ

Манчестер Сини Лион

Барселона - Баерн Минхен

Видео: Ламброџини од картон!!

Милиони луѓе сонуваат да имаат скап спортски автомобил. Сништата се остваруваат ако доволно се верува во нив,со оваа изрека се водела група иновативни Виетнамци.

Поголем број од луѓето на Земјата никогаш во живото немаат можност да поседуваат скап автомобил од рангот на Ламборџини, ваков автомобил многумина никогаш и не виделе во живо. Но, неколку млади момчиња од Виетнам го олствариле својот сон, успеале да направат вистинско Ламборџини СВЈ Авентадор од картон.

Целиот проект ги чинел околу 500 долари, за споредба само цената на вистинскиот Ламборџини Авентадор е поголема од 500 000 долари.

Фото: Дара Бубамара со разголени фотки го налутила екс сопругот

Популарната пејачка Дара Бубамара под двенеделниот одмор со другарка во Грција одлуила да замине и во Монако.

Провокативната Дара на оваа луксузна дестинација одмарала уште десетина дена, за тоа време нејзиниот екс сопруг Милан се грижел за синот Коста.

Поранешниот сопруг многу се налутил кога слушнал дека неговата екс сопруга се подготвува за уште еден одмор.

„Кога нејзиното поранешен слушнал за новиот план, полудел и лути и рекол дека тој веќе нема да му биде дадилка на синот, дека ќе мора и Коста да замине со мама на одмор. Од каде ти е идејата цело лето да патуваш со другарките, ако планираш да одиш на уште еден одмор ќе го водиш и Коста!Додека јас го чувам синот ти се соблекуваш и фоткаш по Монако“, наводно и рекол лутиот Милан на Дара, раскажал анонимен извор за српските медиуми.

Милан наводно бил малку љубоморен посебно откако слушнал дека Дара во Монако ја заведувал еден милионер.

притисни ентер