Околу 30 проценти од амбалажниот отпад во земјава се рециклира

Околу 30 проценти од амбалажниот отпад во земјава се рециклира, за поголема ефикасност неопходни инвестиции во инфраструктура.

Во просек околу 30 проценти од отпадот од пакување, што се пушта на пазарот во земјава се селектира, а за зголемување на овој процент, клучно е создавање на инфраструктура. Законските измени, донесени минатата година во Собранието, предвидуваат изградба на регионални депонии и инвестиции во инфраструктура како контејнери и камиони, но за нивна набавка се уште се чека да помине предлог-законот за заем од ЕБОР.

Од продажбата на биоразградливи кеси, што е една од повидливите измени со пакетот од шест закони кои минатата година помина во Собранието за селекција и постапување со отпад, само во првите шест месеци од годинава освен што употребата е намалена на 30 проценти, собрани се и 65 милиони денари, кои ќе бидат насочени кон набавка на контејнери и камиони за селекција на отпад.

Со новите законски измени, освен граѓаните, данок за отпад плаќаат и производителите за секој производ што го пласираат на нашиот пазар од што моментално се собираат околу евро до евро и половина по глава на жител – што е меѓу 1,8 и 2,7 милиони евра годишно – 65 проценти од кои законот предвидува да бидат инвестирани во инфраструктра.

Поефикасната селекција и рециклирање на амбалажниот отпад, се тема и на меѓународната работилница, што се организира од компанијата „Пакомак“ денеска и утре во Скопје, а на која учествуваат најголемите компании за управување со отпад од регионот – кои се членки на организациите ПРО ЕУРОПЕ и ЕКСПРА со седиште во Брисел, меѓу кои од Грција, Бугарија, Србија, Романија, Унгарија и Босна и Херцеговина, како и претставници од Белгија, Чешка и Кипар.

Според министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, настанот ќе послужи како основа за размена на искуства со експерти од регионот и државата за тоа како подобро и повеќе да се рециклира отпадот.

– Една од најголемите поенти во пакетот од шест закони, што минатата година поминаа во Собранието, се за управување со отпад. Тоа значи дека ако ние можеме да селектираме и почнеме со циркуларна економија ќе имаме помалку количина отпад што ќе заврши на депонија, изјави Нуредини.

Во пракса од овие закони, Нуредини рече дека тоа што досега е направено е имплементирање на законите и намалување на употребата на пластични кеси – што е намалена за осум пати, како и контрола сите кои увезуваат бела техника дали плаќаат данок за рециклирање, како што е предвидено во законот.

– Тоа е почеток. Втора фаза, е инвестирање во инфраструктурата во државата. Без инфраструктура во државата за жал не можеме целосно да го имплементираме пакетот закони. Знаете, дека имаме предлог закон за заем од ЕБОР, кој за жал се уште не е поминат на собраниска Комисија. Очекуваме сите пратеници да седнат, да дебатираме ако е потребно и да помине законот, за да можеме да почнеме со изработка на инфраструктура во државата, изјави Нуредини.

Општините знаеме дека немаат финансиска можност и 30 години не е инвестирано во државава, и затоа, нагласи Нуредини, ние како Влада преземавме обврска преку заеми и ЕУ средства да инвестираме во регионални депонии, трансфер станици и контејнери и камиони.

– Ако не инвестираме во инфраструктура, во државата ќе продолжат да постојат диви депонии, ќе продолжи да се создава неселктиран отпад и ќе продолжиме да ја загадуваме нашата почва, од која се храниме и подземните води кои го пиеме, изјави Нуредини.

До крајот на јуни годинава во Фондот на МЖСПП од продажбата на биоразградливи кеси се собрани повеќе од 65 милиони денари.

– Законски ние не можеме тие средства оваа година да ги употребиме и направена е програмата за следната година и во јануари ќе почнеме со набавка на контејнери се селектирање на отпад. Тоа значи дека ние ќе помогнеме и на колективните постапувачи со контејнери за пластика, хартија и друго да бидат поставени на нашите улици и да дадеме можност на нашите граѓани сами да селектираат, изјави Нуредини.

Според директорот на Пакомак Филип Ивановски земјава не заостанува многу во однос на регионот во делот на собирање и рециклирање на отпад и се наоѓа некаде во просекот на регионот и дури може да се носи со некои земји членки на ЕУ од регионот.

– Не дека сме многу добри, но не сме ниту лоши, како што генерално постои имиџ во делот на рециклирање. Во Македонија според нас се собира некаде во просек 30 проценти од отпадот од пакување, што се пушта на пазарот. Стакло, конкретно се собира повеќе од 35 проценти, од тоа што се пушта на пазарот, изјави Ивановски.

Клучно, според него, е да има инфраструктура бидејќи како „Пакомак“ најмногу сме инвестирале во селекција на стакло. Со самото тоа што од следната година и министерството ќе се вклучи во поставување на инфраструктура, како што рече, очекува следната година да имаме уште повеќе резултати.

Наша цел, рече Ивановски, е 2030 година 70 проценти од отпадот од пакување да се селектира и рециклира.

– Во Чешка 12 евра по глава на жител се собира преку колективниот постапувач, што значи дека со десет милиони жители собира 120 милиони евра годишно кои ги вложува во инфраструктура. Слично е во Германија, околу една милијарда на 80 милиони жители. Во Македонија ние како граѓани во моментов плаќаме на милиони и 800 илјади жители евро до евро и половина на сите селективни постапувачи. Не може да очекувате да ги имате истите резултати, изјави Ивановски.

Ова, според Ивановски е процес што во Германија постои 30 години, и изрази верување дека и ние за 20 години од сега ќе бидеме најмалку исто, но за тоа, како што рече, треба да работиме сите заедно.

Дневен хороскоп за 19. март 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 19. март 2024 година. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно.

Кариера

Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение.

Здравје и совет

Цврсто стоите на земја.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување.

Кариера

Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци.

Здравје и совет

Успешно се справувате со уморот.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни.

Здравје и совет

Ќе се засили вашата смисла за хумор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво.

Кариера

Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате.

Здравје и совет

Немате смисол за хиерархија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол.

Кариера

Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи.

Здравје и совет

Стабилни сте и цврсти.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе.

Кариера

Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска.

Кариера

Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано.

Здравје и совет

Поминете го слободното време со пријателите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност.

Кариера

Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите.

Здравје и совет

Бидете трпеливи и издржете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време.

Кариера

Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака.

Кариера

Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност.

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку.

Кариера

Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро.

Здравје и совет

Пад на имунитетот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска на мнопгу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски.

Кариера

На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство.

Здравје и совет

Ќе бидете весели.

Најдобрите модни изданија на Меланија Трамп

Модна икона која дамите сакаат да ја копираат...

Сопругата на Доналд Трамп отсекогаш важела за дама чијшто моден избор заслужува аплауз.

За време на престојот во Белата куќа, Меланија Трамп стана позната по своите елегантни и софистицирани модни изданија. Како поранешен модел, Меланија отсекогаш привлекувала внимание со својот моден избор, а како прва дама на Соединетите Американски Држави, нејзиниот стил беше уште повеќе во фокусот на јавноста.

Нејзиниот совршен син фустан во комбинација со долгите ракавици во истата боја на инаугурацијата на нејзиниот сопруг во јануари 2017 година, ќе се памети уште долго.

Меланија својот европски шарм и софистицираност ги донесе во Белата куќа.

Изборот на нејзината гардероба беше внимателно следен, а многу нејзини модни изданија беа копирани.

За време на мандатот на нејзиниот сопруг, Меланија носеше креации на бројни светски модни брендови, од „D&G“ до „Шанел“, но исто така поддржуваше и помалку познати дизајнери. Често се зборуваше дека по Џеки Кенеди, сопругата на Доналд Трамп е најдобро облечена прва дама на САД, но имаше и такви кои изјавија дека убавата Меланија сепак ја надминала Џеки Кенеди во тој сегмент.

Меланија вешто си поигрува со стиловите и неофицијално е позната како икона на софистицираниот стил. Покрај фустаните од сите должини, таа носи панталони и здолништа, а модниот додаток од кој ретко се откажува е ременот. Предност дава на широките ремени кои ја истакнуваат нејзината беспрекорно витка линија.

Исто така, треба да се спомене и нејзината љубов кон капутите, особено оние во светли бои. Чевлите со високи потпетици речиси секогаш се дел од нејзиниот моден избор, иако убавата Словенка остава впечаток и кога ќе се појави во опуштена облека во неформални ситуации, на пример, патики во комбинација со фармерки и карирана кошула.

Поранешната прва дама води сметка и кога е во прашање изборот на фустани. Секој модел што го носи зрачи со елеганција и таа му дава свој личен печат. Нејзиниот изглед во гламурозниот црвен фустан „Живанши“, што го носеше на средбата со членовите на кралското семејство, ќе се памети уште долго. Во таа прилика, нејзиниот сопруг, исто како и кралот Чарлс Трети, носеше смокинг, додека сопругата на кралот Камила беше облечена во свечен бел фустан.

Дека Меланија не бега од црвената боја, доказ е и црвениот фустан до над колена со интересни ракави. Тешко е да се одлучи која од овие две креации подобро ѝ прилега.

Иако Меланија Трамп ја напушти Белата куќа, нејзиното влијание како модна икона сè уште трае. Нејзиниот софистициран и храбар моден стил го одбележа нејзиниот престој во Белата куќа и влијаеше врз идните генерации жени кои ја ценат елеганцијата и оставаат свој личен печат на сè што носат.

притисни ентер