ОЈО покрена постапки против деветмина заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 7 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час определен како мерка за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот.

Надлежен јавен обвинител му предложи на Судот за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да ја одреди на износ од 20 евра во денарска противвредност.

Скопското обвинителство денеска поднесе и два обвинителни предлога против две лица, за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при чекирање за лет употребиле како вистинити лажни сертификати за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории и дека не им бил издаден таков сертификат.​

Навивачите на Европското полудеа по атрактивна Русинка (ФОТО)

Европското првенство 2020 се игра во 11 различни градови и десет земји. Бројот на навивачи на трибините и атмосферата се условени од епидемиолошката состојба во секоја од овие земји, но  фудбалот е многу погледан кога стадионите се полни.

Големите турнири, покрај навивачките перформанси, отсекогаш биле одлична платформа за привлечни обожавателки чии слики лудо се споделуваат на социјалните мрежи. Особено се истакна Ванеса Марипоса, привлечна руска навивачка.

Ванеса била на трибините на стадионот Крестовски во Санкт Петербург, каде гледала како нејзината репрезентација ја победи Финска. Фановите на социјалните мрежи ја прогласија за „најдоброто што Русија го има на овој турнир“.

Оваа инфлуенсерка и манекенка за тамошните медиуми изјавила дека секогаш го следи националниот тим, и ова е нејзино прво големо натпреварување. Таа се надева, дека ќе ја следи Русија до финалето. Зборнаја има три бода по две кола и го држи второто место во групата. Во последното коло тие ќе се соочат со Данска.

Палестинците ги одбија вакцините од Израелците, рокот им бил пред истекување

Палестинските власти го раскинаа денешниот договор со Израел да им донираат милион дози вакцини против коронавирус, со објаснување дека не сакаат вакцини чиј рок е пред истекување.

„Откако техничките тимови на Министерството за здравство извршија увид во првата пратка на вакцините Фајзер, добиена вечерва од Израел ... утврдено е дека не ги исполнува карактеристиките предвидени во договорот“, изјавил за новинарите владиниот портпарол Ибрахим Мелхем.

„Владата одбива да прифати вакцини на кои им се приближува истекот на рокот“, додаде тој.

Претходно денеска беше објавено дека Израел ќе им даде најмалку милион дози на Палестинските власти (ПА) за да ја забрза вакцинацијата на Западниот брег и Појасот Газа.

Според договорот, ПС се согласиле да им дадат на Израел реципрочен број на дози од една од нивните пратки, што треба да пристигнат на крајот на годината.

Израел бил критикуван затоа што морал да стори повеќе за да ги направи вакцините достапни за Палестинците. Околу 55 проценти од израелските граѓани се целосно вакцинирани, а околу 30 проценти од Палестинците примиле само по една доза.

Кинезите објавија снимка од внатрешноста на нивната нова вселенска станица (ВИДЕО)

Кинеските астронаути вчера пристигнаа на нивната нова станица во орбитата на Земјата, уште еднаш потврдувајќи дека Кина станува нова вселенска сила.

Вселенското летало Шенжу 12 беше лансирано вчера според модулот на вселенската станица Тијанхе од центарот за лансирање Џикуан во северозападна провинција Гансу, а на вселенската станица слета околу седум часа подоцна.

Видео преносот од кинеската Национална вселенска агенција (ЦНСА) покажува како астронаутите влегуваат во јадрото на модулот, а еден од нив се врти за 360 степени. Следните три месеци астронаутите ќе ги поминат во модулот.

Тие наскоро треба да ги подготват своите живеалишта и да го отворат влезот во товарното вселенско летало Тијанжу 2 што претходно се приклучило на основниот модул.

Командант на мисијата е Ни Хаишенг, воздушен пилот од Народноослободителната армија, кој веќе учествувал во две вселенски мисии. Другите двајца астронаути исто така доаѓаат од војската.

Централниот модул на кинеската вселенска станица има одделни простори за живеење за секој астронаут, велосипед за вежбање и центар за комуникација.

Астронаутите поминале повеќе од 6.000 часа обука пред лансирањето, пишува „Сајанс алерт“.

Изградбата започна во април со лансирање на Тијанхе, првиот и најголемиот од трите модули, а станицата се очекува да биде завршена следната година.

Астронаутите Ни Хаишенг, Лиу Боминг и Танг Хонгбо имаат намера да ги испитаат важните функции на главниот модул и да спроведат научни експерименти за време на нивниот престој во вселената.

Уште тројца астронаути треба да долетаат до станицата во октомври.

За да се заврши вселенската станица, ќе бидат лансирани уште два лабораториски модули, секој со тежина од околу 20 тони. За 2022 година се планирани уште два товарни лета и две мисии со екипаж.

Во меѓувреме, Меѓународната вселенска станица (ISS) треба да престане да работи по 2024 година, иако НАСА соопшти дека потенцијално може да остане оперативна и по 2028 година.

Доколку ISS престане да работи во следните неколку години, Кина ќе биде единствената земја што ќе има постојана станица во вселената.

притисни ентер