Охрид ја мина првата бела ноќ

Со спектакуларен огномет, илјадници охриѓани и туристи во весела атмосфера, еуфорично и разиграно ја минаа првата Бела ноќ и го означија стартот на сезоната во Охрид.

Манифестацијата започна со забава на градскиот плоштад а, продолжи до раните утрински часови во кафулињата и дискотеките, кои нудеа екстра попуст за услугите.

Сите го поздравија белото лето, што за прв пат го организира општина Охрид.

- Мислам дека во целото лето треба да се привлекуваат туристи и сметам дека токму со вакви манифестации тоа ќе се случува, рече Каролина Гочева.

- На почеток на секоја сезона би викнала светска ѕвезда, и би ја затворила сезоната со светска ѕвезда и така би привлекла многу повеќе гости. А вие имате градоначалник доктор за срце, па нека викне кој сака, вели Весна Петрушевска, актер.

Општината заедно со кафулињата, дискотеките, рестораните и плажите ќе го организираат забавниот живот во Охрид.

- Од денес Охрид почнува една нова традиција тоа е одбележување на почетокот на летната сезона со еден музички хепенинг кој во иднина ќе биде се поорганизиран и помасовен. ,изјави Никола Бакрачески градоначалник на општина Охрид.

Манифестацијата Бело лето ќе премине во традиција а, од следната година, за да се продолжи туристичката сезона ќе се одржува на 1ви јули. А со сличен музички хепенинг симболично ќе се одбележува и крајот на летото.

Камерон Дијаз конечно призна зошто ја прекина актерската кариера (ВИДЕО)

Поранешната холивудска ѕвезда Камерон Дијаз ги откри причините зошто се повлече од филмската индустрија, велејќи дека нашла мир кога престанала да работи.

47-годишната Дијаз беше гостинка на подкастот на Гвинет Палтроу In goop Health: The Sessions и разговара со актерката за нејзиниот бизнис со вино, за тоа како менталитетот се менува со стареењето, како и влијанието на нејзината кариера врз квалитетот на животот и врските.

„Решив дека сакам нешто поразлично од животот“, рече Дијаз, додавајќи дека работела долго и напорно на правењето филмови. „Не ми остануваше простор за личен живот“, вели таа.

За време на нејзината 20-годишна кариера (1994-2014), Дијаз беше номинирана за четири Златни глобуси. Најпозната е по нејзините улоги во филмови како „Маска“ (1994), ,,Има нешто за Мери” (1998) и ,,Небо од ванила”(2001).

Кога Палтроу ја праша како се чувствува откако ја остави успешната актерска кариера, Дијаз рече дека нашла мир во својата душа. „Конечно се грижам за себе“.

Поранешната актерка изјави дека решила навистина да се фокусира на нејзините односи со семејството и пријателите откако многу години им ја предала контролата на одредени аспекти од нејзиниот живот на другите луѓе.

„Кога снимате филм, тоа е совршен изговор - тие ве поседуваат. Вие сте таму 12 часа на ден со месеци и немате време за ништо друго“, рече таа.

„Актерите се инфантилизирани. Ние сме ставени во позиција каде што сè друго е згрижено“.

Дијаз рече дека никогаш не се чувствувала пријатно во таков живот и дека морала да преземе одговорност по пензионирањето. Таа вели дека одлучила да стане независна и докажала дека може да се грижи за себе како возрасна личност.

Таа откри и колку е „интензивно“ да се биде во центарот на вниманието на јавноста цело време.

Дијаз има објавено две книги, ,,Книга за тело” и ,,Книга за долговечноста”. Пред пет години, таа се омажи за пејачот на рок бендот „Шарлот“, Бенџи Маден. Претходно оваа година, тие ја добија ќерката, Радикс Маден.

Експлозијата во Бејрут направила кратер од 124 метри (ВИДЕО)

Катастрофалната експлозија што се случи во пристаништето во Бејрут, во која што загинаа најмалку 135 лица, ќе ја чини државата најмалку 15 милијарди долари.

Во експлозијата починале најмалку 135 лица , околу 5.000 се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе се раселени од нивните домови.

Стотици се исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

Властите во Бејрут прогласија двонеделна вонредна состојба.

Според Си-Ен-Ен, дијаметарот на кратерот во Бејрут што бил направен со експлозијата е голем околу 124 метри.

Си-Ен-Ен ги објави информациите засновани врз анализа на сателитски снимки.

Ова значи дека кратерот е поголем од фудбалско игралиште. Си-Ен-Ен додава дека нивната проценка може да варира на повеќе или помалку од 10 метри.


Мелбурн е град на духови , почна четвртиот степен на карантин (ВИДЕО)

Вториот по големина град во Австралија, Мелбурн влезе во првиот ден од шестнеделниот карантин и повеќето продавници и канцеларии се затворени, додека властите се борат против вториот бран на пандемијата.

Продавниците се затворени, а улиците се напуштени во овој град со пет милиони жители, главниот град на австралиската држава Викторија, каде што во последните 24 часа се евидентирани 471 случаи на инфекција со коронавирус и осум смртни случаи поврзани со инфекцијата.

Австралија сега бележи вкупно околу 20,000 заболени и 255 смртни случаи, што е сè уште многу помалку отколку во многу други развиени земји.

Но, порастот на инфекцијата во државата Викторија се заканува дека ќе се прелее во остатокот од земјата. Нов Јужен Велс вчера забележа 12 нови случаи на ковид-19, односно вкупно 483.

„Веќе еднаш ја исправивме таа крива, повторно ќе ја исправиме“, изјави министерот за здравство Грег Хант пред новинарите.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, ги повика жителите на Мелбурн, кои со недели живеат со поблаги карантински мерки, да останат мирни и покрај зголемената побарувачка за продукти во супермаркетите.

„Нема потреба луѓето да прават резерви со храна за повеќе месеци“, им рече Ендрус на новинарите во Мелбурн.

Кланиците се меѓу ретките компании на кои што им е дозволено да останат отворени во Мелбурн, иако има намален број работна сила.

„Се обидовме да постигнеме рамнотежа помеѓу намалувањето на движењето, со што ќе се намали бројот на случаи, но без да се загрозат потребите на граѓани во супермаркетите“, додаде Ендрјус.

Националната стапка на невработеност ќе се искачи на околу 10 проценти благодарение на обновените рестриктивни мерки во државата Викторија, рече австралискиот премиер Скот Морисон.

„Овие мерки ќе имаат многу значајно негативно влијание врз нашиот пат кон закрепнување“, рече премиерот.

притисни ентер