Охрид домаќин на Светскиот конгрес на Интернационалната полициска асоцијација

Овие собири секако ни помагат во размена на искуства и добри практики, сето во насока на справуавање со криминалот во сите негови облици..

Светската и регионалната безбедност и стабилност, начините за зајакнување на мултилатералната полициска соработка помеѓу членството на Интернатионалната полициска асоцијација (ИПА), поголема професионалност на вработените во полициските служби низ најразлични видови едукација и размена на искуства се меѓу главните теми на кои се расправа на 67. Светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација што се одржува во Охрид.

Како што посочи Мартин Хофман, претседетел на Интернационалната полициска асоцијација, работата на аосцијацијата е да се направи поврзување на државите со засилена полициска соработка, низ најразлични облици и на сите нивоа.

- Овие собири секако ни помагат во размена на искуства и добри практики, сето во насока на справуавање со криминалот во сите негови облици...Понекогаш соработката на ова ниво какво што е членството во ИПА дури е и попродуктивно и од онаа реализирана преку официјалните канали на комуникација. Како аполитична организација секако се обидуваме да помогнеме во фукнционалноста на севкупната соработката помеѓу полициите во регионот, но и во светски рамки, додаде Хофман.

Претседателот на ИПА Македонија, Игно Стојков, од своја страна изрази задоволство што Светскиот конгрес како најзначаен настан на Интернационалната полициска асоцијација се одржува тука, со присуство на претставници од 64 држави-членки на Асоцијацијата.

- Годишно надвор изнесуваме од 500 до илјада полициски службеници на разни обуки, семинари и работилници. Технички преку проекти го помагаме и делот на општото работење и живеење на полициските службеници и каде што можеме и во делот на технички помагала во Министерството. Нашите обуки и семинари се на трошок на ИПА организацијата и со самото тоа му помагаме на МВР, а обуките се високо професионални. Интенцијата како ИПА ни е да ги споиме полициските службеници преку размена на информации и искуства и да го подигнеме нивото на професионалност на сите полициски службеници, додаде Стојков.

Официјалниот дел од работата на Светскиот конгрес на ИПА во Охрид ќе биде заокружен со манифестацијата „Недела на пријателство“ при што за учесниците на собирот се предвидени туристички разгледувања на повеќе ИПА региони, градови, значајни историски и туристички места во Македонија.

Расте бројот на жртви во Јабланица, потрага по пет исчезнати лица

Расте бројот на жртвите од полавите во Босна, се трага  по пет исчезнати лица.

Досега се пронајдени 15 тела , а се трага по уште пет потенцијално исчезнати лица во Јабланица - машините се на терен, потребни за ваков тип на интервенција, бидејќи има многу наноси од камен, кои многу тешко се движат.

Сè „се слеваше“ во населбата, многу е тешко да се координира во овие услови. Вчера пристигнаа 36 членови на спасувачката екипа со 12 возила - наносите се високи, проблем е да се лоцираат жртвите.

Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина резултираа со загуба на 24 човечки животи, а бројот на исчезнати сè уште не е познат. Над 20 домови се целосно уништени, а стотици семејства се соочуваат со големи ризици за своето здравје и безбедност.

„Балансерот“ в среда на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука

 Уставниот суд в среда на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд закажана за 9 октомври се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија.

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА.

Големата НБА-ѕвезда, Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс играа заедно во претсезонски натпревар.

Предводникот на Лејкерси и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на мечот со Феникс санс (114:118). Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди.

За играњето со неговиот син, 39-годишниот Леброн вели:

„Една од најдобрите работи што може да ги побара еден татко“.

Леброн постигна 19 поени 5 скока и 4 асистенции, Брони имаше два скока и четири загубени топки. Брони вчера наполни 20 години.

притисни ентер