Носејќи знамиња во боја на виножитото и извикувајќи пароли против владата, демонстрантите во Варшава во голем број го истакнаа знакот на нивниот бунт - црвена молња.
Демонстрантите во еден момент беа нападнати со факели од група непознати мажи.
„Подготвени сме да се бориме до крај“, рече Марта Лемпарт, една од основачите на движењето „Женски штрајк“, пред новинарите.
„Доста ни беше!“, „Моето тело, мој избор!“ било напишано на транспарентите што ги носеле демонстрантите, главно млади луѓе, извикувајќи пароли против владата, често зачинети со пцовки.
Варшавската градска администрација процени дека „десетици илјади луѓе“ учествувале во поворката, која поминала низ центарот на градот, каде полицијата „уапсила неколку лица“ во два инциденти.
На активистите за правата на жените кои го организираа протестот им се заканува кривично гонење затоа што во моментов е во сила забраната за собирање повеќе од пет лица на јавно место.
Нешто помали протестни митинзи се одржаа и во други градови во земјата како Краков, Лоѓ, Катовице, Вроцлав и во странство, во Барселона и Виена.