Огромен пад на приходите на хотелите на Трамп

Приходите на најпознатите хотели на поранешниот претседател Доналд Трамп паднале минатата година, кога пандемијата на ковид-19 силно ја погоди економијата, покажува финансискиот извештај објавен вчера, на последниот ден од неговиот мандат. 

Хотелот „Трамп Интернешнл“ во Вашингтон заработил 15,1 милиони долари во 2020 година и првите три недели од 2021 година, покажува извештајот на Трамп. Тоа е за 62,7 проценти помалку отколку во 2019 година.

Слично е и со недвижниот имот на Трамп во Лас Вегас, чии приходи паднале за 60,5 проценти, на 9,2 милиони долари и со неговиот терен за голф во Флорида, Трамп Национал Дорал, чии приходи се пониски за 42,7 проценти, на 44,2 милиони долари.

Ретка светла точка е клубот на Трамп, Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, каде што тој ќе живее откако го напушти Вашингтон. Приходите на одморалиштето, во кое Трамп повремено примал политички сојузници и странски гости, скокнале за 13% минатата година на 24,2 милиони долари.

Редовниот финансиски извештај што Трамп требало да го пополни, нуди еден од најкомплетните увиди во финансиите на милијардерот за недвижнини, кој упорно одбивал да ги објавува своите даночни пријави, и покрај вообичаената практика на претходните претседатели.

Во извештајот на 79 страници се наведени детали за неговиот удел во компаниите за тоа колку пари добил како член на Screen Actors Guild, асоцијација на филмски и телевизиски работници и изведувачи. Вклучува и подароци што Трамп ги добил како претседател, вклучително и шампионски појас од 650 долари Ultimate Fight што го добил од Колби Ковингтон, борец и приврзаник на Трамп.

Во извештајот се вклучени и обврски од компаниите на Трамп, вклучително и пет заеми, во вредност од најмалку 50 милиони долари. Повеќето од нив треба да се наплатат во следните четири години.

Пешевска: Денес е денот на нејзиното височество – жената,среќен 8-ми март

Почитувани дами, Ви се обраќам на овој посебен ден за нас жените, Меѓународниот ден на жената, кој се празнува низ целиот свет. 

Своевремено, Клара Цеткин во 1911 година за прв пат го организирала овој ден на жената, како резултат на нејзината борба за женски права.

И во 21 век ние говориме и се бориме за женски права и рамноправност во сите сфери во општеството. И ако некој ме праша дали е доволно направено? Секако дека ќе кажам не.

Бидејќи и покрај многуте закони во нашата земја, сепак во изминатиов период бевме сведоци на низа дискриминации на жените,

Како што беше случајот со родилката од Дебар.

Текстилните работнички ширум земјата во време на пандемијата.

Жените вработени во приватниот сектор, кои и во време на пандемија одеа на работа.

Мобингот врз вработените во општина Лозово и мобингот низ многу институции во државата.

Скандалот со групата „Јавна соба“ на телеграм, преку која се вршеше насилство врз жени и девојчиња и уште многу други случаеви.

Пандемијата не уназади во женските права бидејќи откако се затворија градинките и училиштата, жените во поголем дел останаа дома, се грижеа за домот и семејството, некои ги загубија своите работни места и со тоа жената стана уште поранлива.

Сите податоци покажуваат дека во време на пандемијата има зголемување на семејното насилство за 45%, од кои што најголем број жртви се токму жените.

Владата носеше мерки, за кои немаше родова анализа и сите мерки допринесоа за устоличивување на родовиот стереотип дека жената треба да биде само мајка и домаќинка.

Не можам, а да не ги спомнам здравствените работнички кои беа најизложени во борбата со короната, со што ја заслужуваат сета наша почит и благодарност. Тие се херои на ова време.

Сите овие случувања покажуваат дека треба уште поревносно да се залагаме за женските права, треба да го кренеме гласот за секој еден случај на дискриминација или насилство, говор на омраза, па во таа насока, јавно ги повикувам сите женски политички организации да се обединиме и заедно да се избориме за заштитата и унапредување на правата на секоја една жена во Република Македонија.

Ние, жените го заслужуваме тоа.

Жената е таа која има дарба да дарува живот, жената го трасира патот на своите деца и ако таа е столб на семејството, тогаш можам слободно да кажам дека жената е столб на општеството.

Ние жените покрај тоа што сме успешни мајки и домаќинки, сме успешни деловни, вработени жени, во сите сфери во општеството.

Денес е денот на нејзиното височество - жената!

Бидете горди, што сте жени.

Мудри, достоинствени, храбри и силни, а истовремено нежни и внимателни.

Среќен 8-ми март!

Жаклина Пешевска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

За една недела се самопопишале над 32.000 лица од дијаспората

Во првата недела од пописот, преку електронската апликација се самопопишале 32.752 лица од дијаспората, соопшти заводот за статистика.

-Бројот на попишани расте секој ден. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат. – сооштија од заводот за статистика и потсетуваат дека иселениците можат да се самопопишат до 21 април.

Утре без струја делови од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 13:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Борис Сарафов", спроти поранешна полиција, улиците „Борис Сарафов" зграда 2 и 4, „Крсто Раковски", булеварот „Партизански Одреди" кон „ЈСП", Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од населбата Драчево: дел од улицата „Живко Фирфов" бр.85, 38, 40, 42, 44, 48, Општина Кисела Вода, а од 11:00 до 15:00 часот корисниците од населбата Драчево, односно улицата „Чупино Брдо", Општина Кисела Вода.

притисни ентер