Ограбена куќа во Скопје

Од куќа во Скопје украдени се златен накит вреден 2400 евра, 700 долари и 37 000 денари.

Според МВР вчера во времето  од 14,15 до 20,45 часот во Скопје на ул.„Пекљане“, во куќата сопственост на З.Ј.(1972), засега непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел златен накит, 2400 евра, 700 долари и 37.000,оо денари. 

Имено, сторителот се качил на балконот од дневната соба и насилно ја отворил балконската врата, влегол во  куќата, извршил пребарување и откако ги одзел парите и накитот, го напуштил лице местото и се оддалечил во непознат правец. ПС-Ѓорче Петров превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
притисни ентер