ОГЛЕДАЛО

Возбудлива играна серија која ги следи животите на Ања и Јана, две сестри чии што животи, по ненадејна сообраќајна незгода, се менуваат од корен.

Девојките беа на пат кон Киев. Ања наскоро требаше да се омажи и одеше на проба за свадбата. Јана, која сонува да стане популарна телевизиска водителка, брзаше на аудиција за телевизиска емисија. Во некој дел од патот, автомобилот во којшто беа сестрите, удри во камион.

И покрај сите лоши прогнози, сестрите преживеаја. Меѓутоа, во времето на сообраќајната незгода, Јана го носеше прстенот на Ања. Поради сериозните повреди, лицата на сестрите се непрепознатливи, и ниту докторите, ниту семејството не можат да ги разликуваа Јана и Ања. Прстенот со рубин, подарок на Ања од нејзиниот свршеник, ја одигрува главната улога – идентитетите на девојките се заменети.

Откако се опоравува, завидливата и амбициозна Јана сфаќа дека сите околу неа мислат дека е Ања и таа решава да лаже и да го земе сето она што го има нејзината сестра – нејзиното лице, човекот што го сака, нејзиниот живот. Јана наоѓа оправдување во фактот дека Ања никогаш нема да се разбуди зашто има многу потешки повреди и се наоѓа во кома. Дури ни лекарите не веруваат дека Ања ќе се разбуди. И зошто тогаш некој би се откажал од шансата да си го промени животот?

Меѓутоа, и лекарите и Јана грешат. Ања буквално се враќа од мртвите и од тој миг започнува конфронтацијата меѓу двете сестри. Ања е подготвена да си го врати сето она што било нејзино. Јана е подготвена да се бори за среќата што ја украде од нејзината сестра. Заплетот е брз и непредвидлив. Секој ден Јана ја игра улогата на милата и добродушна Ања. А Ања, за првпат во својот живот чувствува вистинска омраза и се бори да ѝ се одмазди на сестрата-предавничка.

Ќе успеат ли да си ги вратат идентитетите и љубовта?

Општина Центар: За седум дена санкционирани се 296 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 296 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 21.09. до 27.09.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 157 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 139 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Водата во Скопје безбедна за пиење

 Водата во Скопје е безбедна за пиење. Тоа го покажа минатонеделното испитување на 182 примероци од 38 мерни места во Скопје.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 21 до 25 септември зема 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Градскиот стадион во Кавадарци добива нов лик

Градскиот стадион во Кавадарци го добива својот нов лик, започна дренажа на новиот терен финансиран со 200.000 евра од Агенција за млади и спорт. 

За околу две недели теренот ќе биде подготвен за одржување на натпревари, информираат од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Континуирано се работи и на изградба и реконструкција на северна и јужна трибина финансирани од ФФМ со околу 300.000 евра. Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие сосема нов лик, како што му доликува на нашиот град, нагласуваат од Кабинетот на градоначалникот на Кавадци.

притисни ентер